Февруарска револуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Руска империја → Руска Империја using AWB
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Цитирана книга → Наведена книга (2) using AWB
Ред 24:
}}
 
'''Февруарската Револуција''' во Русија, уште попозната како '''Февруарска буржоаско-демократска Револуција во Русија''' е револуција што се случила во [[Руска Империја|Руската Империја]] во периодот од [[8 март]] до [[12 март]] [[1917]] година, по нов календар, односно од 23 февруари до 27 февруари 1917 година, по стар календар, во престолнината на империјата, [[Петроград]], денешен [[Санкт Петербург]].<ref>{{ЦитиранаНаведена книга| last = Malone| first = Richard| title = Analysing the Russian Revolution| publisher = Cambridge University Press| date = 2004| location = Australia| pages = 67| isbn = 0-521-54141-7}}</ref>
 
Со Февруарската Револуција во Русија бил ставен крај на повеќе од 200 години старата [[Руска Империја]] предводена од царската [[династија Романови]] и била прогласена [[Привремена руска влада]] во која власта им припаднала на демократите предводени од страна на [[Александар Керенски]], но која до некаде соработувала со Советите на работничките и воените депутати, односно делегати, кои произлегувале од народот.
Ред 34:
== Повод, почеток, тек и крај на револуцијата ==
До [[Прва Светска воjна|Првата Светска Воjна]], Царска Русиjа била заостаната земjа, во коja постоеле длабоки општествено–економски противречности. Иако имала прилично развиена индустриjа, таа многу заостанувала зад другите капиталистички земjи во [[Европа]].<ref name="autogenerated1">ibid 9</ref> Тешките економски, социjални и политички прилики во Русиjа, биле причина и за големите порази на руската воjска на фронтот. Руската воjска не била подготвена и опремена за подолготраjно воjување.<ref>ibid 7-8</ref> Тоа не му сметало на царскиот режим, поради што продолжил да настоjува за продолжување воjната и покраj големите загуби. Ваквата политика на режимот, покраj поразите на фронтот предизвикале големо незадоволство во редовите на воjската. Се поjавило и општо незадоволство кај широките народни маси, кое се манифестирало преку многуброjни штраjкови и демонстрации против царскиот режим и воjната.<ref name="tames">{{ЦитиранаНаведена книга|last=Tames|first=Richard |title=Last of the Tsars|publisher= Pan Books Ltd|location=London|date=1972}}</ref>
Демонстрациите достигнале кулминациjа во февруари, по стар, односно во март, по нов календар, [[1917]] година. На [[23 февруари]], односно [[8 март]], [[1917]] година избувнал генерален штраjк на работниците во [[Петроград]], денешен [[Санкт Петербург]]. Тоа го искористила [[Болшевичка Партиjа|Болшевичката Партиjа]], на чие чело се наоѓал [[Ленин|Владимир Илич Ленин]], покренуваjќи ги народните маси да го урнат [[царизам|царизмот]]. Во наредните денови, ова движење прераснало во вистинско вооружено востание во Петроград. Воjската испратена да го задушува востанието преминала на страната на востанатиот народ, работниците и селаните.<ref>ibid 6</ref> На [[27 февруари]], односно [[12 март]], [[1917]] година, Петроград бил завземен од вооружените одреди на востанатиот народ. Царот [[Николаj II]] абдицирал. Така, со Февруарската буржоаско – демократска Револуциjа бил соборен царизмот во Русиjа. Власта jа приграбила буржоазиjата и формирала Привремена влада во која што власта им припаднала на демократите предводени од страна на [[Александар Керенски]].<ref name="autogenerated2">ibid 91</ref> Февруарската Револуциjа имала буржоаско–демократски карактер. По неjзиното завршување во Русиjа било воведено двовластие. Покраj Привремената влада, постоеле и деjствувале и Советите на работничките и воените депутати, односно делегати, кои произлегувале од народот.