Јасновидост: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
крајот
Ред 23:
Постојат бројни записи на некои видови јасновидост низ историјата, кои најчесто се поврзани со религиозни луѓе. Но постојат и записи на обични луѓе кои изјавиле дека го виделе духот на човек, за кого подоцна дознале дека умрел во истиот момент. Ваквите сведоштва не се сметаат за научен доказ дека постои јасновидоста, но ги мотивираат истражувачите да продолжат да го истражуваат овој феномен.
 
Истражувањата во врска со јасновидоста започнуваат на преминот меѓу 19 и 20 век, и траат до денес. Систематските експерименти, пак, ги започнал пионирот на парапсихологијата, Џ.Б. Рајн (J. B. Rhine), а најпознатите студии за јасновидост од поново време се резултат на проектот кој го финансирала владата на САД во периодот од 1970-тите до 1990-тите години.
 
Некои парапсихолози сметаат дека нашите изменети нивоа на свесност (јасновидост, телепатија, прекогниција, и др.) се резултат на еден ист основен механизам, но досега ниедна теорија не го објаснила тој механизам на задоволителен начин.
Ред 49:
== Развивање на способност за јасновидост ==
 
Приврзаниците на идејата за постоење на јасновидоста сметаат дека повеќето луѓе се родени со оваа способност, но во текот на воспитувањето во детството се приморани да се држат до прифатливите социјални норми. Денес бројни институти нудат курсеви за поввторноповторно будење на јасновидоста.
 
Според повеќето [[Таоизам|таоистички]] практики способноста како што е јасновидост, но и други „наднормални“ способности се резултат на духовно будење и реализација на божествената свесност.
 
Будистите велат дека вакви способности можат да се појават кај оној што постигнал висок степен на ментална концентрација ([[џана]]), но не е најдено дека ваквите моќи се предуслов за просветлување. Спротивно на тоа, често можат да претставуваат пречка и да го оддалечат практикантот од целта. Вежбите со дишење, медитацијата и канализирањето на енергијата можат исто така на природен начин да го прошират умот и да ја прочистат свеста.
 
Ете како се доаѓа до овие способности, кои всушност и не се чуда, туку скриени способности кај секого, кои треба да се „разбудат“. Сето ова објаснува зошто кај децата овие способности се силни, а потоа брзо исчезнуваат.
 
==Види исто така==