КГБ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: бизнисменот → стопанственикот using AWB
Ред 12:
Државниот политички директорат успеа да ја прошири шпионажата во и надвор од државата, а на Сталин му додели личен телохранител. Каприците од паранојата на Сталин негативно се одразија врз работата на Државниот Политички директорат во 30-те години. Сталин побара да му бидат доставувани резултатите од разузнавачките информации со цел да го смири стравот од било каков заговор против него. Поновата историја на КГБ кулминира со Големата чистка ( 1936-1938 година) со убивањето на голем број цивили , воени лица и луЃе од владата кои ги сметале за недоверливи. МеЃу убиените се шефот на НКВД- тајната полицијаа на Советскиот Сојуз - Герник Јагода, Николај Ежов, а подоцна и Лаврентиј Берија. Иронично е тоа Што Ежов го обвинил Јагода за извршениот голем терор од 1937 и 1938 година, познат под името Ежовштина, односно немилосрдна ,,ера на Ежов,,.
Во 1941 година , под раководство на Лаврентиј Берија Државниот Политички Директорат беше преименуван во Народен Секретаријат за државна безбедност. Сепак , Народниот Секретаријат за државна безбедност продолжи да се занимава со задоволување на каприците на Сталин во врска со неговиот страв од заговор , додека истовремено го постигна својот најголем успех на западот. Подоцна ,министерот за надворешни работи Вјачеслав Молотов направи централизација на агенциите за разузнавање преименувајки го Народниот Секретаријат за државна безбедност во КИ (Комитет за информации) во чиј состав влегоа Министерството за државна безбедност и Директоратот за воено разузнавање. Всушност самото поставување на пратеник за прв човек на Министерството за државна безбедност и Директоратот за воено разузнавање значеше дека власта ги презема разузнавачките операции под свое влијание. Комитетот за информации престана да постои кога Молотов панда во немилост на Сталин. Иако формално престана да постои , Комитетот за информации претставуваше важна потпора за советските агенти кои успеаа да се инфилтрираат во своите разузнавачки цели.
Сакајки да го наследи Сталин по неговата смрт во 1953 година, министерот за внатрешни работи Лаврентиј Берија ги соединил Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна безбедност. Предвидувајки државен удар ,Президиумот на Советската влада по брза постапка го елиминирала Лаврентиј Берија обвинувајки го за извршување на криминални дела против партијата и државата. По тој настан Министерството за државна безбедност било преименувано во КГБ и станало независно од Министерството за внатрешни работи. Свесен за амбициите на шефот на агенцијата за разузнавање, генералниот секретар на Советската Комунистичка партија - Леонид Брежнев лесно успеал да се справи со Александар шелепин -човекот кој го помогнал државниот удар против ХруШчов во 1964 година. После изборите Штитеникот на шелепин - Владимир Семичастниј бил симнат од позицијата шеф на КГБ , а самиот Шелепин бил разрешен од функцијата шеф на Комитетот на партијата и поставен на чело на трговскиот синдикат. Во 80-те години движењето за слобода наречено ,, Гласност,, било причина првиот човек на КГБ - Владимир Хрушчов да изведе обид за државен удар против владата на Горбачов. Сепак , непопуларноста на КГБ меѓу народот била една од главните причини за падот на популарноста на режимот на Советската Комунистичка партија. КГБ официјално престана да постои по неуспеШниот државен удар изведен на 6 Ноември 1991 година. Наследници на КГБ се Тајната полиција за државна безбедност на Руската федерација и Службата за надворешно разузнавање.
 
=== КГБ за времето на Втората светска војна ===
Ред 40:
 
=== Значајни активности ===
 
 
-Во акцијата ,,Доверба,, Државниот политички директорат успеал да намами одредени лидери на десницата и истовремено поддржувачки на ,, Белото движење,, да дојдат во Советскиот Сојуз, сакајки да се ослободи од нив.
Ред 47 ⟶ 46:
-КГБ исто така имала подготвено оружје и разработено планови за саботажа во случај на војна.
Во 1960-те години според информациите на шпионот во КГБ Анатолиј Голитсин биле поставени кртови на 2 позиции ( одделот за контра-разузнавање во ЦИА и ФБИ) со чија помош би се откриле и избегнале обидите за апсење на агентите на КГБ. Покрај тоа, КГБ по изврШената проверка на своите странски разузнавачки извори заклучила дека може да им верува на своите кртови во ЦИА. Ако погледнеме кон минатото Ќе забележиме дека Шефот на ЦИА - Енглтон залудно го изгубил работното место во ЦИА , бидејки го сметале за параноичен во врска со предавниците во своите редови. Тоа било докажано со апсењето на Олдрич Ејмс и Роберт Хенсен.
Во некои случаи КГБ самостојно или со помош на тајните служби со кои соработувала, извршувала атентати врз непријателите на Советскиот Сојуз ( авионската несреќа и загинувањето на Даг Хамарскјелд , труењето на бугарскиот шпион Георги Марков во 1978 година, атентатот на Борис Корцак и наводниот атентат на папата Јован Павле Втори во 1981 година.
 
Офицерот со највисок ранг во комунистичкото разузнаваштво кој дезертирал - генералот Михаил Пацепа изјавил дека претседателот на Комунистичката партија на Романија - Никола Чаушеску му ги доверил имињата на луЃето кои официјален Кремљ ги има убиено или има план да ги убие. Помеѓу нив се наоѓале и Лазло Рајк и Имре Наѓ од Унгарија, и и Георгију Деж од Романија; Рудолф Слански, претседателот на Чехословачка,и шефот на дипломатијата Јан Масарик; иранскиот шах [[Мохамед Реза Пахлеви]], [[Палмиро Тољати]] од Италија, Претседателот на САД, [[Џон Кенеди]] и [[Мао Це Тунг]] од Кина. Исто така тој изјавил дека според вработените во Московското разузнавање преку сателит КГБ било вмешано во атентатот на претседателот Кенеди. Кон средината на 1970-те години КГБ тајно се обидела да купи 3 банки во Северна Калифорнија за да дојде до тајни во врска со високата технологија. Сепак, нејзините обиди биле спречени од страна на ЦИА. Се работело за националната банка Пенинсула во Брлингејм, прватанационална банка во Фресно и Националната банка Тахо во Солт лејк Тахо. Голем број на директори на компании за напредни технологии биле клиенти на овие банки и од нив имале земено големи суми на заем. За таа цел, КГБ користела средства од народната банка на Москва , а како купувач и посредник во процесот стоело името на бизнисменотстопанственикот Амос Дејви.
 
Структура на КГБ
Ред 74 ⟶ 73:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:КГБ]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/КГБ