Храм на небото: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 22:
За време на [[Втора опиумска војна|Втората опиумска војна]], светилиштето паднало во рацете на англо-француската војска. Во 1900 г., за време на [[Боксерско востание|Боксерското востание]], сојузничките сили го зазеле светилиштето и една година го користел како штаб. Зградите и градините претрпеле потешки оштетувања, па дури биле и пљачкосувани. Со падот на династијата Ќинг, храмот останал запуштен, и во наредниот период неколку сали се срушиле.<ref>[http://58.30.231.66:8008/cn/tabs/showdetail.aspx?tabid=710017&iid=1777 Парк на Храмот на небото: Историја] {{en}}</ref>
 
Во 1914 г. тогашниот претседател на [[Република Кина]], [[Јуен Шикај]] извршил царски молитвен обред како дел од неговите усилби да биде прогласен за цар. Во 1918 г. храмот и околината станал парк и за прв патпрвпат се отворил за јавноста.
 
Во 1998 г. светилиштето е прогласено за [[светско наследство]] на [[УНЕСКО]].<ref>[http://whc.unesco.org/en/list/881 Храм на небото: царски жртвеник во Пекинг] — [[УНЕСКО]] {{en}}</ref> Денес паркот е мошне популарно место за рекреација.
Ред 30:
 
* '''Молитвената сала за добра жетва''' ({{јаз|zh-Hans|祈年殿}}) — величенствен трикалкански кружен објект со пречник од 36&nbsp;м и висина од 38&nbsp;м, изградена врз [[мермер]]на основа на три нивоа. Внатре царот се молел за родна година. Целиот објект е направен од дрво, без ниедна шајка. Во 1889 г. изгорел до темел поради пожар предизвикан од гром, па е изграден одново за неколку години.
 
* '''Царскиот небесен свод''' ({{јаз|zh-Hans|皇穹宇}}) — еднокатен еднокалкански објект изграден врз мернерна основа. Сместен е јужно од Молитвената сала за добра жетва и личи на неа, но има поскромни димензии. Околу градбата е расположен кружен ѕид што го одбива звукот и му овозможува голем досег. Овој објект е поврзан со молитвената сала со издигнат премин долг 360&nbsp;м што полека се спушта од сводот до молитвената сала.
 
* '''Кружниот олтар''' ({{јаз|zh-Hans|圜丘坛}}) — самиот олтар на светилиштето, јужно од Царскиот небесен свод. Ова е празен кружен подиум од мермер на три нивоа, богато украсен со змејови во камена резба. Разните елементи на олтарот (скалилата, столпчињата на оградата и тн.) се девет на број, или во содржатели на девет. Средишниот дел се нарекува „Срце на небото“ ({{јаз|zh-Hans|天心石}}) или „Врховен јанг“ ({{јаз|zh-Hans|太阳石}}), каде царот се молел за добри услови за род. Олтарот е така изработен, што звукот се одбива од оградата и дава одек кој се верувало дека подобро патува до небото. Олтарот е изграден во 1530 г. по налог на царот Ѓаѓинг, а преуреден во 1740 г.