Отоманска Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Руско-турска војна: Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство using AWB
с Правописна исправка, replaced: Османлиската Империја → Османлиското Царство, Османлиската империја → Османлиското Царство ( using AWB
Ред 25:
Во текот на овој период биле основани неколку револуционерни организации како [[Добродетелна дружина]], [[Таен централен бугарски комитет]], [[Бугарски револуционерен централен комитет]], [[Бугарско општество]]<ref>Николова, В., Куманов, М., Кратък исторически справочник на България, Издателство „Народна просвета“, С., 1983, с. 120-121</ref>, [[Млада Бугарија]] и [[Ѓурѓевски револуционерен комитет]].
 
[[Тајниот централен бугарски комитет]] бил формиран по извршениот државен удар во [[Романија]] и соборувањерто на кнезот [[Јован Александар Куза]]. Новата романската влада побарала поддршка од бугарската емиграција. Како резултат на преговорите помеѓу двете страни, бил постигнат договор за заеднички активности против [[ОсманлискатаОсманлиското империјаЦарство]], бил потпишан и "''Закон за света коалиција меѓу Романија и Бугарија''", а во декември [[1866]] бил основан Тајниот централен бугарски комитет. За раководител на комитетот бил избран [[Иван Касабов]]<ref name="христо македонски"/>. Комитетот имал за цел формирање на бугарска држава, а притоа се дозволувало да биде зависна од Високата порта или дел од една поширока конфедерација со соседните народи. Во [[1868]] година, Комитетот ја прекинал својата работа<ref name="христо македонски">[http://promacedonia.com/hm/hm_p5.htm#n.31 Записки на Христо Н. Македонски (1852-1877)]</ref>.
 
Бугарскиот револуционерен централен комитет (БРЦК) бил основан во [[1869]] година. Дел од дејци на поранешниот Таен централен бугарски комитет заедно со приврзаниците на револуционерните идеи на [[Георги Сава Раковски]] ја основале групата [[Млада Бугарија]]. Со поддршка на оваа група во 1868-1869 година [[Васил Левски]] ги презел првите две обиколки низ бугарските земји и изградбата на револуционерни комитети во нив. Во октомври [[1869]] година бил формиран Бугарски револуционерен централен комитет (БРЦК) во [[Букурешт]]. [[Љубен Каравелов]] бил задолжен да ја создаде првата програма на Комитетот. Во 1870 г. биле создадени два центри: надворешен и внатрешен. Првиот е со седиште во Букурешт со цел да развива револуционерна пропаганда и да ги обедини силите на бугарската емиграција на чело со [[Љубен Каравелов]]. Вториот, наречен Бугарски револуционерен централен комитет (БРЦК) за Бугарија или Привременно влада на чело од [[Васил Левски]]. Тој ги насочил своите активности во бугарските земји, каде Левски развивил неуморна активност за изградба на основите на внатрешната организација. По смрта на Васил Левски настапил нов период во работата на Комитетот. Биле преземени неколку обиди за возбнова на Внатрешната организација.
Ред 33:
Во раководството на самиот комитет во Букурешт заедно со Љубен Каравелов, Кирјак Цанков и други, влегува и [[Христо Ботев]] кој станал централна фигура. Функциите на ЦК во Бугарија ги презел Русенскиот револуционерен комитет. По затворање на Генералното собрание, Стефан Стамболов се префрлил Бугарија и стапил во контакт со некои од старите револуционерни комитети. На крајот на декември 1874 година помеѓу членовите на БРЦК настапило сериозно несогласување по прашањето за насоките на идната револуционерна активност, а како резултат на тоа во летото 1875 година Љубен Каравелов бил отстранет од Комитетот. Револуционерната пропаганда му била доделена на [[Христо Ботев]]. Била развиена силна дејност за негова подготовка. Од различни причини, тоа избувнало предвреме во есента [[1875]] година и било ограничено на територијата на [[Стара Загора]], [[Шумен]] и [[Трново]], познато како [[Старозагорско востание]]. Неговиот неуспех довел до нова криза во Бугарскиот револуционерен централен комитет, а како резултат на тоа [[Христо Ботев]] поднел оставка.
 
Набргу потоа и самиот комитет се распаднал. По распаѓањето и неуспехот на Старозагорското востание предизвикал разочарување меѓу дел од бугарската емиграција, но ситуацијата на Балканот продолжила да биде погодна за вооружени акции против Високата порта. Имајќи ги предвид сериозните политички проблеми на ОсманлискатаОсманлиското империјаЦарство и продлабочувањето на Источната криза, некои од членовите на самораспуштениот Бугарски револуционерен централен комитет одлучиле да пристапат кон подготовка на ново востание во Бугарија. За таа цел тие ја изградиле во Ѓурѓевската политичка организација, во бугарската историографија позната како [[Ѓурѓевски револуционерен комитет]]. Состаноците на Ѓурѓевскиот револуционерен комитет почнале околу 11-12 ноември 1875 година и продолжиле до 25 декември. Меѓу неговите учесници се издвојувале [[Стефан Стамболов]], [[Панајот Волов]], [[Стојан Заимов]]<ref>[http://www.ometeo.net/edu/html/2010213.htm АПРИЛСКО ВЪСТАНИЕ - 1876 ГОДИНА]</ref><ref>[http://freepc.hit.bg/gurgevo.html ГЮРГЕВСКИ РЕВОЛЮЦИОНЕН КОМИТЕТ Свикване, състав, решения и политическа програма на Гюргевският революционен комитет]</ref>, [[Никола Обретенов]], [[Георги Бенковски]], [[Иларион Драгостинов]]. Раководството било во рацете на Стамболов, а Заимов ја извршувал функцијата секретар. Сите ѓурѓевски дејци биле едногласни по прашањето дека во пролетта 1876 г. требало да се организира ново востание. Затоа вниманието на Комитетот било насочено кон оние прашања од кои зависела успешната подготовка на идното востанието. Ѓурѓевските дејци не ја одредиле точната дата за кревање на востанието во Бугарија. За време на своите седници тие ја назначиле потребата од поголема флексибилност и понудиле три датуми: 18 април, 1 мај или 11 мај. Во текот на подготовките секој округ требало да го процени степенот на подготвеност и да одреди кога населението да се крене на востание. Конечната дата требало да се усогласи помеѓу раководителите на петте области. Планот на идното востание бил конечно завршен околу 25 декември 1875 г., по што Комитетот се самораспуштил, а одредените раководители се префрлиле преку Дунав и ја започнале напорна работа за подготовка на востанието.
 
== Востанија ==
Ред 47:
[[Податотека:Sanstefanska_Bulgaria.png|right|thumb|300px|Граници на Бугарија според Санстефанскиот договор]]
 
Руско-турската војна во периодот од 1877 до 1878 година довела до потпишување на [[Санстефански мировен договор|Санстефанскиот мировен договор]]. Со договорот се воспоставила автономна бугарска област во рамките на ОсманлискатаОсманлиското ИмперијаЦарство со широки овластувања, христијанска управа и право на сопствена армија. Оваа територија го опфаќала просторот помеѓу Дунав и планинскиот масив Стара Планина, регионот на Софија, Пирот и Врање во долината на [[Морава]], [[Северна Тракија]], делови на [[Источна Тракија]] и речиси цела [[Македонија (регион)|Македонија]]. Но поради противењето на Големите сили овој договор бил поништен на [[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]]. Според договорот на Отоманското Царство биле вратени териториите на [[Македонија (регион)|Македонија]] и [[Тракија]] од [[Санстефанска Бугарија]] кои ѝ биле одземени со Санстефанскиот договор во полза на Бугарија. Исто така, според претходно склучени во Руско-британски договор (од 30 мај 1878 година), територијата на Бугарија е околу три пати намалена од предвидената во Санстефанскиот договор (било решено Бугарија да се простира на територијата која се наоѓа само северно од Стара Планина). Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на [[Отоманското Царство]] а била формирена и [[Источна Румелија]] како автономна област со центар во Пловдив<ref>* Гојко Павловиќ, „Бугарија и Источна Румелија: нивните меѓународни, невладини и правна и политичка положба на 1876-1887 година“, Белград, 1907.</ref>.
 
== Обединување и независност ==