Едгар Кејси: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
способности 2
теми
Ред 171:
 
Кејси изјавил дека неговите совети имаат смисла само доколку се побарани за да се подобри животот на клинетот, и исто така предупредил дека не треба неговите кажувања да се сфатат како [[судбина]].
Меѓу другите способности кои му се припишуваат на Кејси се влегување во [[астрална проекција]], кажување [[пророштва|пророштво]], комуникација со мртви, „читање“ од [[Акаша записи]]те и гледање на [[аура]]та на луѓето.<ref>Bro, Harmon Hartzell. "Edgar Cayce: A Seer out of Season", ''Aquarian Press'', London, 1990.</ref>
 
Најбројни се неговите совети во врска со здравствената состојба на клиентите, но оние кои ги интересира [[езотерија]]та се фокусираат на следниве теми:
 
*'''Потеклото и судбината на човештвото:''' „Сите души се создадени на почетокот, и го наоѓаат својот пат назад од каде што дошле.“ [Запис 3744-5] Кажувањата на Кејси велат дека човечките души се создадени со свесноста на нивниот единствен [[Бог]]. Земјата со сите нејзини ограничувања, создадена е како арена за спиритуален развој.
 
*'''Реинкарнација:''' Кејси зборува за [[реинкарнација]]та и [[карма]]та како за реалност, но како за инструменти на Господ, а не како за природни закони. Нивната цел е да нè научат на некои лекции. Луѓето никогаш не се реинкарнираат како животни. Во кажувањата (3744-5), Кејси изјавил: „Човекот не потекнува од мајмун, но се развива, еволуира малку по малку.“
 
*'''Астрологија:''' Кејси изјавил дека нашите души понекогаш меѓу два живота поминуваат извесно време на другите планети. Позицијата на планетите во моментот на нашето раѓање го покажува тоа.
 
*'''Универзални закони:''' Душите кои се инкарнирани на Земјата подлегнуваат на исти универзални закони на [[карма]]та: „Што ќе посееш, тоа ќе пожнееш“ или „Како им судиш на другите, така ќе ти биде судено“. Ваквите закони се милост божја, без разлика на настаните што ги предизвикуваат. Кејси изјавил дека ако ова го погледнете од повисока димензија, ќе видите дека не постои време и простор, ниту пак минато или иднина, а она што ние го доживуваме како „време“ е илузија која си има своја цел.
 
==Фусноти==