Кирил Полошко-кумановски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 25:
'''Кирил Полошко-кумановски''' бил митрополит на [[Полошко-кумановска епархија|Полошко-кумановската епархија]].
 
==Животопис==
==Биографија==
Митрополитот Кирил бил роден на [[23 јуни]] [[1934]] година во селото [[Царев Двор]], Преспанско. Средно богословско училиште завршил во [[Призрен]].
 
Во [[1964]] година Кирил се замонашил во [[Кичевски манастир|манастирот свети Причеста]] во [[Кичево]]. Работел како службеник во архиепископијата и во [[1965]] година со благослов на тогашниот српски владика се запишал на студии на Московската духовна академија на [[Руска православна црква|Руската православна црква]]. Во Московската духовна aкадемија во [[Загорск]] до [[1967]] година завршил прв степен на студиите<ref>[http://svetapetka.tripod.com/ ТЕТОВСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО]</ref>..
 
Со недовршен факултет, две години потоа, бил повикан во [[Македонија]]. На [[5 јули]] [[1967]] година на редовната седница на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, одржана во Архиепископската резиденција во [[Криви Дол]] бил избран за [[викарен епископ]] на [[МПЦ]] со титула ''Тивериополски''. Наречението било извршено на [[11 јули]] [[1967]] година во соборниот храм [[Црквата „Свети Димитриј“ во Скопје |„Свети Димитриј“]] во [[Скопје]] а наредниот ден, [[Петровден]], била извршена [[хиротонија]] во епископски чин<ref>[http://www.mn.mk/makedonski-legendi/1347 Митрополит Кирил - Верност и преданост на Македонската кауза ]</ref>.
 
Во [[1969]] година заминал за [[Канада]], со седиште во [[Торонто]] со цел да ја организира прекуокеанската епархија. Со Австралиската епархија, која во [[1974]] година била одвоена од Американско-канадската активно раководел до [[1982]] година, а со Американско-канадската до [[1987]] година. Во периодот на раководењето со овие епархии, од 1971 до 1978 година администрирал и со Полошко-кумановската епархија. Во [[1987]] година бил назначен за Полошко-кумановски митрополит.
 
Коавтор е на монографијата "''Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим''", Скопје, 1979 година. По упокојувањето на архиепископот Доситеј, од [[22 мај]] до [[19 август]] [[1981]] година, до изборот на новиот поглавар Архиепископот Ангелариј ја извршувал должноста местобљустител на архиепископскиот трон.
 
Прогласен бил за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во [[САД]] и во [[Канада]] и во неколку града во [[Австралија]]. Добитник бил на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ. Митрополитот се упокоил во Скопје по кратко боледување и погребан е во [[Дељадровскиот манастир]] на 14 јуни 2013 година.<ref>[http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=9664 Владиката Кирил ќе биде погребан во петок во црквата Свети Ѓорѓија во Дељадровце]</ref>
Ред 41:
 
==Контроверзи==
Неговото име било поврзано за учество во убиство на свој роднина во Ресенско, односно му помогнал на член од неговото потесно семејство (роден брат) да го убие својот роднина. Денеска неговиот брат е надвор од Македонија и живее во [[Канада]]. Причина за убиството наводно биле фамилијарни несогласувања. Владиката [[Јован Вранишковски|Јован]] јавно го посочил Кирил дека не може да биде клерик бидејќи бил обвинет за соучесништво во убиство, и дека тој бил пречката што не можело да се добие признавање од другите помесни православни цркви.
 
== Наводи ==
Ред 48:
{{Митрополити на МПЦ-ОА}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Полошко-кумановски, Кирил}}
[[Категорија:Струмички митрополити]]