Историја на генетиката: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 1:
{{генетика-странично}}
Предмет на проучување на '''[[генетика]]та''' (од [[грчки јазик|грчки]] genno, γεννώ = раѓа) се општите закономерности на [[наследување]]то и [[Менливост (биологија)|менливоста]] на особините кај живите [[Организам|организми]]. Зборот генетика за прв патпрвпат се применува од страна на англискиот научник [[Вилијам Бејтсон]] во писмо до [[Адам Седвик]] од [[18 април]], [[1905]].
 
Наследност, односно наследување, е процес на предавање на својствата ([[Генетска информација|генетската информација]]) во [[Онтогенеза|индивидуалниот развиток]] од родители на потомство, односно од генерација на генерација. На тој начин [[животни]]те и [[растенија]]та од различни видови можат да ги задржат специфичните особини својствени за дадениот вид.
Ред 10:
[[Грегор Мендел]] ([[1822]]-[[1884]]) е зачетник на класичната генетика, а ги проучувал механизмите на пренесување на наследните фактори од родителите на потомството. Благодарение на неговите [[експеримент]]и со [[грашок]] (кои се одвивале за време од 8 години) се создадени првите претстави за основните принципи во наследувањето на одделни својства (особености) на живите организми.
 
Мендел докажал дека развитокот на секоја особина или својство е под контрола на наследните фактори, т.е. специфични партикули кои не го губат својот интегритет, кои можат меѓусебно слободно да се комбинираат и неизменети да се пренесат од родителите на потомството.
 
Меѓутоа, значењето на менделовите експерименти не биле сфатени за време на неговиот живот. Во 70-тите и 80-тите години на [[19 век|XIX]] век има голем број важни откритија кои овозможиле подобро разбирање на менделовата теорија за наследувањето. Повеќе автори, проучувајќи ја делбата на [[Клеточно јадро|клеточното јадро]], го истакнуваат значењето на [[хромозом]]ите во пренесувањето на на наследните фактори.