ФК Астон Вила: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Фанови и ривалства: Правописна исправка, replaced: чии што → чиишто using AWB
с Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (2) using AWB
Ред 52:
'''ФК Астон Вила''' (исто така познат како Вила, Виланите и Лавовите), е англиски професионален фудбалски клуб со седиште во [[Астон]], [[Бирмингем]]. Клубот е формиран во [[1874]] година, а имаат заиграно на нивниот стадион, [[Вила Парк]], од [[1897]] година. Астон Вила е еден од клубовите - основачи на [[Премиер лига|Премиер Лигата]] во [[1992]] година и оттогаш биле постојани учесници во оваа лига. Клубот бил во незавидна позиција поради претходниот сопственик и претседател [[Даг Елис]], но во [[2006]] година [[Ренди Лернер]] ја превзеде целокупната контрола врз клубот.
Астон Вила е еден од најстарите и најуспешните фудбалски клубови во [[Англија]], станувајќи шампион во Првата Лига седум пати и освојувајќи го [[ФА Куп]]от седум пати. Вила исто така го има освоено и [[Европски Куп|Европскиот Куп]], кој ги сместува во четирите клуба кој го имаат освоено натпреварувањето денес познато како [[УЕФА Лига на шампиони|УЕФА Лига на Шампионите]]. Астон Вила како англиски клуб се наоѓа на четвртото место по бројот на освоени трофеи.
Тие имаат развиено жесток локален ривалитет со [[ФК Бирмингем Сити|Бирмингем Сити]]. Градското дерби помеѓу Астон Вила и [[Бирмингем Сити]] се има играно уште од далечната [[1879]] година. Традиционалната боја на нивните дресови е бордо со небесно сина боја на ракавите, бели шорцеви и сини чорапи. Нивниот традиционален знак е составен од нескротлив златен лав на светло сина позадина заедно со мотото на клубот ”Подготвени” кој штокојшто е под него. Во [[2007]] година е прифатена изменета верзија на знакот.
 
== Историја ==
Ред 60:
 
Фудбалскиот клуб Астон Вила е формиран во [[март]] [[1874]] година, од страна на членовите на Вила Веслејанската Капела во Хандсворт кој сега е дел од [[Бирмингем]]. Четворицата основачи на Астон Вила се [[Џек Хјуз]], [[Фредерик Метјуз]], [[Валтер Прајс]] и [[Вилијам Скатергуд]]. Првиот натпревар на Астон Вила бил против локалниот рагби тим Сент Мери од [[Астон Брук]]. Како услов за одигрување на мечот Вила морал да се согласи да го одигра првото полувреме по правилата за рагби, а второто полувреме по правилата за фудбал. Вила наскоро докажала дека се еден од најдобрите тимови во [[Мидландс]], освојувајќи го нивниот прв трофеј, Сениорскиот Куп на Бирмингем во 1880 година, под капитенската лента на Шкотот Џорџ Ремзи. Kлубот го има освоено нивниот прв ФА Куп во 1887 година, предводен од капитенот Арчи Хантер, со што станаа еден од првите тимови во овој спорт кои се натпреварувале во првата сезона од Фудбалската Лига во 1888 година, заедно со еден од клубските директори Вилијам Мекгрегор, кој воедно бил и основачот на Лигата. Астон Вила се појави како најуспешен англиски клуб во Викторијанската ера, освојувајќи пет првенствени титули и три ФА Купа до самиот крај на владеењето на Кралицата Викторија. Во 1897 година, кога Вила ја има освоено “Двојната Круна”, тие се преселија во нивниот сегашен дом, теренот Астон Ловер. Симпатизерите го преименуваа во “Вила Парк”, но нема официјални изјави дека наведениот терен се нарекува Вила Парк.
Астон Вила го има освоено нивниот шести ФА Куп во 1920 година, наскоро по нивниот спор пад кој штокојшто доведе Вила, во тоа време еден од најпознатите и најуспешните клубови во светскиот фудбал, за првпат да падне во Втората Лига во 1936 година. Ова беше резултат на слабата одбрана, тие примиле 110 гола во 42 натпревари, кои 7 од нив ги постигнал Тед Дрејк од Арсенал во неславниот пораз на Вила Парк од 1-7. Како и сите англиски клубови, Вила пропушти седум сезони поради Втората светска војна, па поради конфликтот, се доведоа неколку кариери на фудбалери да завршат предвреме. Како за потсетување, во 1940 година тимот повторно се изгради под водството на поранешниот играч Алекс Меси. Првиот трофеј на Астон Вила по цели 37 години дојде во сезоната 1956-1957 кога друг поранешен играч на Вила, Ерик Хогтон го доведе клубот до тогаш рекорден седми ФА Куп трофеј, поразувајќи ги во финалето “Бизбиевите бебиња” на Манчестер Јунајтед. Сепак, напорите на менаџерот Џо Мерсер ја врати Вила во првата лига како шампиони на Втората Шампионска Дивизија во 1960 година. Сезоната што следуваше ја прокламира Вила како првиот освојувач на Лига Купот.
Принудното пензионирање на Мерсер од клубот во 1964 година го назначи периодот на длабоки превирања. Најуспешниот клуб во англија се обидуваше да фати чекор со промените во модерниот фудбал, ова доведе Вила во 1967 година да падне во втора лига по нејзин третпат под водство на менаџерот Дик Тејлор. Следната сезона фановите повикаа бордот да поднесе оставка како резултат на 16. место на Вила на крајот на сезоната во Втората Дивизија. Со огромни долгови и клубот лежејќи на дното на втората лига, бордот го отпушти Томи Камингс (менаџерот кој го замени Тејлор) и по само неколку недели целиот борд поднесе оставка поради преголемиот притисок од фановите. По многубојните шпекулации, контрола врз клубот воспостави лондонскиот финансиер Пет Метјуз, исто така доведувајќи го Даг Елис на претседателската функција. Сепак, новиот сопственик не можеше да спречи Вила да падне во Третата Дивизија за првпат кон крајот на сезоната 1969-1970. Сепак, Вила постепено почна да се опоравува под раководството на нивниот поранешен капитен Вик Кроув. Во сезоната 1917-1972 се вратија во Втората Дивизија како шампиони, со освоени рекордни 70 поени. Во 1974 година Рон Сандерс беше назначен за менаџер. Неговиот пристап како тренер се покажа многу ефикасен освојувајќи го Лига Купот следната сезона и на крајот од сезоната 1974-1975 ги врати во Првата Дивизија и во Европа.
Вила се врати меѓу елитата како што Сандерс продолжи да го гради победничкиот тим. Во 1980-1981 ова доведе до освојување на седмата титула во највисоката по ранг лига. Фановите и коментаторите беа изненадени поради оставката која Сандерс ја поднесе на средината на сезоната 1981-1982, поради влошени односи со претседателот, Вила наоѓајќи се во четврт финалето на Европскиот Куп (Лига на Шампиони). Тој беше сменет од неговиот кроток асистент - менаџер Тони Бартон кој го предводеше клубот до 1-0 победа над Баерн Минхен во финалето на Европскиот Куп (Лига на Шампиони) во Ротердам со постигнатиот гол на Питер Вајт. Во сезоната што следеше, Вила беше прогласена како победник во Европскиот Супер Куп, по победата над Барселона во финалето. Ова го означи врвот на Вила, па остатокот ос славните 80-ти години од 20-от век беа прокнижени со драстичен, кулминирајќи со паѓање во втората лига во 1987 година. Следствено на ова беше промоцијата на Греам Тејлор под чие водство ги понесе во освојување на второто место во Првата Дивизија во сезоната 1989-1990.