Орландо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: кој што → којшто using AWB
с →‎Туризам: Јазична исправка, replaced: локални жители → месни жители using AWB
Ред 55:
[[Податотека:TheIncredibleHulkCoaster.jpg|thumb|left|180px]]
Значаен дел од економијата на Орландо зазема туризмот. Тука се наоѓаат Волт Дизни ворлд резорт, Универзал Орландо резорт и Си ворлд Орландо. Во 2004 година регионот на Орландо го посетија над 48 милиони луѓе. Исто така и конгресната индустрија е многу важна за економијата на регионот. Конгресниот Центар на Округот Оринџ, кој во 2004 година беше проширен на над два милиони квадратни стапки (200,000 квадратни метри) изложбен простор, е во моментов втор конгресен комплекс по големина на просторот во САД, веднаш зад МекКормик Плејс во Чикаго. Градот се натпреварува со Чикаго и Лас Вегас во поглед на поголем број на посетители на конвенции во САД.
Волт Дизни ворлд ресорт претставува најголема атракција во реонот, со голем број на занимливости како што се Магичното царство, Епкот, Холивудските студија на Дизни, Животинското Царство на Дизни, Тајфунската лагуна и Центарот на Дизни. Си ворлд Орландо е голем парк кој вклучува голем број на зоолошки претстави и морски животни, заедно со забавен парк со вртелешки како и воден парк. Универзал Орландо, како што е Волт Дизни ворлд се состои од Универзал студио Флорида, Сити вок и Остров на авантурите. Водниот парк Вет енд вајлд е исто така позната атракција. Си ворлд Орландо се состои од повеќе паркови заедно со Акватика и Дискавери ков. Атракциите во Орландо привлекуваат и голем број локалнимесни жители кои сакаат да уживаат во близина на својот дом
== Хотели ==
Орландо има најголем број на хотели во земјата, а според бројот на хотелски соби се наоѓа на второ место, зад Лас Вегас, Невада. Тој е еден од најпрометните градови во Америка кога станува збор за конференции и конгреси. На почетокот, цените на сместувањата во Орландо беа приспособени за добро да се вклопат во семејниот буџет на сите семејства, а надвор од територијата на Волт Дизни ворлд постоеа неколку луксузни хотели. Со проширувањето на Конгресниот центар во Округот Оринџ во 2004 година, луксузни хотели започнаа да се градат и во градот. Ова започна со отворањето на ЈВ Мариот Орландо и Риц-Карлтон Орландо кај езерата Гранде. Од 2010 година, Орландо на понуда има неколку хотели со 4 ѕвезди. Најновиот луксузен хотел во градот е хотелот Валдорф Асторија-Орландо, кој беше завршен во 2010 година. Тој е првиот хотел Валдорф Асторија изграден од основите по отворањето на главниот хотел во 1931 година во Њујорк.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Орландо