Кратерско езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: лоцирани → сместени using AWB
Ред 1:
[[File:Toba zoom.jpg|thumb|250px|[[Тоба (езеро)|Тоба]] е најголемо кратерско езеро во светот]]
'''Кратерско езеро''' — езеро кое се формира во [[вулкански кратер]], [[купа]] или [[маар]]. Понекогаш езерата кои се формираат во купите се нарекуваат купански езера, но често оваа разлика не се прави. Кратерските езера што ги покриваат активните (фумаролошки) вулкански отвори понекогаш се познати како вулкански езера, а водата во нив често е кисела, заситена со вулкански гасови и со силна зеленикава боја. На пример, кратерското езеро [[Иџен]] во [[Индонезија]] има [[Водороден показател|pH]] од 0,5<ref>[http://www.stormchaser.ca/Volcanoes/Kawah_Ijen/Kawah_Ijen.html Measuring the acidity of Kawah Ijen crater lake]</ref>. Езерата лоциранисместени во замрзнати или исчезнати вулкани имаат тенденција да содржат свежа вода, а чистотата на вода во таквите езера може да биде исклучителна поради недостатокот на влезни струи и седименти.
 
== Формирање ==
Ред 6:
Кратерските езера се формираат најчесто со акумулација на вода во кратерот поради силни врнежи од дожд. Вулканските езера се формираат на кратерот на активен вулкан. Водата во нив се карактеризира со висока киселост и висока содржина на вулкански гас. Поретко може да се формираат кратерски езера во кратерите на метеорити.
 
Добро познато кратерско езеро, кое го носи истото име како геолошка карактеристика, е Кратерско Езеро во Орегон. Се наоѓа во купата на планината [[Мазама]]. Тоа е најдлабокото езеро во [[САД]] со длабочина од 594 метри. Кратерското Езеро се храни само со паѓање дожд и снег, без прилив или одлив на површината, а со тоа е едно од најасните езера во светот.
 
Највисокиот вулкан во светот, [[Охос дел Саладо]] во [[Чиле]] од 6.893 метри, има постојано кратерско езеро со дијаметар од околу 100 метри на надморска височина од 6,390 метри на неговата источна страна<ref>[http://www.andes.org.uk/peak-info-6000/ojos-info.htm Andes Website - Information about Ojos del Salado volcano, a high mountain in South America and the World's highest volcano<!-- Bot generated title -->] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20070427082230/http://www.andes.org.uk/peak-info-6000/ojos-info.htm |date=2007-04-27 }}</ref>. Ова е најверојатно највисокото езеро од секаков вид во светот.