Свадбата на седумте Цигани: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 1:
'''„Свадбата на седумте Цигани“''' ('''De bruiloft der zeven zigeuners''') е роман од холандскиот писател [[А. ден Долард]]. Книгата се вбројува меѓу најпознатите дела на авторот, кој со неговите дела се смета за најголем промотор на [[Охрид]] и [[Охридското Езеро]] во [[Холандија]]. „Свадбата на седумте Цигани“ на македонски јазик е преведена како „Свадба во Охрид“<ref name="ReferenceA">ден Доолаард, А.: „Свадба во Охрид“ (Охрид, 2006)</ref>.
 
== Историја на книгата ==
Книгата прв патпрвпат е издадена во 1939 година, по што доживува други многубројни изданија на [[холандски јазик]], а преведена е и на други европски јазици. Таа е единствената книга од А. ден Долард што е објавена на македонски јазик.
 
Дејството на романот е концентрирано во Охрид и околу Охридското Езеро, каде авторот престојувал често и долго, при што инспирацијата ја црпел од непосредното контактирање со месното население и живеејќи го нивниот начин на живот.
 
Уште со првото објавување книгата го привлекла вниманието на холандската читателска публика, која веќе имала голем интерес кон делата на авторот. Кај читателите се јавил интерес и кон местата кои се спомнуваат во книгата, а со тоа таа побудила интерес за посета на Македонија. Како последица се јавуваат бројните посетители од Холандија кои со децении се меѓу најбројните туристи во Македонија.<ref> Јузмески, Мишо: „Пофални слова“ (Благоевград, 2006)</ref><ref name="ohridnews.com">[http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=34544 Јузмески, Мишо: "Свадбата во Охрид". Аналитички есеј за "Свадбата на седумте Цигани“ од А. ден Долард]</ref>
 
== Содржина ==
Книгата се состои од 18 делови: Алкохол (Alcohol), Црквичката на карпата (Het kerkje op de klip), Љубов меѓу цвеќиња (Liefde tussen distels), Ѕвезди над Охрид (Sterren boven Ochrid), Сребрениот појас (De zilveren gordel), За лудите и светците (Van dwazen en heiligen), Бранко не се двоуми повеќе (Branko twijfelt niet meer), Господин Анте нарачува музичари (Heer Ante bestelt muzikanten), Танцот во ноќта (De dans door de avond), Зорка (Zorka), Нада (Nada), Вера (Vera), Љубица (Ljubitsa), Мила (Mila), Марја (Marja), Јелка (Jelka), Бегството во Албанија (De vlucht naar Albaniё), Душка (Doesjka).
 
Насловите ја одразуваат целокупната содржина на книгата: протагонистот на романот (Бранко) е во постојано друштво со ''алкохолот'', но во ''црквичката на карпата'' („Св. Јован Богослов“ во Охрид) ја запознава Душка; кај нив се раѓа ''љубов меѓу цвеќињата'', која расте покрај езерото со ''ѕвездите над Охрид''; Душка става ''сребрен појас'' и со Бранко оди во местото „''за лудите и светците''“, а тоа е манастирот на св. Наум; поради големата љубов кон Душка, ''Бранко не се двоуми повеќе'', дали да се ожени или не, па ''господинот Анте нарачува музичари''; со ''танцот во ноќта'' кај Бранко се будат спомените на жените во кои претходно бил вљубен: ''Зорка'', ''Нада'', ''Вера'', ''Љубица'', ''Мила'', ''Марја'', ''Јелка''; несигурноста пред брачните обврски го тераат на ''бегство во Албанија''; доаѓа ''Душка'' и го враќа во Охрид, во својот живот.<ref>[http://www. name="ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=34544 Јузмески, Мишо: "Свадбата во Охрид". Аналитички есеј за "Свадбата на седумте Цигани“ од А. ден Долард]</ref>
 
== Цитати од книгата ==
* „Освен тоа, вреди од Париз да се дојде на Балканот, само за да се види Охрид. Каква прекрасна местоположба врз стрмниот рид! И градот, каква ли прекрасна мешавина од обичаи и векови...“
 
== Личности ==
Ред 28:
Преводот е на Виолета Лопстра - Стојаноска.
 
Во македонскиот превод се забележани низа отстапувања од оригиналот<ref>ден Доолаард, А.: „Свадба во Охрид“ (Охрид, 2006)<name="ReferenceA"/ref><ref>den Doolaard, A.: De bruiloft der zeven zigeuners, Amsterdam 1963</ref>:
* легендарното и нашироко познато име на книгата ''„Свадбата на седумте Цигани“'' е заменето со помалку впечатливиот и непознат наслов ''„Свадба во Охрид“'';
* некои делови (народни песни со нотни записи) се отстранети од содржината на романот и претставени како посебен додаток во книгата, по поговорот;
Ред 40:
{{наводи}}
 
[[Категорија: Книги]]
[[Категорија: Охрид]]
[[Категорија: Холандија]]
[[Категорија:Книги од 1939 година]]