Цветан Димов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 37:
'''Цветан Димов''', познат меѓу народот како '''Целе Чаирчанец''', ([[Скопје]], {{роден на|5|март|1910}}<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 471 стр.</ref> - {{починал во|Скопје}}, {{починал на|9|јули|1942}}) — [[македонци|македонски]] [[комунизам|комунист]], синдикалец, и учесник во [[НОБ]]. Заедно со [[Орце Николов]] бил еден од најистакнатите организатори на работничкото и комунистичкото движење во Скопје помеѓу двете светски војни. По Ослободувањето, на [[26 јули]] [[1945]] година, е прогласен за [[народен херој на Југославија]],<ref name="spomenkniga">„Беа, загинаа, останаа“ - спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртвите на фашизмот - Скопје, 1969, 10 стр.</ref> како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Орце Николов, [[Стеван Наумов - Стив]], [[Мирче Ацев]], [[Страшо Пинџур]], [[Христијан Тодоровски - Карпош]] и [[Кузман Јосифовски - Питу]]).
 
==Животопис==
==Биографија==
=== Рани години ===
Цветан Димов е роден на [[5 март]] [[1910]], а во други извори се наведува [[1909]] година. Цветан Димов е син на Ѓорѓија и Коца Димови, сиромашно скопско семејство кое живеело во [[Чаир]]. Семејството се занимавало со [[градинарство]], но често работеле на туѓи земјишни поседи. Своето основно образование во започнал во Скопје и постигнувал солидни резултати, за што неговите родители биле пресреќни. Бидејќи семејството било многу сиромашно, со тага го известиле Цветана дека мора да го напушти образованието и да почне да изучува [[занает]]. Цветан со тешко срце ја прифатил суровата реалност на тогашното време. Започнал да работи како чирак кај различни мајстори и тогаш прв пат ја почувствувал суровата положба на [[работничка класа|работничката класа]]. Калфа станал на 17-годишна возраст и веќе имал определена дневница, која ни приближно не била доволна за дадениот труд.<ref name="херои">„Народни херои од Македонија“, „Наша книга“, Скопје, 1973, стр. 115-119</ref>
 
Набрзо по станувањето калфа, Цветан запознал некој синдикален белградски активист. Од него Димов дознал дека работниците во другите градови се организирале во [[синдикат|синдикати]]и за да ги бараат своите работнички права. Од човекот добил разни летоци, брошури и книги. Одреден дел од овој период на неговиот живот Димов го поминал во [[Кленовиќ]], каде се лечел од [[туберкулоза]]. Иако не бил физички присутен, сепак бил во тек со синдикалните активности во Скопје. Своите синдикални и работнички идеали ги истакнувал и јавно во санаториумот каде се лекувал.<ref name="херои"/>
 
=== Активизам===
По враќањето од лекување во Скопје, Димов поактивно и поинтензивно започнал да контактира и соработува со истакнати револуционери, како што бил на пример [[Кочо Рацин]]. Неговата активност во рамките на движењето била забележана од Партијата.<ref name="херои"/> Пред [[Втората светска војна]] работел како [[шивач]] и истакнат работнички организатор во [[Скопје]], организирајќи разни [[штрајк]]ови. Во [[1926]] е примен за член во [[СКОЈ]], од [[1928]] година бил синдикален активист, а во [[1933]] година станал член на [[КПЈ]].<ref name="spomenkniga">„Беа, загинаа, останаа“ - спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртвите на фашизмот - Скопје, 1969, 10 стр.</ref> Тој се покажал како добар организатор и тој се јавува како еден од иницијаторите за основање на Културно-уметничкото друштво „Абрашевиќ“. Друштвото се расширило низ целата територија на Македонија и во него членувале видни граѓани, особено понапредни студенти и работници. Поради својата истакнатост и ангажираност, Димов пронашол големи непријатели кај полицијата од една страна и социјалдемократите од друга страна.<ref name="херои"/>
 
Во тој предвоен период се разгорила [[Шпанска граѓанска војна|Шпанската граѓанска војна]] и Димов бил цврсто решен да се пријави како активен борец во таа војна. Сепак, неговите најблиски другари и кревкото здравје го спречиле да замине за Шпанија.<ref name="херои"/>
 
Во [[1936]] година Димов станал член на Меѓуструковиот синдикален одбор на Скопје, а во 1939 година станал член на Месниот комитет на [[Комунистичка партија на Југославија|КПЈ]], на Покраинскиот комитет на КПЈ во Македонија (од летото [[1939]] година) и секретар на Покраинскиот одбор на Црвената помош (1939).<ref name="херои"/> Како член на партиските органи, Димов добива поголем број задачи кои ги исполнува успешно и конспиративно. Тој пронаоѓал различни начини и методи за активација на населението и привлекување на работниците. Димов организирал излети во и околу Скопје. Оваа нова форма на масовни собирања, покрај културно-забавниот карактер, биле користени и за целите на работничките движења.<ref name="херои"/>
 
Така, во очите на власта, Димов бил голем непријател и борец против власта. Сепак, тој не застанал со своите активности, па така, организирал големи протести против изборите во Југославија. Тие протести биле посетени од илјадници работници. Последователно на протестите се појавиле поголемиот број штрајкови во Скопје. Најголем од штрајковите бил [[штрајк на металските работници во Скопје |штрајкот на металските работници]] кој траел цели 40 дена. Овој штрајк бил раководен од самиот Цветан Димов. Штрајкот завршил со победа на работниците, за кој тој ќе рече:<ref name="херои"/>
 
{{Цитатник|Секој штрајк е школа за борбено кршевање на работниците. Ако правилно ги извлекуваме и користиме успесите и неуспесите на штрајковите, ние ќе се оспособиме за вистински раководители на народот.<ref name="херои"/>}}
Ред 74:
{{Народни херои на Македонија}}
{{Добра статија}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Димов, Цветан}}
[[Категорија:Луѓе од Скопје]]