Овес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Фамилија (биологија)|фамилијата → семејство (биологија)|семејството using AWB
с →‎Растворливи влакна: Јазична исправка, replaced: лоцирани → сместени using AWB
Ред 67:
Овесните лушпи се наречени овесни трици. Нивната дневна употреба во исхраната во тек на повеќе недели го снижува лошиот холестерол (ЛДЛ) и тоталниот холестерол, а можно е да го намалува и ризикот од срцеви заболувања.<ref name=":3" /> Докажано е дека еден тип на растворливи влакна (бета-гликани) го снижуваат холестеролот.<ref name=":2" />
 
После објавување на неколку студии за потенцијалниот бенефит на овесот, американската управа за храна и лекови (анг. Food and Drug Administration - FDA) ја објавила финалната одлука со која им се дозволува на прехрамбените компании да ставаат етикета со здравствена препорака на храна која содржи растворливи влакна од овес (овесни трици, овесно брашно и мелен овес), со препорака дека три грама на растворливи влакна дневно може да го редуцираат ризикот од болести на срцето.<ref name=":4">{{Наведена мрежна страница|url=https://www.accessdata.fda.gov/scripts/cdrh/cfdocs/cfcfr/cfrsearch.cfm?fr=101.81|title=CFR - Code of Federal Regulations Title 21|work=www.accessdata.fda.gov|accessdate=2018-02-27}}</ref> За да се квалификува со здравствена препорака, храната која содржи овес мора да содржи минимум 0.75 грама на растворливи влакна во 100 грама.<ref name=":4" /> Бета-D-гликаните, кои обично се нарекуваат бета-гликани, се класа на несварливи полисахариди, кои ги има во природата во различни извори, како што се житариците, јачменот, квасецот, бактериите, алгите и печурките. Во овесот, јачменот и другите житарици, тие најмногу се лоциранисместени во [[Клеточен ѕид|клеточните ѕидови]] на [[ендосперм]]от.
 
Овесниот бета-гликан е вискозен полисахарид, кој се состои од мономерни единици на моносахаридот [[D-глукоза|D-гликоза]]. Овој бета-гликан е составен од полисахариди со мешани врски. Тоа значи дека врските помеѓу D-глукозните (D-глукопиранозил) единици се со бета-1,3 или со бета-1,4 врски. Овој тип на бета-гликан, исто така, се нарекува бета-D-гликан со мешана (1 → 3), (1 → 4) врска. Врските (1 → 3)  ја разбиваат униформната структура на бета-D-гликанската молекула и со тоа ја прават растворлива и флексибилна. За споредба, несварливиот полисахарид [[целулоза]] е, исто така, бета-гликан, но не е растворлив поради неговите (1 → 4)-бета-D-врски. Процентот на бета-гликан во разните цели производи од овес се: овесни трици, кои имаат 5.5%-23.0%; валан овес, со околу 4%; и целото овесно брашно, со околу 4%.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Овес