Тадеуш Ружевич: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB |
||
Ред 26:
'''Тадеуш Ружевич''' ({{lang-pl|Tadeusz Różewicz}}) ({{роден на|9|октомври|1921}} - 24 април 2014) - [[Полска|полски]] [[поет]], прозаист, [[Драмска уметност|драмски]] [[писател]] и [[сценарист]].
==Животопис==
Тадеуш Ружевич е роден на 9 октомври 1921 година во [[Радомско]], [[Полска]]. Во текот на [[Втората светска војна]], заедно со неговиот брат Јануш (кој исто така бил поет), Тадеуш бил војник во рамките на [[партизан]]ската [[Антифашизам|антифашистичка]] [[Народна армија]]. За разлика од Јануш, кој бил погубен од [[Гестапо]] во [[1944]] година, Ружевич ја преживеал војната. По војната, студирал [[историја на уметноста]] на [[Јагелонски универзитет|Јагелонскиот универзитет]] во [[Краков]]. Ружевич бил скромен човек, кој ги избегнувал големите [[град]]ови и општественито ангажман, а од 1968 година живеел во [[Вроцлав]]. Тој бил член на [[Полска академија на уметностите|Полската академија на уметностите]] и почесен доктор на науки на најзначајните полски [[универзитет]]и.<ref name="Tadeuš Ruževič 2013">„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327.</ref>
==Творештво==
Ружевич ѝ припаѓа на првата генереација полски поети. Почнал да пишува [[поезија]] уште во гимназискиет денови, првите песни се ги објавил во [[1938]] година, продолжил да пишува додека бил [[партизан]], а а неговото официјално деби го претставува збирката „[[Немир (книга на Тадеуш Ружевич)|Немир]]“ од 1947 година.<ref
Созреан во борбата против [[нацисти]]чкиот окупатор, целата поезија и поетика на Ружевич произлегува од визијата на [[војна]]та и [[смрт]]та. Во една прилика, тој напишал: „Не можев да разберам дека поезијата постои иако е убиен [[човек]]от. Убиен е оној кој ја доведол [[поезија]]та во живот, договорениот [[јазик]] што треба да го изрази она што не може да се изрази... Со сомнеж гледам на тие остварувања. Ги составив од остатоците на зборовите кои преостанаа, од незаменливите слики, од големото буниште, од големите гробишта. Ми се чинеше дека јас сум првиот човек кој рече „добар ден“, „вода“, „сонцето изгрева“. Создавав поезија за преплашените и ослепените. Учевме да зборуваме од почетокот. Тие и јас.“ Навидум, Ружевич е мрачен поет. Тој не се обидува да поетизира. Нему му е туѓо секое поетизирање, музицирање, сликање. Тој се обидува да ја најде основната нишка на поезијата која, според него, не се наоѓа ниту во [[музика]]та, ниту во [[метафора]]та. На вистинскиот поет таквите елементарни песни му се појавуваат еднаш или двапати во животот. Затоа, тој ја бара вистинската песна и вистинскиот [[збор]]. Токму затоа, во неговите песни многу е важна формата. Впрочем, една негова поетска збирка се вика „[[Форми (Ружевич)|Форми]]“. Ружевич го крши стихот, го отфрла сето она што му делува непотребно и го сака само чистиот, елементарен збор. Се обидува од елементите на зборот да создаде нова целина. Со нивна помош, тој сака да дојде до тишината и до разјаснувањето. Ружевич се смета за класик на [[Полска поезија|полската поезија]] и од него учеле речиси сите помлади полски поети. Тој открил нови изразни можности на полскиот стих, така што дури и оние поети кои не се свесни за неговото влијание, всушност, во голем мера му должат нему.<ref>''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 169-170.</ref>
Поезијата на Ружевич е израз на трагичноста на поединецот, изгубен во светот во кој доминираат масовната смрт и цивилизацискиот униформизам. Како јунак во неговите песни се јавува [[човек]]от кој е загрозен од деградацијата и општиот хаос. Ружевич пее и за обичните [[чувства]] и вредности, како што се: [[љубов]]та кон родителите, добрината, секојдневните предмети итн. Формално, тој е следбеник на [[авангарда]]та. Во неговиот опус преовладуваат песните со слободен [[стих]], чија конструкција критичарите често ја нарекуваат [[кубизам]], зашто според значењето и композицијата, секоја строга претставува посебна [[коцка]]. Неговиот интерес за ликовната уметност го довела и до [[Постмодернизам|постмодернизмот]]. Со примена на постмодернистичкиот метод, тој дошол до неговиот познат пронајдок - буништето, т.е. храбро ги отфрлил вообичаениет изразни средства и настојувал да го уништи поетскито контекст на стихот. На тој начин, тој го создал т.н. ружичевски стил кој [[Јулијан Пшибош]], главниот претставник на [[Краковска авангарда|Краковската авангарда]], го нарекол „турпизам“ или „естетика на грдото“, а токму поради тоа, во 1968 година ги прекинал односите со Ружевич. Меѓутоа, токму благодарение на својот стил Ружевич извршил големо влијание врз многу полски и странски поети.<ref name="ReferenceA">„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 328.</ref>
==Библиграфија==
===Поезија===
Ружевич е автор на поголем број поетски збирки, како:<ref
* Немир (Niepokój, 1947)
* Црвената ракавица (Czerwona rękawiczka, 1948)
Ред 85:
{{Добитници на Златен венец}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ружевич, Тадеуш}}▼
{{Нормативна контрола}}
▲{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ружевич, Тадеуш}}
[[Категорија:Полски поети]]
[[Категорија:Полски писатели]]
|