Новогодишна ноќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Бразил: Јазична исправка, replaced: е официјален → е службен using AWB
с →‎Србија: Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
Ред 78:
Низ регионот, особено на просторот на бившите Југословенски републики, [[Белград]] е познат како место на кое се одржуваат големи забави, концерти и случувања. Во поскоро време стана традиција голема група на Словени да го посетуваат својот стар главен град и да го прославуваат почетокот на Новата година. Особено во текот на 90-тите , уличните прослави се претворија во масовни собири на кои присуствуваат стотици илјади граѓани, прославувајќи ја Новата година на неколку локации низ Белград.
 
За време на мандатот на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ собирите добиваа и силна политичка конотација. Од 2000-та година градот Белград секоја година организира неколку концерти со голем број домашни и интернационални изведувачи на поголемите Белградски плоштади. Концертите започнуваат рано навечер и траат се до раните утрински часови. Обично се организираат посебни концерти за младите и посебни за постарите.
 
Полноќ е обележан со огромен број огномети испукани од соодветни места. На 1 јануари улицата Светогорска е затворена за сообраќај и се користи за фестивалот „Улица на отворено срце“, се служат храна и пијалоци и се изведуваат разни претстави на отворено , додека семејствата со децата како и политичарите (најчесто и претседателот) се шетаат низ улицата.