Разлика помеѓу преработките на „Киевски Рус“

Одземени 12 бајти ,  пред 1 година
с
→‎Киевска Русија во време на Јарослав Мудриот: Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB
с (правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB)
с (→‎Киевска Русија во време на Јарослав Мудриот: Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB)
== Киевска Русија во време на Јарослав Мудриот ==
 
Од 1019 до 1054 година киевски кнез бил Јарослав I Владимирович, познат како [[Јарослав Мудриот]]. Тој бил син на големиот киевски кнез Владимир, кој ги покрстил Русите во 988 година, а негов брат бил [[Мстислав Владимирович Велики]] (умрел во 1036 год.), кнез тмуторокањски и черниговски. Јарослав бил наречен Стари за да се разликува од другите кнезови кои живееле подоцна (на пример, Јарослав Всеволодович Черниговски). Јарослав Мудриот бил оженет со византиската кнегиња Ана, синот Свјатополк го оженил со ќерката на полскиот крал Болеслав, ќерката Ана ја омажил со францускиот крал [[Анри I]], другата ќерка Елисавета со норвешкиот крал Харалд,<ref>„Коментари“, во: ''Слово за походор Игорев''. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 48-49.</ref> сестрата Марија ја омажил за полскиот кнез, а синот Всеволод го оженил со ќерката на [[Византиски император|византискиот императорцар]] [[Константин IX Мономах]]. Јарослав бил погребан во киевската црква Св. Софија, во [[мрамор]]ен [[саркофаг]].<ref>„Коментари“, во: ''Слово за походор Игорев''. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 49.</ref>
 
Во неговото време продолжило издигањето на Киевска Русија која станала една од најнапредните држави во [[Европа]]. Тој водел борба против одредени феудалци кои сакале да се осамостојат. Таков бил случај со неговиот брат Свјатополк. Тој исто така се плашел од барањето на [[Новгород]] за автономија. Тој постигнал договор со собранието на Новгород со кој тој ја осигурал приврзаноста кон централната власт. Но сепак, со посебна повелба ја гарантирал автономијата на Новгород. „Кнезовите на Новгород при стапувањето на должноста морале да му се заколнат на повелбата на кнезот Јарослав“<ref>Ова стои во повелбата во која се дефинираат односите меѓу кнезовите на Новгород и кнезот Јаросалав</ref>. Потоа влегол во конфликт со својот внук Брајчаслав. По неуспешниот обид да го порази со оружје тој направил спогодба со него во која тој ја признал врховната власт на Киев но ја сочувал внатрешната самоуправа. Јарослав ја зајакнал позицијата на Руската црква. Во 1037 година, по повод победата над [[Печенези]]те, Јарослав Мудриот ја подигнал катедралната [[Црква (објект)|црква]] [[Св. Софија (Киев)|Св. Софија]]. Исто така, бил основан и [[манастир]] наречен „Киевската лавра“ кој станал културно жариште. Во 1051 година, кнезот Јарослав, без да побара дозвола од цариградскиот патријарх, за митрополит го поставил рускиот свештеник Иларион. Тоа било прв обид за осамостојување на руската црква од врховната власт на [[Цариградска патријаршија|Цариградската Патријаршија]]. Со јакнењето на [[христијанство]]то се зајакнувал и културниот живот на Киевска Русија. Биле преведувани книги донесени [[Македонија]] и [[Бугарија]]. Биле преведувани книги од грчки на старословенски јазик. Се создала руска црковна книжевност. Се развило и пишување на летописни записи во [[Киев]] и Новгород. Се појавиле првите житија како: биографија на убиените Свјатополкови браќа, Борис и Гилеб. Во 1036 година излегол првиот дел од списанието „Руска правда“.