Советски Сојуз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Создавање: Јазична исправка, replaced: Руската империја → Руската Империја using AWB
с →‎Индустријализација: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 202:
Периодот од [[1929]] до [[1939]] година во Русија е период на масовна [[индустријализација]] и појава на внатрешни немири во раководството на комунистите, време кога главниот стремеж на [[Сталин]] бил да воспостави потполна контрола над руското општество, кое го иницирал преку таква неограничена моќ којшто не ја поседувал дури ни рускиот император. По смртта на [[Ленин]], [[Сталин]] започнал борба за власт над Советскиот Сојуз со своите ривали од [[Политбиро]]то, а посебно со [[Лав Троцки]]. До [[1928]] година, скоро сите подржувачи на Троцки биле или убиени или прогонети, а оние кои останале во земјата едноставно останале и без моќ. По ова, Сталин започнал со спроведување на радикалните програми во процесот на индустријализацијата.<ref name = Deutscher>I. Deutscher, ''Stalin: A Political Biography'', Oxford University Press, 1949, pp. 294–344.</ref>
 
Во [[1928]] година, Сталин го претставил првиот предлог на [[Петгодишен план|Петгодишниот план]]. Отргнувајќи ја на страна Новата економска политика како идеја на Ленин, овој план бил меѓу првите којшто бил спроведен по брзо акумулирање на капиталот преку изградба на тешки индустрии, колективизација на производството и рестрикција на производството на стока за широка потрошувачка.<ref name="Richman"/> Тоа било прв патпрвпат во историјата на една земја, економијата да биде директно и во целост контролирана од страна на владата.
 
Како дел од планот, државата ја презела контролата над колективните фарми<ref name="conquest-coll">Conquest, Robert. ''The Harvest of Sorrow: Soviet Collectivization and the Terror-Famine''. New York: Oxford University Press, 1987. ISBN 0-19-505180-7.</ref>. со декретот кој бил издан во [[1930]] година, околу еден милион фармери останале без своите имоти. Од овде дошло и незадоволство помеѓу селското население. Голем број на фармери за да не им го предадат својот добиток на државата, тие истиот го убивале. Во некои случаеви имало примери за побуна, но голем дел од тие фармери биле погубени.<ref>Viola, Lynne. ''Peasant Rebels under Stalin. Collectivization and the Culture of Peasant Resistance''. 2nd ed. New York: Oxford University Press, 1998. ISBN 0-19-513104-5.</ref>. Целиот овој процес на строга [[национализација]] и [[конфискација]] на имотите довело до појавава на глад<ref name="conquest-coll"/>, од којшто починале неколку милиони селани, а поголем број од нив по потекло биле од [[Украина]] и [[Кубањ]]<ref name="conquest-coll"/>. Лошата ситуација по селата придонеле голема [[миграција]] на селското население од селата во градовите, преку кое допринесувале за развојот на индустријализацијата и зголемување на руската популација за само неколку години.