Аквариум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја и популаризирање: Јазична исправка, replaced: Римското царство → Римското Царство using AWB
с →‎Материјали: Јазична исправка, replaced: шестоаголник → шестаголник using AWB
Ред 17:
=Дизајн=
==Материјали==
Повеќето аквариуми се направени од правоаголни стакла споени со силикон, пластични рамки кои се прицврстени на горните и долните рабови како декорација. Стаклениот аквариум е стандарден за големини до околу 1.000 литри. Сепак, стаклото е кршлив материјал и има прилично краток век, а прво нешто што најчесто се расиува е изолаторот. Аквариумите можат да се најдат во повеќе форми, како правоаголник, шестоаголникшестаголник, прилагоден за да се смести во агол, и слично. Рибните кугли се направени од стакло или пластика и се овални или во друга кружна форма.
Првиот модерен стаклен аквариум го измислил Роберт Варингтон во XIX век. За време на Викторијанското доба, стаклените аквариуми имале плочки или челични дна, кои овозможувале аквариумите да бидат загревани од долната страна со огнени пламени. Аквариумите во тоа време биле со стаклени табли споени со метални рамки и залепени со стакларски кит.. овие аквариуми со метални рамки се продавале се до 1960-тите години, додека не биле заменети со модерни аквариуми залепени со силикон. Акрилните садови не биле во употреба се до 1970-тите години.
Иако акваристите ги преферираат стаклените авариуми повеќе од акрилните поради нивната отпорност и пристапна цена, сепак имаат и недостатоци. Не само што се кршливи, туку се и потешки од акрилните. Ито така нивната изолација е помала и нема голема можност да се најдат необични форми. Многу акваристи или почетници, кои сакаат риби за миленичиња, се соочуваат со големи тешкотии поради тоа што снабдувачите преку интернет не ризикуваат да ги транспотрираат стаклените аквариуми поради нивната кршливост и тежина, со што, логично ја зголемуваат цената на транспортот. Сепак, стаклените аквариуми се посоодветни за други акваристи, бидејќи за разлика од акрилните, стаклото не пожолтува со текот на времето, и не бара голема поддршка како акрилните аквариуми.