Ангус Дитон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 22:
Во 2015 г. ја добил [[Нобелова награда за економија|Нобеловата награда за економија]] за неговата анализа на [[потрошувачка]]та, [[сиромаштија]]та и [[животен стандард|економската благосостојба]].<ref>{{нмс|url=http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/economic-sciences/laureates/2015/|title=The Prize in Economic Sciences 2015|work=nobelprize.org}}</ref><ref>{{нмс|title = Nobel prize in economics won by Angus Deaton - live|url = http://www.theguardian.com/business/live/2015/oct/12/nobel-prize-sveriges-riksbank-in-economic-sciences-announcement--live|website = the Guardian|accessdate = 12 October 2015|first = Graeme|last = Wearden}}</ref>
 
==Животопис==
==Биографија==
Дитон е роден во [[Единбург]], [[Шкотска]]. Средното образование го завршил во колецот „Фетис“. Високото образование го стекнал на [[Кембрички универзитет|Кембричкиот универзитет]], каде во 1975 г. докторирал со тезата „Модели на побарувачката и нивна примена во Обединетото Кралство“. Станал член и истражувач на колеџот „Фицвилијам“ при истиот универзитет, работејќи со [[Ричард Стоун]] и Тери Беркер во Одделението за применета економика. Работел како професор по [[економетрија]] на [[Бристолски универзитет|Бристолскиот универзитет]], а во 1983 г. прешол на [[Принстонски универзитет|Принстонскиот универзитет]] во САД. Воедно работи како професор по [[меѓународни односи]] во вишата школа „Вудро Вилсон“ и како професор по економија и меѓународни односи на Принстонскиот универзитет. Има двојно државјанство.<ref name="news_Scot">{{нмс | title = Scottish economist Angus Deaton wins Nobel economics prize | first=Malin|last=Rising | agency = Associated Press | work = Yahoo News | date = 12 October 2015 | accessdate = 12 October 2015 | url = http://news.yahoo.com/scottish-economist-angus-deaton-wins-112123414.html }}</ref>
 
==Научна дејност==
Дитон се прочул со трудот „Речиси идеален систем на побарувачка“ (AIDS), разработен заедно со [[Џон Милбауер]] и објавен во [[1980]] г. во ''American Economic Review'' („Американска економска ревија“). Делото претставува елегантен приод кон побарувачката и дава произволна приближување од прв ред за секој систем на [[побарувачка]] кој ги задоволува аксиомите на избор, но притоа одбегнувајќи ги непожелните особини на другите модели. Имено, Дитон е заслужен за поставувањето систем на равенки со кои е можно да се одреди оптималната структура на потрошувачката по одделни групи производи што би ја избрало едно репрезентативно домаќинство. Тој предложил поопшта математичка функција која е поблиска до реалноста и со тоа овозможувапосоодветно агрегирање на индивидуалната потрошувачка на домаќинствата. Овој модел Дитон го применил на потрошувачката на домаќинствата во Британија.<ref name="ReferenceA">Владимир Филиповски, „Нобелова награда за економија 2015: Потрошувачката на домаќинствата меѓу благосостојбата и сиромаштијата“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 209, ноември 2015, стр. 28-31.</ref>
 
Во [[1978]] г. Дитон станал првиот добитник на Фришовиот медал кој го доделува Економетриското друштво за труд објавен во списанието ''Econometrica''. Дитон е член на Економетриското друштво, дописен член на [[Британска академија|Британската академија]], како и член на [[Американска академија на уметностите и науките|Американската академија на уметностите и науките]]. Има почесна диплома од Римскиот универизтет „Тор Вергата“, [[Универзитетски колеџ Лондон|Универзитетскиот колеџ Лондон]] и [[Универзитет во Сент Ендрус|Универзитетот во Сент Ендрус]]. Во [[2007]] г. бил избран за претседател на [[Американско економско здружение|Американското економско здружение]]. Во [[2011]] г. ја добил наградата за [[економија]], [[финансии]] и управување на задолжбината BBVA за неговите темелни придонеси кон [[теорија]]та на [[потрошувачка]]та и [[Штедење|заштедите]], како и за мерилата за економска благосостојба. Има разработено и реперна методологија за мерење на сиромаштијата.
 
Дитон го има поставено и т.н. „Дитонов парадокс“ врз основа на неговите увиди во прекумерната рамномерност на потрошувачката во присуство на непредвидените шокови во [[Перманентен доход|перманентниот доход]]. Имено, во 1980-тите, тој ја преиспитал теоријата на [[Милтон Фридман|Фридман]] за одредување на потрошувачката според перманентниот доход и заклучил дека неочекуваните промени во тековниот доход немаат само привремени ефекти, туку влијаат и врз перманентниот доход. На тој начин, перманентниот доход би требало да се менува повеќе од тековниот доход, а не помалку, како што предвидува теоријата на Фридман.<ref>Владимир Филиповски, „Нобелова награда за економија 2015: Потрошувачката на домаќинствата меѓу благосостојбата и сиромаштијата“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 209, ноември 2015, стр. 28-31.<name="ReferenceA"/ref>
 
Дитон има голем придонес и во проучувањето на потрошувачката во [[земји во развој|земјите во развој]]. Тој бил вклучен во големиот меѓународен проект под покровителство на [[Светска банка|Светската банка]], кој вклучувал и анкетирање на домаќинствата од земјите во развој со цел да се анализира структурата на нивната потрошувачка и начинот на мерење на сиромаштијата. Дитон утврдил дека порастот на доходот на домаќинствата во [[Индија]] повеќе се одразува врз пораст на вкупната потрошувачка на [[храна]], а двојно помалку во пораст на внесот на [[Калорија|калории]]. Со тоа, тој докажал дека сиромашните луѓе не се сиромашни поради ниската [[продуктивност]], туку тие се непродуктивни затоа што се сиромашни, т.е. затоа што не внесуваат доволно калории.<ref>Владимир Филиповски, „Нобелова награда за економија 2015: Потрошувачката на домаќинствата меѓу благосостојбата и сиромаштијата“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 209, ноември 2015, стр. 28-31.<name="ReferenceA"/ref>
 
Покрај анализата на поведението на домаќинствата на [[Микроекономија|микроекономско]] ниво, Дитон истражува и на полињата на глобалната [[сиромаштија]], [[здравство|здравствената]] економика и [[економски развој|економскиот развој]]. Во тој поглед, Дитон утврдил дека е важно да се одреди висината на т.н. глобална линија на сиромаштијата и дека не постои механичка врска меѓу стапката на [[Стопански раст|стопански раст]] и намалувањето на сиромаштијата.<ref>Владимир Филиповски, „Нобелова награда за економија 2015: Потрошувачката на домаќинствата меѓу благосостојбата и сиромаштијата“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 209, ноември 2015, стр. 28-31.<name="ReferenceA"/ref>
 
Дитон е автор и на популарниот двегодишен додаток „Писма од Америка“ (''Letters from America''), во Билтенот на Кралското економско друштво.<ref>{{нмс|url=http://www.princeton.edu/~deaton/letters.html|title=Letters from America|work=princeton.edu}}</ref>
Ред 54:
== Надворешни врски ==
* [http://www.princeton.edu/~deaton/ Ангуст Дитон] — Принстонски универзиет
 
 
{{Нобеловци 2015}}