Санстефански договор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Поврзано: Јазична исправка, replaced: Види исто така → Поврзано using AWB
с →‎Позадина: Правописна исправка, replaced: Балканскиот полуостров → Балканскиот Полуостров using AWB
Ред 22:
По крајот на [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]] во [[Едрене]] било потпишано примирје. Уште во почетокот на Руско-турската војна ситуацијата во [[Европа]] била загрижувачка. И покрај противењето на опозицијата на чело со [[Вилијам Гладстон]] во мај [[1877]] година, Владата на [[Велика Британија]] донела одлука да се вклучи во војната на страната на Отоманското Царство во случај [[Русија]] да го нападне [[Истанбул]] и да навлезе на територијата на [[Египет]] или да ги окупира [[Дарданели]]те или [[Персиски залив|Персискиот залив]]. Руската влада брзо ја уверила на Англија дека Египет и Персискиот залив не се во нејзините планови.
 
Бидејќи стравувала од сојуз на Русија со [[Германија]] и [[Австро-Унгарија]], британската влада сакала да ја привлече [[Австро-Унгарија]] на своја страна. Во мај [[1877]] година британскиот премиер испратил таен меморандум до австро-унгарската влада која одговорила дека нема да биде согласила на една долготрајна руска заштита над [[Бугарија]]. Отворените антируски искази во Англија и несогласувањето на Хабсбуршката монархија со руските планови довело до тоа да Високата Порта побара дипломатска помош. [[Виена]] сепак ја отфрлила османлиската молба за помош бидејќи не барала начин да ја спаси империјата туку да се прошири кон Балканскиот полуостровПолуостров. Поради тоа Австро-Унгарија сакала мировниот договор по војната да биде потпишан од сите Големи сили, зад кој договор застанала и [[Велика Британија]].
 
Во февруари [[1878]] година [[Германија]] ја зазела страната на [[Русија]] бидејќи се интересирала само од слободниот превоз по [[Дунав]] и [[Дарданели]]те, а освен тоа се залагала за поробеното христијанско население на Балканот. Канцеларот [[Ото фон Бизмарк]] понудил да посредува во руско-британските несогласувања. На крајот на истиот месец министерот за надворешни работи на Австро-Унгарија се спротиставил остро против проширувањето на [[Бугарија]] на југ од [[Стара Планина]]. Во меѓувреме [[Русија]] започнала да има тешкотии и со балканските сојузници. [[Романија]] изразила незадоволство од преминувањето на [[Јужна Бесарабија]] во составот на Руската империја иако таа ја добила [[Северна Добруџа]] како компензација. Подоцна сите овие околности, вклучувајќи го и фактот што руската армија не ги ослободила [[Македонија (регион)|Македонија]] и [[Родопи]]те, ја попречиле реализацијата на Санстефанскиот договор и поради тоа истиот бил ревидиран преку Берлинскиот договор.