Шон Пен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 1:
'''Шон Пен''' ([[англиски]]: ''Sean Penn'') ([[17 август]] [[1960]], [[Лос Ангелес]], [[Калифорнија]], [[САД]]) - американски филмски [[глумец]].
 
==Животопис==
==Биографија==
Во [[1985]] година, Шон Пен се оженил со музичката ѕвезда [[Мадона]] со која имал бурен брак, а во [[1987]] година одлежал и [[затвор]]ска казна од 33 дена, затоа што удрил еден обожавател, кој премногу се доближил до неговата сопруга. Следната година, Мадона повикала [[полиција]], откако Пен ја нападнал физички, а во [[1989]] година, нивниот [[брак]] пропаднал.
Пен по вторпат се оженил во [[1996]] година со актерката Робин Рајт, а по [[свадба]]та, тие се преселиле во едно предградие во Северна [[Калифорнија]], со цел да живеат мирен живот, надвор од очите на јавноста. Нивниот брак завршил со развод во [[2010]] година, а од него произлегле ќерката Дилан и синот Хопер. Подоцна, Пен стапил во врска со актерката [[Шарлиз Терон]].<ref name="ReferenceA">Наташа Спирова, „Вљубен сум во Шарлиз, би се женел и третпат“, ''Антена'', број 874, 27.3.2015, стр. 10-11.</ref>
==Кариера==
Шон Пен се појавил во јавноста во [[1980]]-тите години, како дел од генерацијата која ја сочинуваа [[Роб Лоу]], [[Том Круз]], [[Мет Дилон]] итн., а тој важел за „лошото момче“ во таа група, познат по тоа што возел мотор облечен во кожна јакна, се расправал со [[режисер]]ите и со филмските студија, а физички се пресметувал и со папараците. Сепак, обдарен со голем дарба, тој станал познат по својата методска и трпелива работа на улогите, на кои им се посветувал со месеци.
 
Пен има настапено во голем број филмови, а двапати ја добил наградата „[[Оскар]]“, и тоа, еднаш за улогата во филмот „[[Мистична река]]“, а вториот пат за улогата во филмот „Милк“.<ref>Наташа Спирова, „Вљубен сум во Шарлиз, би се женел и третпат“, ''Антена'', број 874, 27.3.2015, стр. 10-11.<name="ReferenceA"/ref>
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Американски глумци]]
[[Категорија:Родени во 1960 година]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Шон_Пен