Историја на Тунис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Османлиската империја → Османлиското Царство using AWB
Ред 3:
Според археолошките истражувања, територијата на денешен [[Тунис]] била населена уште од најрани времиња. На 20 километри од денешниот град [[Гафса]] била пронајдена најстарата религиозна градба на светот, стата повеќе од 40.000 години која се состои од повеќе предмети посветени на духовите и силите на природата. Во [[неолит|неолитскиот период]] на овие простори опстојувала иберско-мавританската цивилизација и капсијанската култура. Во тој период, [[Сахара]] имала далеку поплодородна и поволна клима за човечкиот развој за разлика од денес. Во тоа време Тунис започнал да билде населуван од [[Бербери|берберски племиња]]. На територијата на Тунис од страна на [[Фенекија|фенекиските населеници]] се развила голема трговска мрежа, главно по [[Средоземно море|Средоземното море]] и [[Гибралатар|Гибралатарскиот теснец]]. Една од најважните бази кои биле формирани е [[Картагина]], основана во [[814 п.н.е.]] Според легендата, градот бил основан од страна на кралицата Елиса, сестра на [[Пигмалион]].
 
Во периодот од [[6 век п.н.е.]] и [[5 век п.н.е.]], [[Картагина]] започнала да се одвојува од старограчката култура, создавајќи своја сопствена цивилизација на територијата на [[Северна Африка]] и делови од [[Средоземно море]]. Картагина се проширила и кон север и југ каде трговијата и била основната дејност. Во почетокот на [[3 век п.н.е.]] [[Картагина]] станала голема поморска и трговска сила која целосно ја контролирала трговијата и пловидбата во водите на Средоземното море. Таа поседувала и територии надвор од Африка: јужниот дел од [[Пиринејски Полуостров|Пиринејскиот Полуостров]], западна [[Сицилија]], [[Корзика]], [[Сардинија]] и [[Малта]].
 
По уништувањето на старогрчката култура од страна на [[Римска република|Римската република]], единствениот главен противник на Римјаните за контрола на Медитеранот им останал Картагина. Поради ова, во [[264 п.н.е.]] започнале т.н. [[Пунски војни]]. [[Прва пунска војна|Првата пунска војна]] се водела главно во [[Сицилија]]. Војната траела до [[241 п.н.е.]] По 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. [[Втора пунска војна|Втората пунска војна]] водена помеѓу [[218 п.н.е.]] и [[201 п.н.е.]]<ref>Chris Scarre, "The Wars with Carthage," ''The Penguin Historical Atlas of Ancient Rome'' (London: Penguin Books, 1995), 24-25.</ref> во која Картагина повторно доживеала пораз. Пунскиот водач [[Ханибал]] во почетокот постигнал големи успеси, но на крајот бил сопрен од страна на [[Скипион Африканецот]]. По [[Трета пунска војна|Третата пунска војна]], Рим целосно ја уништил Картагина во [[146 п.н.е.]] Причина за избивањето на војната биле растечкото нерасположение кон Рим во [[Шпанија]] и [[Грција]], како и подемот во поморската моќ и во богатството што го имала Картагина во 50-те години по Втората Пунска војна. По крајот на Пунските војни, земјата станала римска провинција Африка. Утика станал главен град на провинцијата. Во [[44 п.н.е.]] [[Јулиј Цезар]] одлучил на овие простори да основа колонија, но тоа се остварило во времето на [[Октавијан Август]], неколку децении покасно. По неколку години Картагина станала главен град на провинцијата. Картагина била важно подрачје за Римјаните, главно поради производството на пченица и различни житарници. Тунис станал седиште на римско-африканската цивилизација.
 
[[Христијанство|христијанствотохристијанство]]то се појавило во Тунис и [[Магреб]] во текот на [[2 век]]. Кога новата религија станала официјална за цела империја, голем број на луѓе кои не сакале да го прифатат христијанството биле или прогонувани или им биле одзимани имотите. На територијата на Африка, христијанството се проширило многу побргу за разлика од [[Европа]]. Како главна причина се гледа во улогата на црквата во втората половина на [[3 век]]. Афричката црква се развивала многу брзо, па така Картагина станала во [[4 век]] еден од поголемите духовни центри во регионот. Во текот на [[429]] година, [[Вандали|вандалскиот крал]] [[Гејсерик]] со својата војска го преминал Гибралтарскиот теснец. По десетина години влегол во Картагина и основал кралство кое опстојувало скоро еден век. Вандалите владееле со најбогатата римска провинција. Можеби нивниот најголем проблем бил регрутирањето на војници. Во [[530]] година тие биле поразени од страна на византискиот император [[Јустинијан I]], кој до [[533]] година успеал да ја зазеде целосно нивната територија. Најголемиот дел од вандалското население било заробено и депортирано. Голем дел од населението било вклучено во византиската војска. Сепак, [[Византија]] не успеела да ја зачува оваа територија, главно поради [[Бербери|берберските напади]].
 
Првите напади на Арапите на територијата на денешен Тунис започнале кон [[647]] година. Византија била поразена. Во [[661]] година бил заземен [[Бизерта]]. Во [[698]] година бил освоен поголемиот дел од територијата. За разлика од Римјаните и Византијците, Арапите ја освоиле целосно територијата на земјата. Во [[800]] година била основана династија [[Аглабида]] која владееле во наредните сто години. Тунис станал важно културно седиште во чиј центар се наоѓал [[Керуан]]. Била основана голема морска флота. Во почетокот на [[10 век]] била основана династијата на [[Фатимиди|Фатимидите]]те. Во [[921]] година бил основан градот [[Махдиа]] и прогласен за престолнина на Фатимидскиот калифат. Во [[948]] година била заземена [[Сицилија]]. Во [[972]] година тие својата престолнина ја преместиле во [[Египет]]. Распаѓањето на Фатимидската династија се случило во средината на [[11 век]], кога еден владетел добил од [[Абасиди|абасидскиот калиф]] статус на заповедник на целиот Магреб.
 
Во текот на [[16 век]] Тунис паднал во рацете на [[Османлиска империја|ОсманлискатаОсманлиското империјаЦарство]]. Во следниот век Тунис станал вазалство на империјата, со огромна независност и автономија. Во [[1869]] година Тунис прогласил банкрот, па така настапиле европските освојувачи [[Франција]], [[Италија]] и [[Велика Британија]] кои ја зазеле целосно економијата на земјата. Во [[1881]] година француската војска влегла во Тунис и за три недели ја зазел целата територија на земјата. Тунис станала фрнацуски протекторат. Во овие години во земјата биле извршени големи економски промени. Во Тунис биле изградени железнички станици, патна инфраструктура. Наспроти тоа ресурсните богатства на земјата целосно биле експлоатирани од Франција. По ова следувало создавање на првите националистички движења чија цел била добивање на независност на земјата.
 
Својата независност Тунис ја издвојува на [[20 март]] [[1956]] година.
Ред 22:
{{наводи}}
 
{{DEFAULTSORT:Тунис, историја на}}
{{Африка по тема|Историја на}}
 
{{DEFAULTSORT:Тунис, историја на}}
[[Категорија:Историја на Тунис| ]]