Класичен период: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: чии што → чиишто using AWB
с →‎top: Јазична исправка, replaced: локалитетот → наоѓалиштето using AWB
Ред 1:
Периодот во [[Грција|грчката]] [[култура]] од 70-тите години на V век п.н.е. до крајот на IV век п.н.е. е познат како '''класичен период'''. Тоа е време на силен процут на сите видови [[уметност]], пред се на [[архитектурата]] и [[скулптура]]та, кој ќе започне на грчко тло со обновата на [[Атински акропол|атинскиот акропол]] по [[Грчко-персиски војни|Грчко-персиските војни]], но многу бргу ќе се прошири насекаде низ [[Медитеран]]от. Доаѓа до [[економија|економско]], [[политика|политичко]] и воено јакнење на [[Кралство]]то на [[Антички Македонци|Античките Македонци]], чиишто владетели, а најмногу [[Филип II Македонски|Филип II]] и неговиот син [[Александар III Македонски|Александар III]] ќе ја преобразат [[Македонија]] во светски најмоќна [[држава]]. Иако територијата на Р. [[Македонија]] во ова време се наоѓала на маргините на овие големи збиднувања, не останала заобиколена од нив.
 
Над остатоците од старите железнодобски населби изникнуваат вистински градови - [[Добер]], [[Идомене]], [[Гортинија]], [[Вилазора]], [[Аталанта]] и др. Архитектонските остатоци откриени наво локалитетотнаоѓалиштето [[Вардарски ридРид]] кај [[Гевгелија]] потврдуваат дека градителските искуства од '''класичниот период''' започнале да се шират и кон [[север]], додека големата гробница кај селото [[Бразда]], близу [[Скопје]], е можеби најдобриот доказ за многу брзото прифаќање на искуствата на градителството од класичниот период кај нас.
 
Раскошните [[гроб]]ни прилози од [[некропола|некрополите]] на античките градови кај [[Демир Капија]] и [[Исар]]-[[Марвинци]] сведочат за зголемената економска моќ на локалното население, но и за добрите трговски контакти со најголемите уметнички центри на тоа време. [[Бронзен]]ите [[сад]]ови, белите [[лекит]]и и [[хидрија]]та сликана во [[црвенофигурален стил]] од [[Меидиас]], од Демир Капија спаѓаат во редот на врвните [[тореутика|тореутски]] и [[керамика|керамички]] производи, а бројните примероци раскошен [[накит]] од повеќе [[локалитет]]и од Македонија само ја дополнуваат сликата дека во класичниот период на територијата на Р.Македонија живеело урбанизирано население со високи уметнички критериуми.