Петрониј Арбитер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 1:
'''Гај Петрониј Арбитер''' ([[латински]]: ''Gaius Petronius Arbiter'') - римски писател и поет.
 
==Животопис==
==Биографија==
Нема податоци за раѓањето на Петрониј. Во своите „Анали“ (XVI, 18-19), познатиот римски историчар [[Тацит]] го опишува Петрониј како човек кој дење спиел, а ноќите ги поминувал во уживање, а понекогаш во духовна работа, така што стекнал голема слава во [[Римско Царство|Рим]], не толку по сериозната работа, туку по декадентниот живот. Сепак, тој не бил озлогласен поради развратниот живот, туку го сметале за човек кој се разбира во телесните уживања и за судија на добриот вкус. Оттука, тој бил познат како „арбитер на елеганцијата“ (''arbiter elegantiarum''), зашто ништо не било сметано за убаво и возвишено ако така не го оценил Петрониј. Меѓутоа, заповедникот на царската гарда Тигелин, кој му завидувал на Петрониј, го наклеветил кај [[Император на Рим|императорот]] [[Нерон]]<ref>Божидар Ковачевић, „Петроније и његова књига сатира“, во: Петроније Арбитер, ''Гозба Трималхионова''. Београд: Нолит, 1957, стр. 79.</ref> како божемен учесник во Пизоновата завера против Нерон, поради што бил осуден на [[смрт]].<ref name="Petronije Arbiter 1964">„Petronije Arbiter“, во: ''Rimska lirika''. Beograd: Rad, 1964, стр. 102.</ref> Петрониј умрел така што си ги пресекол [[Вена|вените]] на [[раце]]те, по што ги затворил, па повторно ги отворил, сакајќи да ја покаже својата безгрижност и во умирањето при што цело време разговарал со пријателите за несериозни нешта (според Тацит, особено ги избегнувал изреките на мудреците и разговорите за бесмртноста на [[душа]]та). Потоа, тој ослободил неколку [[роб]]ови, а неколку казнил и заспал со цел [[смрт]]та да делува природно. Додека умирал, тој не кажал пофални зборови за Нерон (со намера да ја царевата одмазда кон неговите роднини), туку наредил на Нерон да му испратат еден ракопис во кој ги исмеал недостатоците на своето време, снобовите и ослободените робови, кои биле столбови на тогашниот режим. Потоа, го скршил својот прстен со монограмот за да спречи власта да го фалсификува неговиот тестамент и скршил една скапа ваза (која ја купил за 300.000 сестерции) за да не ја присвои Нерон. На тој начин, историчарите Тацит и Плиниј го опишуваат Гај Петрониј и со тоа, со голема сигурност може да се тврди дека тој е авторот на „[[Сатирикон (Петрониј)|Сатирикон]]“. Сепак, постојат мислења дека автор на романот „Сатирикон“ е некој друг Петрониј, а некои тврдат дека живеел во сосема друго време.<ref>Божидар Ковачевић, „Петроније и његова књига сатира“, во: Петроније Арбитер, ''Гозба Трималхионова''. Београд: Нолит, 1957, стр. 79-80.</ref>
 
==Творештво==
Петрониј е автор на духовитиот културно-историски [[роман]] „[[Сатирикон (Петрониј)|Сатирикон]]“ („Сатирска книга“), составен од 20 книги, а напишан во [[проза]] и во [[стих]]ови. Во него го критикувал [[општество]]то, вклучувајќи ги поетите и говорниците. „Сатирикон“ е едно од најдуховитите дела на [[Античка книжевност|античката книжевност]], но од него се сочувани само фрагменти. Најголемиот сочуван дел е „Трималхионовата гозба“ (''Cena Trimalhionis'') во кој се опишува гозбата на богатиот сноб Трималхион во некој град во Јужна [[Италија]]. Ракописот во кој се наоѓа овој фрагмент е пронајден во [[Трогир]], во [[17 век]], а денес се чува во [[Париз|париската]] [[библиотека]].<ref>„Petronije Arbiter“,name="Petronije во: ''Rimska lirika''. Beograd: Rad,Arbiter 1964, стр. 102.<"/ref>
 
== Наводи ==