Дебрца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Иселеништво: Застарено име, replaced: Враниште → Враништа using AWB
с →‎Раселени села во Дебрца: Исправка на старо име, replaced: Годивје (Прилепско) → Годивле using AWB
Ред 392:
* [[Зглавица]]: северозападна од селото [[Издеглавје]], постоело селото Зглавица, според народната традиција селото имало околу 500 домаќинства, што го правело најголемо село во Дебрца. Ова село било средишно место во областа Дебрца, исто така се наведува и дека било главно место во климентовата [[Кутмичевица]]. Кога точно пропаднало селото Зглавица не се знае, но се знае дека од Зглавица има иселеници во селото [[Издеглавје]] (''Тувчевци, Трповци, Куловци, Милевци, Гавриловци, Игларовци, Стојановци, Паунковци, Николовци и Србиновци).'' Иселеници има и на други места.<ref name=":1" />
* [[Манастирец врбјани|Манастирец]], [[Жежница]] и [[Петрчани|Петрчани:]] ова биле мали села кои постоеле во атарот на селото [[Врбјани]], [[Манастирец врбјани|Манастирец]] пропаднал уште во 18 век, за Жежница кога пропаднало нема точни информации, додека највеќе се сочувани информации за селото [[Петрчани]]. [[Петрчани]] било 3км североисточно од селото Врбјани, прв помен за селото е во 1582 година, припаѓало на Охридскиот санџак, нахија Дебрца, и имало 79 жители. Селото се до 1863 било македонско кога во селото се населиле [[Черкези (народ)|Черкези]], тие биле многу лоши, вршеле големи зулуми, убиле некоја девојка што одела на патот [[Кичево]]-[[Охрид]], потоа земале некоја девојка од селото [[Гари]], и ја исламизирале. Поради сет терор кој го вршеле, Македонците од селата [[Врбјани]], [[Годивје (Охридско)|Годивје]] и [[Сливово]] се здружиле и го уништиле селото, при што убиле многу Черкези по што земјата од селото ја поделиле помеѓу себе. Некои Черкези што се спасиле пребегнале во [[дебарско]], при што и денес постојат муслимани со презимето Черкези во околината на дебар. Некои од денешните родови во селото Врбјани (''Патниковци, Анѓелевци, Ќемаловци, Радевци, Поповци, Вретовци, Савевци, Муратовци, Мушевци, Шамалевци и Пејовци)'' живееле во наведените три раселени села.<ref name=":1" />
* [[Војово|Војово:]] се наоѓало во атарот на селото [[Годивје (Охридско)|Годивје]], на падините на планината [[Караорман]]. Селото изчезнало кон средината на 18 век, кога после пустошењето на Годивје, кога пропаднало старото Годивје еден дел од населението се иселило во [[Годивје (Прилепско)Годивле|прилепско]], по што денешното ГодивјеГодивле го обновиле доселеници од раселеното село [[Војово]], така во Годивје постојат следните родови доселени од [[Војово]]: ''Чараповци, Секуловци, Попаѓовци, Јаковчевци, Шутаровци, Деспотовци, Бачовци, Станковци, Дојчиновци, Шипинковци и Коруновци.''<ref name=":1" />
* [[Белче мраморец|Белче]]: селото се наоѓало на патот [[Сливово]]-[[Мраморец]], но во атарот на селото Мраморец, селото пропаднало пред повеќе од 300 години, при што населението избегало на разни страни, некои се скриле во Мраморец, други отишле во Туин, па се вратиле назад, а трети отишле во селото [[Белче]], [[демирхисарско]], четврти во [[Сливово]] (''Белчевци)''.<ref name=":1" /><ref name=":4" />
* [[Брест оздолени|Брест]]: селото се наоѓало источно од селото [[Оздолени]], крај патот [[Издеглавје]]-[[Слатино (Охридско)|Слатино]]. Тоа село поради некоја причина пропаднало, па еден дел од жителите пребегнале во селото [[Оздолени]] (''Шишковци, Богдановци, Трпчевци и Смилевци).''<ref name=":1" />
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебрца