Гален: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична Исправка, replaced: Римската Империја → Римското Царство, Римската империја → Римското Царство using AWB
с Јазична исправка, replaced: Римското царство → Римското Царство (2) using AWB
Ред 19:
Во 162 година, Гален отишол во Рим, како веќе познат лекар-практичар. Неговите методи во медицината биле противречни на поконзервативната пракса на неговите колеги од Рим, што било причина за конфликт со етаблираниот медицински круг во главниот град на империјата. Кога непријателството помеѓу нив станало сериозно, плашејќи се да не биде протеран или отруен, тој го напуштил Рим.
 
Во 161 година, Рим влегол во војна, имено императорите [[Марко Аврелиј]] и [[Луциј Вер]] на северните граници од Римското царствоЦарство се бореле против германското племе Маркомани.<ref>{{Наведено списание|last=Evans|first=Elizabeth C|date=1945|title=Galen the Physician as Physiognomist|url=|journal=Transactions and Proceedings of the American Philological Association|volume=76|pages=287-298}}</ref> Во есента 169 година, кога римските војници се враќале во [[Аквилеја]], избувнала чума, поради која римскиот император побарал од Гален да се врати во Рим. Од него било побарано да ги придружува Марко Аврелиј и Луциј Вер во походот во Германија како дворски лекар. Следната пролет, по барање на храмот Асклепион, кој бил против таквото ангажирање на Гален, Марко Аврелиј бил принуден да го ослободи Гален од таа должност. Тој бил оставен да работи како лекар на престолонаследникот [[Комод]]. Во тој период Гален интензивно пишувал од областа на медицината. Иронично, и двајцата императори, прво Луциј Вер во 169 година, а потоа и Марко Аврелиј во 180 година, починале од чумата.
 
Гален бил личен лекар на императорот Комод до крајот на неговиот живот, лечејќи го од обични и чести заболувања. Според историчарот Касиј Дион, околу 189 година, за време на владеењето на Комод, избила епидемија на чума во Рим, со исклучително висок морталитет, кој достигнувал и до 2000 починати во текот на еден ден во Рим, кога епидемијата била на својот врв. Веројатно таа била истата епидемија која се случила за време на владеењето на Марко Аврелиј.
Ред 27:
=== Антониниевата чума ===
[[Податотека:Galenosgruppe_(Wiener_Dioskurides).jpg|мини|Група на лекари насликани на една од сликите на Виенскиот диоскорид; Гален е прикажан горе, во средина.|алт=]]
Антониниевата чума е наречена според презимето на императорот Марко Аврелиј – Антониниј. Епидемијата се нарекува уште и Галенова чума, затоа што се случила во времето на Гален, а и самиот тој бил повикан да преземе мерки за нејзина санација. Тој имал можност непосредно да се запознае со епидемијата при нејзиното првично ширење во 166 година во Рим, и подоцна меѓу 168-169 година при нејзиното повторно избувнување во редовите на римската војска стационирана во Аквилеја. Тој ги опишал симптомите на болеста и третманот, истакнувајќи го нејзиното долго траење. За жал, неговите наводи за болеста биле кратки и расфрлени, и според нив не може да се заклучи која болест била причина за тешката епидемија. Неговата заинтересираност за епидемијата била главно фокусирана на нејзиниот третман. На пример, во описот на заболен млад човек, во текот на епидемијата, тој се концентрирал на третманот на внатрешните и надворешните улцерации. Епидемијата, која започнала за време на владеењето на Марко Аврелиј, била погубна за Римското царствоЦарство. Стапката на морталитет била меѓу 7-10%, а во периодот меѓу 165-168 година, таа била причина за смрт на 3,5 до 5 милиони луѓе. Според германскиот историчар Ото Зеек, околу половина од популацијата на Римското Царство во тој период починала од епидемијата. Американскиот историчар на стариот век, Џ. Ф. Гилијам, верува дека оваа епидемија однела повеќе животи отколку било која друга епидемија во империјата до средината на третиот век. Се смета дека причината за Галеновата епидемија била големата сипаница. Податоците кои ги оставил Гален не се доволни за да се даде точна дијагноза на болеста која ја предизвикала оваа епидемија.
 
Гален опишал црн егзантем кој го покривал целото тело на болните. Егзантемот на места каде не егзулцерирал станувал груб и крастав. Тој тврдел дека лицата кои имале црн осип обично преживувале и, според Гален, тој станувал црн поради путрификација на заостанатата крв во гнојните меури. Галеновиот опис на осипот многу потсетувал на описот на ист таков кој го дал старогрчкиот историчар [[Тукидид]]. Гален дал опис и на промените во дигестивниот систем преку опис на [[дијареја]]та и изметот кај пациентите. Изметот бил црн кај пациентите кои умирале, а исходот на болеста зависел многу од тежината на интестиналните лезии. Тој забележал дека во случаите каде изметот не бил црн, избивал црн осип. Гален опишал симптоми на грозница, повраќање, лош здив, кашлица и улцерации на грлото и душникот кај оваа болест.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гален