Историја на уметноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
с →‎'''Бронзено Доба''': Јазична Исправка, replaced: Римската империја → Римското Царство using AWB
Ред 19:
==='''Бронзено Доба'''===
Последната праисториска фаза е бронзеното доба, со употребата на елементи како бакарот, бронзата и железото што се покажале како голема материјална трансформација за овие антички општества. Во бакарната доба се појавил мегалитот, камени споменици односно долменот и менхирот или англискиот круг од исправени мегалити, како во прекрасниот комлекс на Стоунхенџ. Во Шпанија е формирана Лос Миларес културата, окарактеризирана преку Културата на Пехари и насликани човечки фигури со големи очи. Во Малта, забележливи се комплексите на храмови на Мнаџра, Тарксиен и Гантија. На Балеарските Острови се развиваат забележливи мегалитски култури, со различни типови на споменици: навета-гробница во облик на скратена пирамида со со издолжена одаја; таула- два големи камења, едниот поставен вертикално и другиот хоризонтално едно над друго; и талаиот- кула со покриена комора и лажна купола.
Во времето на железното доба, културите на Халстат (Австрија) и Латен (Швајцарија) ги одбележуваат значајните фази во Европа. Првата се развива помеѓу 7 и 5 век п.н.е. со некрополата со тумулски гробови и дрвена гробна одаја во форма на куќа,често придружени од количка со четири тркалца. Керамиката е со геометриски декорации и поставки од метални орнаменти. Латенот се развива помеѓу 5-ти и 4-ти век п.н.е. и е попознат како рана Келтска уметност.Се прават многу железни редмети како мечеви и копја кои не траеле многу, но бронзата продолжува да се користи за декорирање на штитови, фибули и други предмети во различни етапи во еволуцијата на стилот (Латен I,II и III). Начинот на декорирање потекнува од грчката, етрурската и скитската уметност. Доаѓањето на РимскатаРимското империјаЦарство го доведува овој стил до својот крај на повеќето континенти.
 
<gallery>