Француска Западна Африка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Втора Светска војна → Втора светска војна using AWB
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 68:
По [[Втората светска војна]], француската влада започнала процес на проширување на ограничените политички права во своите колонии. Во [[1945]] година, француската привремена влада доделила десет места во Француска Западна Африка во новото конститутивно собрание кое било повикано да напише нов француски устав. Од нив, пет биле избирани од граѓани, а пет од африканските субјекти. Изборите довеле до истакнување на новата генерација африканци кои биле образовани од Франција. На [[21 октомври]] [[1945]] година биле избрани шест Африканци, а истото се случило и на Второто конститутивно собрание на [[2 јуни]] [[1946]] година.
 
Француската империја беше преименувана во Француска унија на [[27 октомври]] [[1946]] година, кога била формирана и [[Четврта Француска Република]]. Кон крајот на [[1946]] година, според новиот устав, секоја територија за прв патпрвпат (освен сенегалските комуни) можела да избира локални претставници, иако со ограничена франшиза, на новоформираните генерални совети. Овие избрани тела имале ограничени консултативни овластувања. Првите избори се одржале кон крајот на [[1956]] година. На [[31 март]] [[1957]] година, со универзално право на глас, изборите за територијални избори биле одржани во секоја од осумте колонии.
 
Уставот на Француската Петта Република од [[1958]] повторно ја сменил структурата на колониите. Секоја територија требало да стане „протекторат“, со консултативното собрание наречено Национално собрание. Гувернерот назначен од Французите бил преименуван во „Високи комесар“ и бил шеф на држава на секоја територија. Законски, федерацијата престанала да постои по референдумот во септември [[1958]] година. Сите колонии, освен [[Гвинеја]], гласале да останат во новата структура. Гвинејците главно гласале за независност. Во [[1960]] година била спроведена дополнителна ревизија на францускиот устав, главно поради неуспехот на Франција во Првата индокенеска војна и тензиите во [[Алжир]]. Овие измени им овозможило на членките на Француската заедница еднострано да ги менуваат своите устави. [[Сенегал]] и поранешниот [[Француски Судан]] станаале [[Федерација Мали]] (1960-61), додека [[Брегот на Слоновата Коска]], [[Нигер]], [[Горна Волта]] и [[Дахомеја]] подоцна ја формирале своја краткотрајна унија.