Разлика помеѓу преработките на „Стефан Душан“

Додадени 2 бајти ,  пред 2 месеци
с
→‎Сплетките со Византија и неговата смрт: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
с (Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (6) using AWB)
с (→‎Сплетките со Византија и неговата смрт: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB)
=== Сплетките со Византија и неговата смрт ===
 
Во 1348 умрел од чума византискиот намесник на Тесалија и Епир. Тоа го искористил Душан и влегол со војска во Епир и ги запоседнал Јанина, Арта и останати градови се до териториите под власт на Анжујците. Албанците кои биле непријателски настроени спрема Византијците служеле во редовите на српската војска. Српскиот војсководец Прељуб ја завзел цела Тесалија. Кон крајот на 1348 год. тој стигнал до околината на градот Птелеа на западниот брег на заливот Воло. Венецијанците се понудиле за посредници со цел да се постигне мир меѓу Византија и Србија. Но царот Душан не сакал мир со Византија туку сакал да ги придобие Венецијанците за сојузници во војната со Византија. Тој им нудел на Венецијанците да им го отстапи епирското деспотсво или Ѓеновскиот град Перу. Венецијанците одбивале да стапат во сојуз со Србите против Византија. Тие веќе биле во војна со Ѓенова заради трговија на Црно Море и сакале да постигнат мир со Србите и Босанците. Царот Душан во 1350 год. тргнал со војска против Босна. Стигнал до Неретва и го освоил градот Нов и тргнал према Цетина. Византијците започнале нова офанзива. Србите се повлекле. Босанците повторно запоседнале градови во Захумје. Босанскиот кнез Вук Вукославиќ го зазел градот Нов. Набрзо потоа умрел банот Стефан и на негово место дошол Твртко I. Византијците превзеле нов поход во Македонија. Обласните господари формално ја признавале византиската власт, но и понатаму останувале независни. Тие му се заканувале на Кантакузин дека ке им ги отворат градските капии на Србите, а на царот Душан му порачувале да не војува против нив бидејќи тие се одметнале од византискиот цар. Меѓу нив дошло до раскол. Алексиј Метохит го викнал на помош Кантакузин а Андрија Палеолог Србите. Јован Кантакузин со одред од византиски и турски војници упаднал во српските области. Најпрвин бил нападнат градот Бер. Српските војници кои го бранеле градот биле принудени да се предадат. Кантакузин тргнал со војска во Воден. Српските војници кои го бранеле градот му се предале. Му се предале и помали градови како Остров и Нотија. Кантакузин оттаму тргнал преку Сервија за Тесалија. Тука имало 3 тврдини кои Прељуб со свои 500 војници успеал да ги одбрани и со тоа успеал да ја сочува Тесалија. Кантакузин се вратил во Солун. Царот Душан со своја војска дошол пред Солун. Започнале преговори меѓу Србите и Византијците. Душан како услов за мир барал да се врати границата од пред војната. Кантакузин барал на Византија да им се вратат Тесалија и Епир, а за возврат да им ги остави на Србите внатрешноста на Македонија со градовите Сер, Мелник, Струмица и Костир. Душан се сложил со тоа. Меѓутоа во таборот на Србите дошле претставници на Византиските власти кои барале сојуз за борбата против Кантакузин. Душан прифатил и го раскинал мирот со Кантакузин. Царот Душан ги завзел Воден и Бер. Царот Душан склучил сојуз со Османлискиот султан Орхан нудејќи му ја својата ќерка на еден од Орхановите синови. Царот Душан го наговарал императорот Јован Палеолог да започне војна против Кантакузин. Јован Палеолог сакал да се разведе од царицатата Елена и да се ожени со сестрата на српската царица. Кога за ова дознал Кантакузин ја испрстил царицата Ана во Солун за да ги спречи овие планови. Дошло до нова граѓанска војна во 1352 год. На Балканот за засилила опасност од Турците Османлии предводени од синот на Орхан Сулејман. Византискиот император ги повикал на помош Бугарите и Србите. Неколку илјади српси и бугарски војници се појавиле кај Димотика. Во битката кај Димотика Турците ги поразиле сојузничките српски, византиски и бугарски војски. Дошло до смената на византискиот престол. За нов император бил избран Матија. По поразот на Србите кај Димотика Царот Душан размислувал за војна против Турците. Папата му дал подршкаподдршка на Душан да војува против Турците. Но наместо тоа избило војна меѓу Србија и Унгарија. Кралот Лудвиг бил во Белград каде што бил царот Душан во јуни 1354 год. Во редовите на унгарската војска се појвила некоја зараза и тие морале да се повлечат. Во пролетта 1355 царот Душан одржал државен собор во Крушишта на југ од Костур. Соборот бил прекинат бидејќи папата го потикнувал унгарскиот крал Лудвиг да за почне нова војна со Србите. Во мај 1355 год. бил постигнат мир меѓу Србија и Унгарија. Во септември 1355 год. Млетќаните и нуделе на кнегињата Елена да ги купат Клис и Скрадина. За овие територии бил заинтересиран и унгарскиот крал Лудвиг потпомаган од Босанците. Царот Душан поставил воена посада во овие два града. Тој не го дочекал крајот на овие настани бидејќи умрел на 20 декември 1355 год. Бил погребан во Манастирот Свети Архангели кај Призрен. [[Слика:Grave of Emperor Dušan.jpg|десно|мини|Гробот на цар Душан во манастирот св. Арахангели во Призрен]]
 
==Стефан Душан како тема во уметноста==