Курт Вонегат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
File
с Додадена категорија using AWB
Ред 27:
Курт Вонегат е роден во [[Индијанаполис, Индијана|Индијанаполис]], од родители со германско-американско потекло. Од [[1941]] до [[1943]] година бил студент на [[Универзитет Корнел|Универзитетот Корнел]] каде работел како уредник на редакцијата за јавно мислење, во студентскиот весник „Дневното Сонце на Корнел“ (''Cornell Daily Sun''). Пред да ѝ се придружи на американската војска и да учествува во [[Втора светска војна|Втората светска војна]], тој работел и како [[хемичар]]. Станал воен ветеран и бил добитник на „Пурпурно срце“ (воен медал кој го доделува [[Претседател на САД|Претседателот на САД]] за воени заслуги). Токму искуствата од војната, неговиот престој во воениот [[затвор]], бомбардирањето на [[Дрезден]] итн. биле инспирација за неговото најпознато дело „[[Касапницата-Пет]]“ ([[Англиски јазик|англиски]]: ''Slaughterhouse-Five'').
 
По војната, тој се запишал на [[Универзитет во Чикаго|Универзитетот во Чикаго]] и дипломирал на катедрата по [[антропологија]]. По завршувањето на факултетот заминува во [[Њујорк Сити|Њујорк]] каде што работел во одделот за односи со јавноста на „[[Џенерал Електрик]]“. Од [[1970]] до [[2000]] година, Вонегат живеел во источен [[Менхетн]] со својата жена, познатиот [[фотограф]] [[Џил Кременц]]. На [[31 јануари]] во неговиот дом избил пожар и голем дел од неговата лична архива бил уништен. Самиот Вонегат бил затекнат од огнот, но бил хоспитализиран и преживеал. Во 2000 година често се појавувал како гостин-професор на катедрата за [[литература]] во Колеџот Смит. Вонегат основал свој продажен салон за [[автомобил]]и, наречен „Сааб Кејп Код“, но поради неговото лоша дарба за [[бизнис]] се нашол пред [[Банкрот|банкрот]]. Заради оваа своја авантура, подоцна тој се шегувал, велејќи дека поради тој факт нема никогаш да ја добие [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда]].
 
Курт Вонегат бил почесен претседател на Американската Хуманистичка Асоцијација. Неговите колумни биле објавени во списанието „Во овие времиња“ (''In These Times''), а во 2005 година била објавена збирка на сите негови [[Есеј|есеи]] наречена „Човек без држава“ (''A Man Without A Country'').
Ред 104:
 
{{Нормативна контрола}}
{{DEFAULTSORT:Вонегат, Курт}}
 
{{DEFAULTSORT:Вонегат, Курт}}
[[Категорија:Американски писатели]]
[[Категорија:Постмодернисти]]
[[Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет]]