Петар Велики: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Османлиската Империја → Османлиското Царство (2) using AWB
с →‎Големата северна војна: Јазична исправка, replaced: Османлиска империја → Османлиско Царство using AWB
Ред 105:
Претрпувајќи неколку тешки воени порази, полскиот крал [[Август II]] во 1706 абдицирал. Карло XII ја нападнал Русија во [[1708]] година. Во јули истата година, во [[Битка кај Головкин|битката кај Головкин]] Русите доживеале пораз. Сепак во битката кај Лесној<ref name="HyV"/> Карло го доживеал својот прв пораз, и тоа откако Петар го пресретнал и уништил засилувањето, кое за Шведска тргнало од [[Рига]]. Обесхрабрен од овој пораз, Карло бил принуден да го откаже планираниот поход на Москва, меѓутоа не се повлекол во Полска или Шведска, туку тргнал кон [[Украина]]. Вештиот маневар на Петар овозможил руската војска на југ да ги уништии сите залихи на храна, кои Швеѓаните требале да ги користат на походот за Украина. Во недостатокот на храна и облека, шведската војска била уништена во зимата 1708/9.
[[Податотека:Lomonosov Poltava 1762 1764.jpg|мини|лево|300п|Битката кај Полтава, [[мозаик]] од [[Михаил Ломоносов]] (1764) Санкт Петербург. Руската Академијата на науките]]
Есента [[1709]], Швеѓаните се откажале од освојувањето на Украина и навлегле во Русија. Битката, која двата крала со нетрпение ја очекувале се одиграла на [[27 јуни]] кај [[Битка кај Полтава|Полтава]]. Петар, во таа битка, со засилувањето и модернизацијата на неговата војска од претходните години, со загуба од околу 10.000 војници целосно ја разбил шведската војска. Август II се вратил на престолот на Полска, а Карло бил принуден да избега во до тогаш неутралната ОсманлискаОсманлиско империјаЦарство, каде се обидел и успеал да го придобие султанот [[Ахмед III]], кој и објавил војна на Русија<ref name="HyV"/><ref name="3.1"/>.
 
Во 1711, Петар ги нападнал Османлиите во Молдавија и Бесарабија. За време на неговото отсуство, Думата се засилила, што на Петар не му се допаднало, па ја распуштил и формирал Сенат составен од 10 членови. Неговиот поход на Османлиското Царство се покажал како големо промашување, така што бил принуден да потпише мировен договор, со кој ги вратил сите пристанишни места заземени во 1697 година<ref name="HyV"/>. За возврат, султанот го протерал Карло од неговата империја.