Константин IX Мономах: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: неќе → нејќе using AWB
Ред 27:
 
==Женидбата со царицата Зоја==
По симнувањето на [[Михаил V Калафат]] од престолот, решено било [[Зоја Порфирогенита|Зоја]] и [[Теодора Порфирогенита|Теодора]], како претставнички на [[Македонска династија|македонскиот дом]], да ја преземат власт и да владеат заеднички. Теодора, која на барање од Зоја се закалуѓерила, имала силна подршка, особено во црковните кругови. Правото на жената за вршење царска власт неќевеќе не било оспорувано како во времето на [[Ирена I Атињанка|Ирина]]. Но двете царици биле толку неспособни, а нивната меѓусебна омраза толу непомирлива, што веќе по неколку недели се покажало дека мора да се побара друго решение и власта да му се довери на некој маж. Иако стара 64 години, Зоја подготвено стапила во трет брак. На [[11 јули]] [[1042]]г. таа се омажила за угледниот сенатор Константин Мономах кој утредента ја примил царската круна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 392-393.</ref>
 
==Внатрешна политика==
Ред 37:
 
===Култура и образование===
Лесниот и префинет живот на [[Источно римско царство|византиската]] [[Цариград|Престолнина]] имал и извесни доблести. Византиската култура која била скаменета под суровото војничко владеење на [[Василиј II]], во ова време доживеала нов полет. Чиновничкото благородништво на престолнината, кое тогаш го имало главниот збор, било несомнено најобразованиот елемент во Царството. Престолот го опкружувале луѓе со висока и вистинска култура, како [[Константин III Цариградски|Константин Лихуд]], првиот министер на царот, истакнатиот правник Јован Ксифилин и младиот филозоф Михаил Псел.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 393-394.</ref>
 
Од кругот на царевите учени советодавци, во кого припаѓале Псел, Ксифилин и Лихуд, потекнувала и мислата за основањето нова висока школа во Цариград. Во [[1045]]г. во Цариград бил основан филозофскиот и правен факултет. Филозофските студии биле организирани според системот на тривиум и квадриум: нижиот степен го сочинувале [[граматика]]та, [[реторика]]та и [[дијалектика]]та, додека вишиот степен - [[аритметика]]та, [[геометрија]]та, [[музика]]та [[астрономија]]та, додека [[филозофија]]та се сметала за синтеза на сите [[Наука|науки]]. На чело на филозофскиот факултет бил поставен Псел, со звучната титула "конзул (ипат) филозоф". Шеф на правниот факултет станал Јован Ксифилин, со титулата "чувар на правото" (номофилакс). На тој начин бил отворен нов центар за проучување на грчката култура и [[Римско право|римското право]], чиешто негување претставува една од најголемите придобивки на Византија. Во исто време новата школа служела и за значајни практични потреби бидејќи подготвувала судии и чиновници за византиската држава.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 395.</ref>
Ред 44:
Превласта на [[цариград]]ското благородничко чиновништво нималку не значело јакнење на централната власт спрема [[Феудализам|феудалните]] сили. Напротив, феудалното велепоседништво постојано растело и добивало се пошироки привилегии. Олеснувањето за кое велепоседниците најмногу тежнееле било ослободувањето од даночните обврски: добивањето имунитет или, како што во [[Источно римско царство|Византија]] се велело екскусија. Задоволувајќи ги желбите на моќните феудалци византиската централна власт во [[XI век]] оваа привилегија ја подарувале со се поголема широкоградност: и световните и духовните велепоседници се ослободувале од извесни даноци, а најмоќните и највлијателните од нив добивале целосен имунитет. Според тоа даночните и другите давачки на нивните парици не и припаѓале веќе на државата, туку ним, сочинувајќи ја нивната феудална рента. Едновремено со даночниот имунитет веќе во ова време се развил и судскиот имунитет: феудалецот добил право сам да им суди на своите селани. На тој начин феудалното велепосеништво се повеќе се осамостојувало во однос на државната влас. Феудалните добра кои уживале целосен имунитет сосема се издвојувале од надлежноста на државниот апарат, па на чиновниците дури им се забранувало да стапнуваат во нивна територија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 396.</ref>
 
Интересно е тоа што централната власт која е попустлива во се, во едно останала упорна и не ја испуштила контролата од свои раце. Таа не престанала да го контролира бројот на на париците на феудалните поседи. Не спречувајќи го веќе порастот на феудалните поседи, царската власт не го допуштала своеволното зголемување на париците на поседите, туку стриктно во секој поединечен случај го одредувала нивниот максимален број. Тоа покажува уште еднаш дека во борбата којашто се водела меѓу централната власт и феудалците околу малите имоти, не било најважно прашањето на самата земја, туку прашањето на нејзините сопственици - селаните. Изгубувајќи ја битката, централната власт продолжила уште прилично извесно долго време да се бори за селската работна сила.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 397.</ref>
 
Во ова време првпат се јавил и системот на пронија. Како награда за службувањето, византиските великодостојници добивале во пронија извесни имоти. Земјата се добивала на пронија на извесен рок, обично до смртта на прониерот. За разлика од наследството, пронијата била условна сопственост и барем во почетокот не била наследна ниту можела да се отуѓува. Големо значење ќе добие системот на пронија дури подоцна, но карактеристично било што почетоците на овој систем паѓаат во оваа епоха на првиот голем полет на феудалните сили. Првиот познат прониер не бил никој друг туку главниот министер на царот Константин IX Мономах, [[Константин III Цариградски|Константин Лихуд]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 397-398.</ref>
 
Откако изгубила голем дел од даночните приходи по опаѓањето на селанските имоти и давањето привилегии на велепоседниците, царската влада прибегнала кон системот на издавање на даночните приходи под накуп. Накупците се обврзувале во извесен округ да соберат и на државната благајна да и достават одредена сума пари и тоа обично значително поголема од онаа што во тој округ редовно се добивала. Природно покрај тоа тие настојувале од населението да соберат што поголема сума за сопствена полза. Сето ова значи дека феудалните велепоседници (прониарите и крупните наследници) и приватните претприемачи (наемателни на данок) ги одржувале своите сопствени управни апарати кои личеле на државен апарат и кои постоеле паралелно со него. Ова исто така значи дека се зголеумвал товарот врз населението од што државата имала само ограничена полза.<ref name="ReferenceA">Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 398.</ref>
 
Финанскиското растројство на византиската држава се манифестирало на виден и мошне кобен начин во расипувањето на парите. Државата била принудена при ковањето пари на златото да му додава метали од помала вредност. Византискиот златник, кој со векови не знаел за поголеми колебања на курсот, сега нагло почнал да ја губи вредноста и големиот углед што го уживал во целиот свет.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 398.<name="ReferenceA"/ref>
 
===Војска===
Ред 83:
{{наводи}}
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Македонска династија]]
[[Категорија:Родени во 1000 година]]