Историја на уметноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎'''Бронзено Доба''': Јазична Исправка, replaced: Римската империја → Римското Царство using AWB
с →‎'''Америка''': Јазична исправка, replaced: -та година → година (2) using AWB
Ред 59:
Традицијата за практикување на уметноста од Мезоамериканските народи започнала со културата Олмек околу 1400 година п.н.е., за време на Пред-класичната ера. Овие народи се најпознати по изработката на колосални глави но истотака обработувале жад, подигнувале монументална архитектура, правеле мали скулптури и дизајнирале мозаични подови. Две најистражени локации се Сан Лоренцо Тенохтитлан и Ла Вента. Откако Олмек културата започнала да опаѓа, цивилизацијата на Маите станува проминентна во овој регион. Понекогаш транзиционален Епи-Олмечки период е опишан, кој е хибрид помеѓу Олмек културата на Маите. Посебно темелно истражено Епи-Олмечко место е Ла Мохара, каде се пронајдени хиероглифски записи кои се делумно дешифрирани.
[[Податотека:Hagia-Sofia-Int-01s.jpg|thumb|Ентериер во Аја Софија во Истанбул, Турција]]
До доцната пре-Класична ера, која започнала околу 400 година п.н.е., Олмечката култура веќе опаѓала но Централно Мексичкиот народ и Маите просперирале. Низ добар дел од класичниот период во Централно Мексико градот Теотихуакан напредувал, како и Чочикалко и Ел Тахин. Овие места изобилуваат со фантастични скулптури и архитектура. Други Централно Мексиканси народи биле Микстеки, Запотеки и луѓето кои живееле во Долината на Оаксака. Уметноста на Маите била на врвот во Класичниот период – име што е последица од Класилниот Европски период, кој започнал околу 200-та година. Главни Маиански наоѓалишта од оваа ера го вклучуваат Копан – каде безбројни резби биле пронајдени, и Киригва каде најголемите стелаи од Мезоамерика се лоцирани со зооморфични алтари. Комплексен систем на пишување бил развиен и огромен број на маиански манускрипти биле продуцирани на хартија направена од кора од дрво. Иако Маианските наоѓалиште постојат и денес, голем дел од овие места ги снемало околу 1000-та година.
Во времето на шпанското освојување на Јукатан за време на 16-от и 17-от век, Маите сè уште биле моќни, но многу заедници потпаднале под општеството на Ацтеките. Ацтеките многу просперирале во овој период, негувајќи уметности како вајарство, сликарство и мозаици од пердуви. Можеби најпознато дело на Ацтечката уметност е камениот календар, кој денес е национален симбол на државата Мексико. За време на шпанското освојување на Империјата на Ацтеките многу уметнички предмети биле испратени во Европа за подоцна да бидат распределени во уметнички музеи. Империјата на Ацтеките била базирана во градот Тенохтитлан кој бил речиси уништен во колонијалната ера. Тоа што останало од градот денес е закопано по Мексико Сити. Неколку градби од тоа време како Главниот Храм се проучувани од археолози но се во многу лоша состојба.
Уметноста во двете Америки од шпанските освојувања е микс на домородната и странската традиција, вклучувајќи Европски, Африкански и Азиски елементи.