Институт за информатика (ПМФ): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎top: Јазична исправка, replaced: -та година → година using AWB
Ред 1:
[[Податотека:logo-ii.edu.mk.jpg|200п|десно|thumb|Логото на институтот.]]
'''Институтот за информатика''' на [[ПМФ|Природно-математичкиот факултет]] во [[Скопје]] бил наследник на ''математичкиот институт со нумерички центар'' создаден во [[1960-ти]]те години. Тоа е првата високообразовна институција во која од учебната [[1979]]/[[1980]] година биле воведени првите студии по информатика во [[Македонија]]. Во врвот на својата дејност, институтот за информатика годишно создаваше стотина дипломирани инженери по информатика и десетина професори за средното образование.
 
Со законските измени од 2011 година се формираше нов [[ФИНКИ|Факултет за информатички науки и компјутерскo инженерство]] во рамките на УКИМ, по што сите вработени на Институтот за информатика, како и повеќе од 80% од тековните студенти, избраа да продолжат со својата работа и студии на новоформираниот факултет. ПМФ не ги згасна студиите по информатика, но го намали обемот на работа и уписните квоти до бројки насочени само кон дозавршување на студиите на постојните студенти кои избраа да останат на ПМФ.
 
Последните наставни планови и програми на ИИ се базирани на препораките ''CC2001'', ''SE2004'' и ''IS2002'', предложени од најпознатите светски асоцијации кои ги обединуваат информатичарите во светот [[IEEE]], [[Асоцијација за Компјутерска Машинерија|АКМ]], [[AIS]] и [[AITP]] и започнаа да се применуваат во учебната [[2005]]/[[2006]] година. Со тоа стануваат најсовремени студии по информатика не само во Македонија, туку и пошироко. Последна ревизија на наставните планови беше извршена во [[2009]]-та година, задржувајќи ги повеќето предмети и профили, со одредени реструктурирања со цел зголемување на изборноста на предметите до 50% од вкупниот број.
 
Во периодот до 2010 година Институтот за информатика беше компјутерски најопремена високообразовна институција во Македонија и располагаше со седум компјутерски лаборатории со постојан интернет пристап, каде секој студент има свое работно место на практичните вежби и одлични услови за самостојно работење на проекти од различни предмети.