Чарлс II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Предци на Чарлс II: Јазична исправка, replaced: Светиот Римски Император → светиот римски цар using AWB
с →‎Надворешна и колонијална политика: Јазична исправка, replaced: Британска империја → Британска Империја using AWB
Ред 100:
=== Надворешна и колонијална политика ===
 
Од [[1640]] година, [[Португалија]] се борела во војната против Шпанија за да си ја врати својата независност по династичкиот сојуз кој траел 60 години меѓу круните на Шпанија и Португалија. Португалија имала помош од Шпанија, но со [[Пиринејски мировен договор|Пиринејскиот мировен договор]] во [[1659]] година, Португалија била напуштена од својот француски сојузник. Преговорите со Португалија за бракот на Чарлс со Катарина од Браганца започнале за време на владеењето на таткото на Чарлс и по обновувањето на монархијата, кралицата [[Луиса од Португалија]], дејствувајќи како регент, одново ги започнала преговорите со Англија кои резултирале со сојуз. На [[23 јуни]], 1661 година, бил потпишан договорот за брак. Миразот на Катарина на Англија и ги обезбедувал [[Тангиер]] (во [[Северна Африка]]) и [[Мумбај|Седумте острови на Бомбај]] (кои подоцна ќе имаат големо влијание врз развојот на [[Британска империјаИмперија|Британската Империја]] во [[Индија]]), заедно со трговски права во [[Бразил]] и [[Источна Индија]], верска и трговска слобода во Португалија и два милиони португалски круни (околу 300 000 фунти); додека Португалија добила воена и поморска поддршка против Шпанија и слобода на богослужење за Катарина. Катарина патувала од Португалија до [[Портсмут]] на [[13 мај|13]]-[[14 мај]], [[1662]] година,<ref>Wynne, S. M. (2004), "Catherine (1638–1705)", Oxford Dictionary of National Biography (Oxford University Press), doi:10.1093/ref:odnb/4894, retrieved 2012-06-04</ref> но Чарлс не ја посетил се до [[20 мај]]. Следниот ден парот бил венчан во Портсмут со две церемонии – католичка церемонија извршена тајно, проследена со јавна англиканска служба во капелата ''[[Домус Деи]]''.<ref>Brand, Emily (2011), Royal Weddings, Osprey Publishing, ISBN 978-0-7478-1139-8</ref> Нејзината ограничена убавина и манастирското воспитување не биле доволно силни за да го оддалечат Чарлс од друштвото на неговите љубовници и по неколку недели од нејзиното пристигнување, таа станала свесна за нејзината тешка положба како сопруга на еден развратен крал, но иако Чарлс и понатаму имал деца со неговите љубовници, тој настојувал таа да биде почитувана.
 
Во еден неприфатен потег, исто така во 1662 година, Чарлс го продал [[Динкерк]] на неговиот прв братучед, францускиот крал Луј XIV, за околу 375 000 фунти.<ref>Miller, Charles II pp.93, 99</ref> Пристанишниот канал, иако бил вредна стратешка позиција, бил одводен канал на ограничените финансиски средства на Чарлс.<ref>It cost the Treasury £321,000 per year (Hutton, p.184).</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Чарлс_II