Елементарна честичка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
 
Ред 3:
'''Елементарна честичка''' — најситна неделива честичка од која е составена материјата. Со тек на времето, а во зависност со постоечките сознанија, претставата за нив се менувала. Некои честички што порано се сметале за елементарни, подоцна се покажува дека имаат сложена структура. Така, уште од времето на грчките мислители, за најмала неделива честичка е сметан [[атом]]от. Ниту денес сè уште нема точна дефиниција за поимот на елементарна честичка. Со голема приближност, доста е експлоатиран поимот дека елементарна честичка не може да се опише преку систем составен од други делови или честички.
 
Денес елементарните честички се делат на [[лептон]]и и [[кварк]]ови.
 
Лептоните се поделени во две подгрупи. Во првата подгрупа спаѓаат [[електрон]]от (e<sup>-</sup>), [[мион]]от (µ<sup>-</sup>, нарекуван и ми-мезон) и [[тау-честичка]]та (τ<sup>-</sup>). Од сите нив, електронот е стабилен, додека останатите се нестабилни. Нестабилните честички постојат кратко време, а потоа се распаѓаат и преминуваат во други елементарни честички. На пример, мионот се распаѓа според релацијата µ<sup>-</sup> → e<sup>-</sup> + ν<sub>µ</sub> + ν<sub>e</sub>. Втората подгрупа од лептони е подгрупата на [[Неутрино|неутрина]]. Нив ги има три видови:
 
* електронско (ν<sub>e</sub>)
Ред 11:
* тау-неутрино (ν<sub>τ</sub>)
 
Поимот "неутрино" за прв патпрвпат се среќава при проучувањето на [[Бета распаѓање|β-распаѓањето]]. Притоа доаѓа до следната претворба: n = p + e + v<sub>e</sub>. Кога некој [[неутрон]] во некое [[атомско јадро]] се трансформира според оваа релација, тогаш станува збор за β-распаѓање (ν<sub>e</sub> е симбол за неутрино, а со знак ~ над него е [[антинеутрино]]).
 
Според големината на [[Електричен полнеж|електричниот полнеж]], кварковите се поделени на две групи. Во првата се вброени кварковите што имаат позитивен електричен полнеж со големина од 1 / 3 од [[Елементарен електричен полнеж|елементарниот електричен полнеж]]. Ознаките за кварковите: ''u'', ''d'', ''c'', ''s'', ''t'', ''b'' потекнуваат од првите букви на [[Англиски јазик|англиските]] зборови: ''up'' (горе), ''down'' (долу), ''charm'' (шарм), ''strange'' (чудно), ''top'' (врв), ''bottom'' (дно). Самите имиња немаат некоја посебна смисла, но симболите се дадени за нивно меѓусебно разликување.
Ред 21:
* [[Кварк]]
* [[Хигсов бозон]]
 
 
{{честички}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Елементарни честички|*]]
[[Категорија:Честична физика]]