Името на розата (филм од 1986): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
==Синопсис==
Дејствието на филмот се одвива во [[Средниотсредниот век]]. Во еден манастир пристигнува [[Францискански ред|францисканскиот]] [[Свештенство|калуѓер]] Вилијам од Баскервил (го игра Конери) во придружба на својот млад ученик Адсон (го игра Слејтер). По пристигнувањето, опатот му соопштува на Вилијам за трагичниот настан што се случил во [[манастир]]от - смртта на младиот калуѓер Аделмо. Врз основа на расфрлените информации, Вилијам претпоставува дека Аделмо извршил [[самоубиство]], но сè уште не ја знае причината. Утредента е пронајден трупот на калуѓерот Венанциј за кого Вилијам се сомнева дека е убиен во библиотеката. Вечерта, Вилијам дознава за тајниот влез во библиотеката и ноќта, тој и Адсон ја посетуваат писарницата, каде го откриваат чудниот ракопис (напишан со тајно писмо) што го препишувал Венанциј. Таму се појавува непознат калуѓер, кој му ги краде [[очила]]та на Вилијам. Разгледувајќи ја библиотеката, тие откриваат дека таа е изградена како лавиринт. Адсон случајно среќава убава девојка (ја игра Варгас) со која води љубов, а потоа се онесвестува. Потоа се случува уште една смрт - во бањата го наоѓаат мртвото тело на Беренгар. Прегледувајќи го трупот на Беренгар, Вилијам открива црна боја на [[Прст|прстите]] и на [[Јазик (орган)|јазикот]], а тоа му раѓа сомнеж дека станува збор за смртоносен [[отров]]. Неколку дена по средбата на девојката, Адсон сè уште е потресен и постојано мисли на неа, посакувајќи да ја види повторно. Најпосле, во манастирот пристига делегацијата на францисканскиот ред, а по нив пристигнуваат и пратениците на папата и [[Инквизиција|инквизиторот]] Бернардо (го игра Мареј Абрахам). Стражарите ги заробуваат калуѓерот Салваторе и девојката од селото и инквизиторот ги обвинува дека подготвувале [[Вештерки|вештерски]] обред. Започнува состанокот меѓу двете делегации на која се расправа за [[сиромаштија]]та на [[Христос]] при што доаѓа до голема кавга. Тогаш, во просторијата влегува калуѓерот Северин, кој му соопштува на Вилијам дека во неговата [[лабораторија]] пронашол чудна [[книга]], но веднаш потоа тој е убиен. Инквизиторот го обвинува калуѓерот Ремиџо за ерес и за убиството на Северин. Ремиџо го признава првиот грев, т.е. дека бил следбеник на фра Долчино, но не и вториот грев. Сепак, откако инквизиторот му соопштува дека ќе биде мачен, преплашениот Ремиџо признава дека ги убил сите калуѓери во опатијата. Бидејќи Вилијам го прогласува Ремиџо за невин, инквизиторот ѝ наредува на стражата да го надгледува Вилијам. За време на една богослужба, главниот библиотекар, Малахија, паѓа мртов, а Вилијам утврдува дека и тој има црн јазик. Вилијам конечо успева да ја открие шифрата со која би можел да влезе во тајната соба во [[библиотека]]та во која се чуваат забранетите книги, а таму го затекнуваат слепиот калуѓер Хорхе. Таму, Вилијам ја разгледува втората книга на [[Аристотел]], посветена на [[комедија]]та. Наеднаш, Хорхе ја зема [[книга]]та и почнува да ги јаде листовите, иако знае дека на тој начин ќе умре. Во борбата меѓу Вилијам и Хорхе доаѓа до пожар која ја зафаќа целата библиотека, а Вилијам и Адсон успеваат да се спасат. Во меѓувреме, инквизицијата ги погубува двајцата калуѓери обвинети за ерес, но девојката ја спасуваат селаните, кои го убиваат инквизиторот. Вилијам и Адсон ја напуштаат опатијата и се разделуваат.
 
== Наводи ==