Елвис Пресли: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (13) using AWB
с →‎“Шоуто на Милтон Берл” и “Hоund Dog”: Правописна исправка, replaced: чие што → чиешто using AWB
Ред 51:
За време на престојот во Вегас, Пресли, кој имаше сериозни актерски амбиции, потпиша седум годишен договор со Paramount Pictures. Кон средината на мај, тој започна тура во средозападна Америка, во петнаесет градови во краток период. Исто така учествуваше неколку пати на шоуто на Фреди Бел и Белбојс во Вегас, и беше изненаден од нивната верзија на “Hound Dog”, хитот од 1953 со блуз пејачката Биг Мама Торнтон, со [[текст]] од Џери Лајбер и Мајк Столер. Овој хит стана новата завршна точка во неговите настапи. После настапот во Ла Крос, Висконсин, еден локален католички свештенички [[весник]] испрати наметлива [[порака]] до директорот на ФБИ Џ. Едгар Хувер. Тоа беше едно предупредување дека „Пресли е дефинитивна опасност за безбедноста на САД. ...неговите дејства и движења предизвикуваат сексуални страсти кај младите тинејџери. После настапот повеќе од 1000 тинејџери се обидоа да влезат во собата на Пресли...Докази за штетата што ја направи Пресли само во Ла Крос, беа двете гимназијалки...чијшто [[абдомен]] и бутови беа испишани со негови автограми.“
 
Вториот настап на шоуто на Милтон Берл, беше на 5-ти јуни во студиото на ЕнБиСи во Холивуд, точно во периодот на друга возбудлива тура. Берл го наговорил пејачот да ја остави својата гитара зад сцената, советувајќи го со зборовите „нека те видат тебе, синко“. За време на настапот, интерпретацијата на „Hound Dog“ беше забрзана и со кратки паузи, ја размавнуваше раката, и направи неприлагодна верзија со енергични и претерани движења на телото. Вртењето во круг на Пресли предизвика [[бура]] од противоречија. Телевизиските критики беа навредливи: „Г-дин Пресли нема видлива пејачка способност. Неговите [[фрази]], ако може да се наречат фрази, се состојат од типичните варијации на почетнички арии испеани во бањата. Неговата специјалност се драстичните движења на телото, првично идентификувани со репертоар од бурлеск шоу на сензационална блондинка“, истакнал Џек Гоулд, од [[Њујорк Тајмс]]. Бен Грос од весникот Њујорк Дејли Њуз, изкажал дека популарната музика „ги достигна најдолните граници со стенкањата и офкањата на еден Елвис Пресли... Елвис којшто меша со карлицата... којшто дава претстава, односно сугерира на вулгарност, примесено со еден вид на чулност која што треба да биде одржана во границите на јавните куќи“. Ед Саливан, чие шточиешто шоу беше од национална популарност го прогласи Елвис како „неприлагоден за фамилијарна средина“. Како врв на сето тоа, Елвис уште бил наречен и „Елвис карлицата - Elvis the Pelvis“, за кое што тој сметаше дека е најдетскиот израз што би можел да го изрече еден возрасен човек.
 
=== Шоуто на Стив Ален и првите настапи кај Ед Саливан ===