Димитар Богоевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
референца
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 14:
'''Димитар Богоевски - Мите''' ([[Болно]], {{роден во|Ресенско}}, {{роден на|31|октомври|1919}} - [[Болно]], {{починал на|12|септември|1942}}) — македонски [[комунист]] и [[поет]], [[народен херој на Југославија]]. Уште на млади години се вклучил во прогресивните движења, а неговата политичка активност била следена од полицијата и затоа бил прогонуван, апсен и затворан во Битола и во Белград.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973.</ref>
 
==Животопис==
==Биографија==
Боговески е роден во [[ресенско]]то село [[Болно]] на [[31 октомври]] [[1919]] година во печалбарско семејство. Основно образование завршил во родното село и во [[Ресен]], а во [[Битола]] завршил Трговска гимназија. [[1939]] година се запишал на Економскиот факултет во [[Белград]], но поради финансиски причини го напуштил и се вратил во родното место.
 
Во [[1937]] година станал член на [[СКОЈ]] во штотуку формираната скоевска група во училиштето. Во [[1939]] година станува член на [[Комунистичка партија на Југославија|Комунистичката партија на Југославија]], а подоцна е секретар на регионалниот комитет на КПЈ за Ресен. Поради својата револуционерна активност во [[1940]] година е уапсен од српската полиција и затворен во [[Белград]] на [[Ада Циганлија]]. Поради недостиг на докази е пуштен. Во [[1942]] година е уапсен од бугарска полиција во [[Ресен]]. По суровото мачење е ослободен.
 
Во текот на своето образование, Димитар Богоевски се истакнувал со својот талент за цртање, резбарство, како и со својата поезија. Како поет, тој за првпат се пројавил во [[1935]] година во прогимназијата во Ресен.
Ред 34:
Богоевски напишал повеќе песни, но најголем дел од неговото творештво е изгубен.<ref>[https://www.slobodnaevropa.mk/a/24729416.html ''Не се знае каде е творештвото на Мите Богоевски'']</ref> Во 1935 година додека учел во Ресен за прв пат се претставил како поет и тоа со песните „Осамотен патник“, „Несреќен Илија“, „Покрај река“, „Мало коњче“ и „Два врапци“. Познат како „Момчето од Болно“, со изразити македонски национални чувства, пред малата матура ја рецитирал својата незачувана песна „Легенда за Македонските Славјани“, а слична била и незачуваната песна „Богомили“.
 
Постои сомнеж, дека по неговото самоубиство, околу педесеттина Македонски патриотски необјавени песни и роман се однесени во Бугарија. До денес во Македонија се зачувани неговите песни: „Сат“, „Ученичка тетратка“, „Покрај река“, „Висибаба“, „Спроти Илинден“ (1938), „Стојанка млада партизанка“, „Триесет и девет минаја“ (напишана по повод влегувањето на одредот „Даме Груев“ во с. [[Смилево]] на Илинден 1942 година), „Разделвачка“ (објавена во весникот „Наша реч“ во 1940 година) и др. Во [[1940]] година тој испратил голем број стихотворби во весникот „[[Наша реч]]“ во [[Скопје]], но била објавена само песната „Разделвачка“. Редакцијата имала намера да му издаде збирка со неговите песни, но во меѓувреме весникот престанал да излегува. Тогаш се изгубила целата архива на весникот, а со тоа и трагата на неговите песни. Во пролетта 1942 година, Богоевски ја напишал песната „Партизанка“, која и заедно со песната „Спроти Илинден“ ги размножил на машина. Подоцна „Партизанка“ станала една од најпопуларните народни песни во Преспанско.
 
== Наводи ==
Ред 41:
== Надворешни врски ==
* [https://makedonskijazik.mk/2011/04/%d0%bc%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8.html „Мите Богоевски – живот и творештво“], „Македонски јазик“
* [http://www.cybermacedonia.com/bmitebog.html Биографија на Мите Богоевски (на англиски јазик)]
 
{{Народни херои на Македонија}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Богоевски}}
[[Категорија:Дејци на КПЈ]]