Андреј Колмогоров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Зрелост: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 31:
[[Податотека:treta1.jpg|thumb|Колмогоров работи на својот говор во Талин]]
Во 1933 година Колмогоров ја публицирал ''Основи на Теоријата на Веројатноста'', претставувајќи ги модерните основи на теоријата на веројатноста како и докажувајќи ја својата репутација на еден од најдобрите експерти на ова поле. Во 1935 година станал прв предавач на теоријата на веројатноста на Факултетот за Математика и Механика на Државниот Московски Универзитет. Во 1939 година бил избран за академик на СССР Академијата за Науки. Во 1938 година тој ги поставил “основните теореми за израмнување и предвидување на стохастичките процеси” – што можело да има голема воена примена за време на [[Студена војна|Студената Војна]].
<br /> Подоцна, Колмогоров ги пренасочил своите истражувачки интереси во областа на турбуленцијата, каде што во 1941 година неговите дела имале значително влијание во оваа област. Во класичниот механизам познат е по КАМ теоријата (прв патпрвпат ја претставил во 1954 година во Амстердам, за време на Интернационалниот Конгрес на Математичари). Во 1957 година го решил 13-от проблем на Хилберт (заеднички труд со неговиот студент В.И.Арнолд). Бил основач на алгоритамската сложена теорија, често нарекувана како ''Колмогорова сложена теорија'', која почнал да ја развива во тоа време.
 
Колмогоров се оженил со Ана Димитриева Егорова во 1942 година. Тој стекнал моќна предавачка рутина за време на својот живот, не само на универзитетско ниво, туку исто така и со помлади деца, бидејќи бил активно вклучен во развивањето на педагогијата за надарени деца, во литературата и музиката, како и во математиката. На Универзитетот, тој имал разни позиции, вклучувајќи ги и високите позиции на неколку подрачја (веројатност, статистика и случајни процеси, математичка логика) и исто така бил и декан на Факултетот за Механика и Математика.