Луизијана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Белешки: Стилски и правописни исправки using AWB
с →‎Клима: Јазична исправка, replaced: фебруари → февруари using AWB
Ред 36:
Температурите во јужниот дел од земјата се главно умерено топли во текот на зимата, со највисоки температури околу Њу Орлеанс, Батон Руж, остатокот од јужна Лиизијана и Мексиканскиот Залив со просечна температура од 66 °F (19 °C), додека северниот дел од земјата е умерено студен во текот на зимските денови со највисоки просечни температури до 59 °F (15 °C). Најниски ноќни температури во текот на зимата низ земјата се над нулата со просечна температура од 46 °F (8 °C) во близина на Заливот и ниска просечна температура од 37 °F (3 °C) во текот на зимата во северниот дел од земјата. И во Луизијана, во северниот дел од земјата, се забележува чест пад на температурите под 20 °F (−8 °C), но речиси некогаш тоа не е случај во јужниот дел од земјата. Врнежите од снег не се честа појава во близина на Мексиканскиот Залив, иако во областите во северните делови од земјата може да се очекуваат врнежи од снег од еднаш до трипати годишно. Во правец кон север, бројот на врнежите се зголемува. Највисоката забележана температура во Луизијана е 114 °F (46 °C) во рамнината Дилинг, на 10-ти август 1936 година, додека најниската забележана температура е 16 °F (−27 °C) во Минден на 13 февруари 1899 година.
 
Луизијана е често погодена од тропски циклони и е многу чувствителна на ударите на поголемите урагани, особено низините околу и во областа на Њу Орлеанс. Неспоредливата географија на регионот со многуте речни заливи, мочуришта, протоци можат да ги направат поголемите урагани особено разурнувачки. Областа е исто така склона кон често невреме проследено со грмотевици, особено на лето. Во текот на годината, во земјата просечно 60 денови се проследени со невреме со грмотевици, повеќе од било која друга земја, со исклучок на Флорида. Во Лиузијана се појавуваат во просек 27 торнада годишно, некои делумно во 2010 година. Целата земја е осетлива на удар од торнадо, со тоа што само најјужниот дел од неа е помалку изложен отколку остатокот од земјата. Торнадата се многу почести од јануари до март во јужниот дел од земјата, а од фебруарифевруари до март во северниот дел од земјата.
 
==Урагани==