Амстердам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: -та година → година (6) using AWB
Ред 74:
}}
 
'''Амстердам''' ({{lang-nl|Amsterdam}}) е главен и воедно најголем град во [[Холандија]]. Статусот на градот како главен град на државата утврден во [[Устав|уставотустав]]от. Градот Амстердам има население од 790 654 жители, урбана население од 1 209 419 жители, додека на територијата на областа Амстердам живеат 2 289762 жители<ref>{{cite web|url=http://www.iamsterdam.com/en/visiting/touristinformation/aboutamsterdam/factsandfigures |title=Facts and Figures |publisher=I amsterdam |accessdate=1 June 2011}}</ref>. Градот се наоѓа во покраината [[Северна Холандија]] која се наоѓа во западна Холандија. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите општини (кантони) во [[Европа]] која има население од околу 7 милиони жители.
Името Амстердам е изведено од (Amstelerdamme), што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката [[Амстел (река)|Амстел]]. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата. Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со [[Дијамант|дијамантидијамант]]и. Во 19-от и 20-от век градот се проширил, при што се создадени голем број нови населби и предградија. Каналите во Амстердам кои потекнуваат од 17-от век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на [[УНЕСКО]] во јули 2010 година.
Како комерцијален главен град на Холандија и како еден од врвните финансиски центри во Европа, студиската група за глобализација и главни градови (GaWC) го поставува Амстердам за алфа светски град. Градот исто така претставува главен град на културата во Холандија. Голем број холандски институции имаат главни претставништва во овој град, а 7 од 500-те врвни светски компании, како што се Филипс и ИНГ се основани токму тука. Во 2010 година, Амстердам се наоѓаше на 13-та позиција на светско ниво по квалитетот на животот од страна на Мерцер и во 2009 година рангиран на 3 место од страна на 2 (thinknow) во индексот на градови со најдобри иновации.
Берзата на Амстердам, која е воедно најстарата берза во Светот се наоѓа во центарот на градот. Главните знаменитости и атракции на Амстердам како што се: историските канали, [[Државен музеј (Амстердам)|Државниот музеј]] (''Rijksmuseum''), [[Винсент ван Гог|Музејот на Ван Гог]], куќата на [[Ана Франк]], музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјето на црвени фенери, како и бројните кафетерии каде се консумира [[канабис]], годишно привлекуваат повеќе од 3,66 милиони туристи. Сепак, новиот закон би можел да ја намали познатата толерантна граница за дрога и со тоа да го намали бројот на странци кои доаѓаат да купат [[марихуана]]. Градоначалникот Еберхард ван дер Лан се надева дека ќе се постигне компромис со владата и со тоа туризмот нема да претрпи посериозни последици.
 
== Историја ==
 
Првите евидентирани податоци за употребата на името „Амстердам“ потекнуваат од потврда која датира од 27 Октомври 1275 година. Тогаш, жителите кои изградиле мост и брана на реката Амстел биле ослободени од плаќање мостарина од страна на грофот Флорис Петти. Во таа потврда жителите се опишани како луѓе кои живеат во близина на браната на реката [[Амстел (река)|Амстел]]. До 1327-ма година името преминало во Амстердам. Амстердам е релативно нов во споредба со многу постарите градови во Холандија како што се Најмеген, [[Ротердам]] и [[Утрехт]]. Во Октомври 2008-ма година, историчарот Крис де Бонт изјавил дека земјиштето околу денешен Амстердам било обработувано уште кон крајот на 10-от век. Но, тоа не мора да значи дека на тоа место имало населби со луѓе, бидејки можно е земјиштето да било користено за производство на тресет со цел да се употреби како гориво.
Се смета дека на Амстердам му биле доделени права на град или во 1300 или во 1306-та година. Од 14-от век наваму, Амстердам го доживеал својот расцут, најмногу како резултат на трговијата со народите од [[Ханза]]та. Во 1345 година, по појавување на наводното Еухаристично чудо на улицата Калверстрат, градот бил прогласен за важно место за аџилак се до прифаќањето на [[Протестантство|Протестанстската вера]]. Ритуалната поворка на луѓе во цивилна облека „Стиле Омганг“ денеска претставува остаток од некогашната богата историја на аџилакот.
Во 16-от век Холанѓаните се кренале бунт против шпанскиот крал [[Филип II (Шпанија)|Филип II]] и неговите следбеници. Главната причина за бунтот биле воведувањето на нови даноци, како и религиозното прогонство на Протестантите од страна на шпанските Инквизитори. Револтот прераснал во осумдесет годишна војна која резултирала со независност на Холандија. Холандија станала позната по големата религиозна толеранција која била наметната од страна на водачот на холандската буна [[Вилем Молчеливиот]]. Голем број Евреи од Пиринејскиот Полуостров, протестанти од Франција, бројни трговци и печатари од Фламанскиот дел, како и голем број економски и верски бегалци од деловите кои биле контролирани од [[Шпанија]], нашле прибежиште во Амстердам. Приливот на печатари и интелектуалната толеранција во градот направија Амстердам да стане центар на Европскиот слободен печат.
 
Ред 99 ⟶ 98:
== Канали ==
Системот на канали во Амстердам е резултат на совесно урбано планирање. Во почетокот на 17-от век, кога имиграцијата ја достигнала својата кулминација бил усвоен сеопфатен план, кој се базирал на 4 канали во форма на концентрични полукругови чии краеви се поврзувале кај заливот IJ. Познати како Грахтенгордел, 3 од каналите служеле за општа употреба и развој, Херенграхт- Канал на лордовите, Каизерсграхт- Канал на кралот, Принцесграхт- канал на принцот. Четвртиот канал познат како Зингелсграхт не е споменат на повеќето од мапите, бидејки тоа име е име кое се употребува за сите надворешни канали. Зингелсграхт не треба да се помеша со најстариот канал кој се наоѓа во центарот на градот –Зингел. Каналите се употребувале за одбрана, транспорт и управување со водата). Одбраната се одвивала на тој начин што каналите имале форма на ровови и имало мостови на премините преку каналите, но немало поголеми градежни објекти. Изворните планови се изгубени, па историчарите како Ед Таверне мораат да шпекулираат за првобитните намери- „Се смета дека нивната цел била практична, а не украсна„
Изградбата започнала во 1613-та година во правец од запад кон исток, по целата ширина, во вид на огромен брисач, како што го нарекува историчарот Геерт Мак, а не од центарот нанадвор како што кажува познатиот мит. Изградбата на каналот во јужниот дел била завршена во 1656 година. Процесот на изградба на живеалишта се одвивал бавно. Источниот дел од каналот, кој требал да ги покрива териториите меѓу реката Амстел и заливот IJ никогаш не е изграден. Во времето што следувало, овој дел бил искористен за изградба на старечки домови, тетри, други знаменитости и паркови.
Со текот на времето, од неколку канали се направени улици и плоштади.
'''Развој на градот Амстердам'''
Ред 134 ⟶ 133:
Иако голем број мали компании сѐ уште се имаат свои канцеларии во близина на старите канали, сепак се поголем број компании се преселуваат надвор од центарот на градот. Зуидас стана новиот финансиски и правен центар. Петте најголеми фирми во Холандија и голем број холандски подружници на консултантските фирми како што се Бостон Консалтинг груп и Accenture како и светскиот трговски центар Амстердам се наоѓаат во Зуидас.
Постојат и други 3 помали финансиски области во Амстердам. Првиот е областа која го опкружува центарот околу главната железничка станица во Амстердам- Слотердајк, каде се сместени неколку канцеларии на познатите новински агенции како Де Телеграаф. Тука исто така се наоѓаат канцелариите на компанијата на општински јавен превоз и Даночната канцеларија на Холандија. Втората финансиска област е областа која ја опкружува Амстердамската Арена (стадионот). Третата област е областа во близина на железничката станица Амстел. Таму се наоѓаат највисоката кула во Амстердам – кулата Рембрант, како и седиштето на компанијата Филипс.
Берзата на Амстердам (АЕХ) која денеска е дел од Еуронекст, е најстара берза во светот и воедно е една од најголемите берзи во Европа. Таа се наоѓа во близина на плоштадот Дам во центарот на градот.
 
== Туризам ==
Ред 154 ⟶ 153:
Првата масовна имиграција во 20-от век била изведена од луѓе од Индонезија, кои дошле во Амстердам по осамостојувањето на холандските [[Источни Инди]] во 1940-те и 50-те години. Во 1960-те години гастарбајтери од Турција, Мароко, Италија и Шпанија емигрирале во Амстердам. По осамостојувањето на [[Суринам]], голем број Суринамци дошле во Амстердам и се сместиле во [[Бајмар]] областа. Други имигранти, во кои спаѓаат и бегалци-азиланти и нелегални имигранти доаѓаат од Европа, Америка, Азија и Африка. Во 1970-те и 80-те години, голем број од „старите„ Холанѓани се преселиле во нови градови како Алмер и Пурмеренд, поттикнати од третата планолошка сметка на холандската влада. Со тоа се промовирала субурбанизацијата и се овозможува развој на гроеикернен или буквално јадрото на растот. Млади професионалци и уметници се населиле во населбите de Пајп и Јордан кои овие Амстердамци ги напуштиле. Незападните имигранти се населиле во социјалните стамбени проекти во западниот дел на Амстердам и Биијлмер. Денес луѓето кои немаат западно потекло сочинуваат околу една третина од населението во Амстердам,од кои 50% се деца.
Најголемата религиска група е христијанската (17% во 2000 година), кои се делат на [[Римокатолицизам|Римокатолици]] и [[Протестантство|Протестанти]].
Следната религија по број е исламот (14% во 2000-та година), чии поголем дел од следбениците се сунити.
Во 1578 година претходно римокатоличкиот град Амстердам се приклучил на бунтот против Шпанското владеење, што е прилично доцна во споредба со другите поголеми северни градови во Холандија. Во согласност со протестантската процедура за тоа време, сите цркви биле преобратени во протестантски. Калвинизмот стана доминантна религија и иако католицизмот не бил забранет, а на свештениците им било дозволено да држат миси, сепак била забранете католичката Хиерархија. Ова довело до формирање на (schuilkerken), тајни цркви кои се наоѓале зад навидум обичната предна страна на куќите до каналите.
Таков пример е моменталниот предмет на дебата – Роде Хоед.
Во 17-от век во Амстердам дошло до голем прилив на доселеници од сите религии, а особено евреи од Шпанија и Португалија, Хугуенотс од Франција и Протестанти од јужните делови на Холандија. Тоа довело до формирање на голем број цркви во кои не се вршеле служби на холандски јазик. Во 1603-та година било направено првото известување од страна на еврејската верска служба. Во 1639 била осветена првата синагога. Евреите почнале да го викаат градот Ерусалим на Западот поради нивното чувство на припадност.
Кога се етаблирале во градот, другите христијански деноминации ги користеле преобратените католички капели за одржување на миси. Најстарата црква каде се служи на англиски јазик а се наоѓа надвор од границите на Обединетото кралство е во Бегинјхоф. Таму сѐ уште се држат редовни миси на англиски јазик под покровителство на шкотската црква. Хугуенотите броеле околу 20% од жителите на Амстердам во 1700-та година. Бидејки биле калвинисти, тие набрзо се преобратиле во реформите на Холандската црква, иако голем дел од нив останале на својата вера. Некои од нив кои денес се препознатливи по прекарот Валонци сѐ уште држат проповеди на француски јазик.
Во втората половина на 17-от век, во Амстердам има прилив на Ашкеназим, Евреи од централна и источна европа, што продолжува се до 19-от век. Евреите често бегале од погроми во тие области. Првите Ашкенази кои пристигнале во Амстердам биле бегалците од Чмиелничкото востание во Полска и [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]]. Тие не само што основале свои синагоги, туку исто така имале и големо влијание врз Амстердамскиот дијалект, притоа додавајки голема количина [[јидиш]]ки локални зборови.
Иако нема официјално еврејско гето, повеќето евреи претпочитале да живеат во стариот средновековен дел од градот. Главна улица на ова еврејско маало била Јоденбрестат (Jodenbreestraat). Ова маало го сочинуваат и Ватерлоплеин и Новмаркт. Градбите од ова маало биле уништени во втората светска војна, а голем дел од населбата бил срушен за време на изградбата на подземната железница. Тоа довело до немири, па затоа проектите за комплетна промена и реконструкција на маалото биле откажани и на тоа место биле изградени помали објекти врз основа на оригиналниот поранешен распоред.
Католичките цркви во Амстердам започнале да се градат по враќањето на епископската хиерархија во 1853 година. Еден од главните архитекти кои биле одговорни за католичките цркви во градот, исто така биле одговорни за Централната железничка станица и Ријксмузејот, што довело до тоа Протестантскиот крал Вилијам трети да одбие да го отвори тој „манастир“. Во 1924 година римо-католичката црква во Холандија го одржала меѓународниот евхаристички конгрес во Амстердам, на кој присуствувале бројни католички архиереи и притоа го посетиле градот, каде во црквите и на стадионите се одржувале свечености. Сепак во тоа време сѐ уште биле забранети католичките поворки по улиците. Во 20-от век релацијата на градот Амстердам во врска со католицизмот се нормализирала, но и покрај се поголемата популарност меѓу населението, сепак католичкото свештенство одбрало да го постави своето епископско седиште во блискиот провинциски град [[Харлем]].
Во последно време, верската демографија во Амстердам се менува со големата имиграција од поранешните колонии. Имигрантите од [[Суринам]] го вовеле Евангелскиот протестанизам и [[лутеранство]]то, [[Хиндуизам|хиндуизмот]] е воведен од Суринамијците, а неколку гранки на исламската религија дошле заедно со мигрантите од различни делови од светот. Сега [[Ислам|исламотислам]]от е најбројната не-христијанска религија во Амстердам. Големиот број имигранти од [[Гана]] и [[Нигерија]] создале Африкански цркви кои често се сместени во гаражи во областа Бајмар каде многу од нив живеат. Освен тоа, во Амстердам свои собири имаат поставено широк спектар на други религиозни движења како на пример [[Будизам|Будизамот]]от, [[Конфучијанство|конфучијанизмот]] и [[Хиндуизам|хиндуизмот]].
И покрај изреката „Живеј и остави да живеат„ која накратко ги опишува Холанѓаните и посебно отвореното и толерантно општество на Амстердам, сепак зголемениот прилив на луѓе од различни раси и религии, по завршувањето на [[Втора светска војна|Втората Светска Војна]] во неколку случаи ги нарушило општествените односи. Собирајки луѓе од 176 различни, Амстердам е дом на една од најголемите варијации на националности во кој било друг град во светот.
Имигрантите денес сочинуваат околу 52 % од населението во Амстердам.
Жители по потеклото
Во 2010-та година 34,9% од вкупното население и 52, 6% од младите со возраст под 18 години имале неевропско потекло.
 
== Транспорт ==
Ред 178 ⟶ 177:
Еуролинија има линии на автобуси од железничката станица Амстел во Амстердам до сите дестинации во Европа.
Аеродромот „[[Аеродром Амстердам|Схипхол]]“ е одалечен на 20 минути со воз од централната железничка станица. Тоа е најголемиот аеродром во Холандија, петти по големина во Европа и дванаесетти по број на патници во целиот Свет. Тој може да опслужи околу 46 милиони патници годишно и е база на 4 авиопревозници на холандските авиокомпании (KLM, transavia.com, Martinair и Arkefly). „Схипхол“ во 2010 година беше четврти аеродром по меѓународна прометност.
 
 
== Велосипедизам ==
 
Амстердам е најпријателски настроениот град кон [[Велосипедисти|велосипедиститевелосипедисти]]те во цела [[Европа]]. Тој е огромен град со велосипедска култура и добри услови за велосипедистите како патеки и цели коловози за велосипедисти, како и неколку добро обезбедени паркинзи за велосипеди кои се достапни по ниски цени. Во 2006 година на улиците на Амстердам се возеле околу 465 000 [[Велосипед|велосипедивелосипед]]и. Кражбата на велосипеди е надалеку позната, па во 2005 година во Амстердам украдени биле околу 54 000 велосипеди. Луѓе од сите општествени групи користат велосипед за превоз низ градот, како резултат на малите димензии на Амстердам, изобилството од велосипедски патеки (околу 400 километри), рамниот терен и непријатноста од возење автомобил.
 
 
== Образование ==
Ред 191 ⟶ 188:
Амстердам е познат по тоа што има 5 граматички училишта -( the Vossius Gymnasium, Barlaeus Gymnasium, St. Ignatius Gymnasium, Het Gymnasium и the Cygnus Gymnasium) каде се учи според класична гимназиска програма, а во програмате се и изучувањето на Латинскиот и класичниот грчки јазик.
Иако до неодамна се сметаше дека овој концепт набрзо ќе изумре, сепак гимназиите доживеаа оживување што доведе до формирање на нова четврта и петта гимназија во која спаѓаат и гореспоменатите 3 гимназии. Повеќето средни училишта во Амстердам нудат низа од повеќе нивоа на образование во едно исто училиште. Градот исто така изобилува со колеџи чија програма варира од арт и дизајн до политика и економија и кои истовремено се достапни за странски студенти.
 
 
== Домување ==
Ред 198 ⟶ 194:
Збиените имоти се многу чести во Амстердам, бидејки законот за имот ги фаворизира станарите. Голем број од овие збиени имоти станале познати како на пример ОТ301, Вранкријк (затворен од страна на владата) и Биннепрет, и неколку други кои сега работат како бизниси, како здравствени клубови и ресторани со лиценца.
Култура и забава
Кон крајот на 16-от век комората за реторика во Амстердам организирала натпревари меѓу повеќе комори во читање поезија и драма. Во 1638 година во Амстердам е отворен првиот театар. Во него се одржувале балетски претстави од 1642 година наваму. Во 18-от век познат станал и Францускиот театар. Додека Амстердам бил под влијанието на германската музика во 19-от век имало многу малку продукции на опера- Холандската Опера во Амстердам (Hollandse Opera Amsterdam) била изградена во 1888 година со специфична цел- промовирање на холандската опера. Во 19-от век популарната култура била центрирана во областа Нес. Метрономот, еден од најважните пронајдоци за класичната музика во европа е измислен од Дитрих Николаус Винкел во 1812 година. На крајот на векот биле изградени [[Државен музеј (Амстердам)|Државниот]] и [[Градски музеј (Амстердам)|Градскиот музеј]]. Во 1888 година е основан [[Оркестар на Концертниот дом|Оркестарот на Концертниот дом]].
 
Со 20 от век дојдоа и киното, радиото и телевизијата како медиуми. Иако повеќето студија се наоѓаат во [[Хилверзум]] и [[Алсмер]], Амстердам има многу големо влијание во програмата. Многу луѓе кои работат во телевизиската индустрија живеат во Амстердам. Исто така седиштето на СБС 6 се наоѓа во Амстердам.
Ред 213 ⟶ 209:
=== Поп ===
Музичката хала Ханјекен е концертна сала во близина на Амстердам Арена (Amsterdam Arenа). Нејзината главна цел е да служи како подиум за поп концерти и голема публика. Многу од познатите странски уметници имале настапи во неа. Две други познати места се -Парадисо и Мелквех (Paradiso and Melkweg) а тие се наоѓаат во близина на Леидсеплеин. И во двете има широка програма од инди рок до хип-хоп и РНБ и други познати правци на музика.
Други места кои се ориентирани на подкултури се OCCII, OT301, De Nieuwe Anita, Winston Kingdom и Zaal 100. Џезот има голема публика во Амстердам, а најпознато џез место е Бимхаус (Bimhuis).
 
=== Електронска и денс-музика ===
Ред 222 ⟶ 218:
Операта на Амстердам се наоѓа во близина на градското собрание. Затоа двете згради заедно се нарекуваат Стопера (Stopera). Овој збор потекнува од холандските зборови градска куќа (stadhuis) и опера (opera). Огромниот модерен комплекс, кој беше отворен во 1986 година се наоѓа во поранешната еврејска населба Waterlooplein во близина на реката Амстел. Стопера е база на Холандската Опера, националниот балет и Холандската симфонија.
Muziekgebouw е концертна хала, која се наоѓа блиску до централната станица. Во неа се одвиваат главно концерти на модерна класична музика. Во нејзина близина се наоѓа Bimhuis, концертна хала за импровизирана и џез музика.
 
 
== Театар ==
 
Главната зграда на театарот во Амстердам е Stadsschouwburg Amsterdam во Leidseplein.Тоа е базата на Toneelgroep Amsterdam. Оваа зграда датира од 1984 г. Повеќето претстави се изведуваат во Grote Zaal (Големата Сала). Вообичаената програма на настани ги опфаќа сите видови на театарски форми. Stadsschouwburg моментално се реновира и проширува. Третиот театарски простор кој ке работи заедно со соседниот Melkweg ке се отвори доцна во 2009 или на почетокот на 2010. Други театри се: Royal Theatre Carré, Bellevue theatres, Stopera de kleine komedie и повторно отворениот DeLaMar.
 
 
== Комедија и кабаре ==
 
Холандија има традиција на кабаре или “kleinkunst” која комбинира музика, раскажување приказни, коментари, театар и комедија. Кабарето датира уште од триесеттите, а артисти како Wim Kan, Wim Sonneveld и Toon Hermans беа пионерите на ова форма на уметност во Холандија. Во Амстердам постои Академија за кабаре (Kleinkunstacademie). Современи популарни артисти се: Youp van't Hek, Freek de Jonge, Herman Finkers, Hans Teeuwen, Theo Maassen, Herman van Veen, Najib Amhali, Raoul Heertje, Jörgen Raymann, De Vliegende Panters и Comedytrain.К омедијата на англиски јазик беше воспоставена со основањето на Boom Chicago во 1933 г. Тие имаат своj сопствен театар во Leidseplein.
 
 
== Ноќен живот ==
Ред 241 ⟶ 234:
Амстердам исто така има многу дискотеки. Повеќето од овие клубови се наогаат блиску до Леидсеплеин и Рембрантплеин. Парадизо, Мелквех и Шекерна фабрика се културни центри кои ноќе се претвораат во дискотеки. Примери за дискотеки блиску до Рембрантплеин се Ескејп и Клуб Хоме. Исто така вредни да се спомнат се и Панама, Хотел Арена (Исток), Песок и Зоната на моќта.
Бимхаус кој што е лоциран блиску до главната железничка станица со својата богата програма е домакин на најдобрите во своето поле и е еден од најдобрите џез клубови во светот.
Регуларсдверстрат е главната улица за LGBT заедницата и ноќниот живот.
 
 
== Кинотеки ==
Ред 276 ⟶ 268:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Амстердам| ]]
[[Категорија:Градови во Холандија]]