Санстефански договор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Литература: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: цитирана книга → наведена книга using AWB
с →‎Потпишување: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB
Ред 28:
==Потпишување ==
 
Мировните преговори започнале на [[13 февруари]] откако во [[Едрене]] пристигнал првиот член на турската делегација, министерот за надворешни работи [[Сафвет Паша]]. Две недели подоцна пристигнал и вториот - Сабдулах бег, амбасадор во [[Берлин]]. Во тоа време започнал и упадот на Британската морнарица во [[Мраморно Море]]. Уште во почетокот на преговорите Сафвет паша најавил дека империјата ќе ги оствари изработените од Цариградската конференција реформи, но тој ги отфрлил условите за мир бидејќи потпишување на договорот требало да има само ако биде започнат конгрес на сите Големи сили. Сафвет сакал да ги одлага преговорите но да не ги прекинува бидејќи се плашел од нова руска офанзива кон главниот град но сè уште се надевал на британска и австро-унгарска подршкаподдршка. Преговорите започнале да одат во ќор сокак па руската влада решила да преземе цврсти мерки. На [[24 февруари]] испратила одред од 10.000 луѓе крај [[Цариград]], а главните руски преговарачи се преместиле од Едрене во [[Сан Стефано]], но оваа тактика на заплашување не дала резултат и османлиските преговарачи продолжиле да заработуваат во време до посакуваната помош од конгрес со Големите сили.
 
Делегацијата на Отоманското Царство се противила на границите на [[Бугарија]] и [[Србија]], кои зазимале значителни делови од териториите на империјата. Руските претставници не сакале да отстапат од своите позиции. На [[25 февруари]] во [[Сан Стефано]] пристигнал големиот везир Ахмед Вефик но повторно не бил постигнат успех па на [[28 февруари]] истите биле прекинати. Истиот ден грофот Игнатиев го известил главниот командант на војските кнез Николај Николаевич дека примирјето мора исто така да биде прекинато но Николаевич бил загрижен дека ваквите дејства би довеле до војна со [[Велика Британија]]. На [[1 март]] руските претставници поставиле ултиматум на османлиската делегација да го потпише договорот или воените дејствија ќе бидат обновени а во исто време руската армија започнала готовност за датргне кон османлиската престолнина. Така Високата порта започнала повторно да преговата. Договорот бил потпишан на [[3 март]] [[1878]] година а одлуките на договорот стапиле во сила на [[18 март]].