Алан Тјуринг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија using AWB
с →‎Првите сметачи и Тјуринговиот тест: Јазична исправка, replaced: фебруари → февруари using AWB
Ред 96:
== Првите сметачи и Тјуринговиот тест ==
{{Главна|Тјурингов тест}}
Од 1945 до 1947 Тјуринг живее во Хамптон и тој активно работи на дизајнот на првата автоматска машина за пресметување (ACE) во националната лабораторија за физичари. Тој презентирал весник на 19ти фебруарифевруари 1946 каде што беше опишан првиот детален дизајн на сметачот. Иако ACE имал изводлив дизајн сепак тајноста околу работата за време на војната во Бличеј парк довело до одложување на почетокот на проектот и Тјуринг многу се разочарал. Кон крајот на 1947 година се вратил во Кембриџ да паузира една година. Додека тој паузирал, првата верзија на ACE била изградена во негово отсуство. Сметачот ја извршува својата прва програма на 10 мај 1950 година.
 
Во 1948 тој бил назначен за читач во математичкото одделени во Манчестер (сега дел од универзитетот во Манчестер). Во 1949 год. тој станал заменик директор на сметачката лабораторија на универзитетот во Манчестер и работел на софтвер за првите сметачи. Во тоа време тој продолжил да извршува поапстрактни работи така што се свртел кон проблемот со вештачката интелегенција и започнал експеримент кој подоцна бил познат како Тјурингов Тест. Тестот се содржел во тоа што тој се обидел да го дефинира стандардот на машина за да може да се нарече интелегентна. Идејата била човек испитувач да поставува прашања на сметач и човек сместени во различни соби. Во моментот кога испитувачот нема да може да препознае кое е сметачот а кое е човекот тогаш заклучиле дека машината достигнала ниво на човечка интелегенција. Обратна форма на Тјуринговиот тест е широко користена на интернет. Имено CAPTCHA тестот е наменет за да се утврди дали корисникот е човек или сметач.