Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎top: Јазична исправка, replaced: лоцирани → сместени using AWB
Ред 56:
ТЕОДОС: Мустаќите... Бетер ќе се од твоите... (Го свива погледот надолу, а ја крева горната усна нагоре, да ги види.) Бетер! (Поминува неколку пати по нив со четкичето, па го зафрлува далеку. Се гледа од глава до петици..) Како ќе поминам низ град ваков... Море, право во Вардар, да се удавам! (Ја опипува главата, ја тргнува крпата со која му е врзана, ја фрла тресејќи се од гнасење.) Еј, Теодосе! Умри, Теодосе, Теодосе!... (Отидува.)
СПИРО: (Гледа по него превиткувајќи се од смеење.) Е, умри де! (Се позамислува.) Без такви веков би бил поарен! ..,,'''
Мустаќи. Ги има секакви - хитлеровски, мексикански, уметнички. Генерално, мустаќот е имиџ, креација на лицето, машкост. А, овој поим Ристо Давчевски како автор го разложил во претставата за ликот на генералот Рококајко. Колективното несвесно не е вродена претстава. Ние не можеме да го вратиме по пат на хипноза или некои други техники наназад, но сепак го препознаваме затоа што тоа нам ни се враќа како реконструкција на некоја праисконска слика. Зошто? Затоа што, како што вели Јунг архетипот е процес кој се повторува таму каде што творечката фантазија се остварува слободно (2000: 34). Дворец на опачини е продукт на една неограничена творечка фантазија. Дејствата се лоциранисместени во земја која е наречена Непостојанија.
Ве молам не барајте ја на географската карта нема да ја најдете, таа се протега само во вашето љубопитство - вели Давчевски ова е приказна за една измислена историја (2004: 7). Навидум измислена приказна на измислена локација, а толку вистинита и до нас толку блиска психички остаток на безброј доживувања (2000: 34). Архетиповите се јавуваат во помалку или повеќе проѕирни варијанти (2000: 36), според Јунг, нив лесно можеме да ги препознаеме и најчесто се алегоризираат.
Според Јунг архетипот несвесно се оживува, развива и вообликува во завршно дело. Архетипот за мустаќите како симбол на машкост се вообликува во женидбата на Рококајко со Лина Линареза. Не е случајно што дејствијата Давчевски ги сместува во асоцијативна рамка на најкосмополитскиот жанр, фантастиката, црпејќи од нејзините извори, што е можно повеќе за една измислена историја, една каламбурска игра на алузивни нонсенси, да се покаже на алузивен и оргинален духвит начин, како стварност што е можна само во фикцијата и како една фикција што една комедија на ситуации, со многу впечатливи клонирања, книжевно и сценски ја оправдува со алузивности од кои идејата на Доброто фасцинира токму затоа што не е директно соопштена, ами е преточена во игра на шеги, подбишеги, костимирани вистини (Друговац, 1996: 326).