Трговија со луѓе: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: Види исто → Поврзано using AWB
Ред 21:
Иако постојат многу жртви кои се од беспомошни и немоќни малцинства во еден регион, тие може да доаѓаат од каде било. Не постои определен тип на жртва на трговија со луѓе. Честопати луѓето мислат дека жртвите доѓаат од сиромашни држави, но всушност тие може да се од добростоечки семејства во САД. Овој тип на криминал се случува на тој начин што многу пати луѓето не ја забележуваат, скоро и да не ја сфаќаат длабочината на проблемот.
Жените кои се во очајна ситуација се особено на мета на трговците со луѓе, посебно за сексуалната индустрија. Криминалците го искористуваат недостатокот на можности, ветуваат работни места или можности за работа или студирање, и потоа ги принудуваат жртвите да станат прооститутки. Со помош на агенти и посредници кои ги договараат патувањето и местото на работа, жените се придружувани до определените места и се предаваат на работодавците.
По пристигнувањето на одредиштето, некои жени сфаќаат дека се измамени во врска со природата на работата која ќе ја работат; повеќето биле излажани за финансискиот дел од договорите и за условите за работа и се наѓаат себеси во принудна или злоупотреблива состојба од која излезот е и тежок и ризичен. Според Министерството за правда на САД, од јануари 2007 година – септември 2008 година забележани се 1.229 инциденти со трговија со луѓе во Соединентите Држави. 83 проценти од споменатите случаи, се случаи на сексуална експлоатација.
 
Трговијата со деца често подразбира искористување на екстремната симомаштија на родителите. Родителите може да ги продадат своите деца на трговците со луѓе со цел да ги исплатат долговите или да заработат, или може да бидат прелажани во врска со очекувањата за образование и подобра иднина на нивните деца. Во Западна Африка, децата жртви на трговијата со луѓе често го имаат изгубено едниот или двајцата родители во африканската криза со СИДА-та. Илјадници машки (понекогаш и женски) деца биле принсилени да бидат деца-војници. Во студијата 07-08 на Министерството за правда на САД, повеќе од 30% од вкупниот број на случаи на трговија со луѓе за таа година биле за деца принудно вклучени во сексуалната индустрија.
 
Доколку процесот за посвојување, легален и нелегален, се злоупотреби, понекогаш тоа може да резултира со трговија со бебиња и бремени жени помеѓу Западот и светот во развој. Во написот на Дејвид М. Смолин (David M. Smolin) за трговијата со деца и скландалите со посвојување помеѓу Индија и Обединетите Држави, тој наведува дека постојат системски слабости во меѓудржавниот систем за посвојување кои оставаат простор за вакви случувања.
Ред 29:
Илјадници деца од Азија, Африка и Јужна Америка секојдневно се продавани во светската сексуална трговија. Често тие се киндапирани или постануваат сирачиња, а понекогаш дури самите семејства ги продаваат.
 
Мажите се исто така на ризик да постанат жртви на трговијата со луѓе за некавлификувана работа претежно вклучувајки присилна работа со што, според [[Меѓународна организација на трудот|Меѓународната организација на трудот]], на светско ниво остварува профит од 31 милијарда долари.
 
== Распространетост ==
Поради нелегалната природа на трговијата со луѓе и разликите во методологијата, точната бројка не е позната. Според податоците на американското Министерство за надворешни работи, „проценета е бројка од 600.000 до 820.000 мажи, жени и деца со кои секоја година се тргува преку меѓународните граници, приближно 70 проценти се жени и девојчиња и до 50% се малолетници. Податоците исто така пакажуваат дека со мнозинството од меѓународните жртви се тргува за комерцијална сексуална експлоатација.” Меѓутоа, тие кажуваат дека „алармантното заробување на луѓе за трудова експлоатација, често во сопствените држави, е форма на трговија со луѓе што тешко може оддалеку да се следи.”
 
Репортери се сведоци на рапиден пораст на проституцијата во Камбоџа, Босна и Косово откако на територијата влегоа ОН и во случајот на последните две мировни сили на [[НАТО]]. Мировните сили беа поврзани со трговијата со луѓе и присилната проституција. Поборниците за мировништво тврдат дека делувањето на поединци не треба да ги оптужува другите учесници во мисијата, но сепак НАТО и ОН беа критикувани бидејки проблемот на присилната проституција и нејзината поврзаност со мисиите не го сфаќаат доволно сериозно.
 
Во извештај од групацијата Фјучр (Future Group) од 2006 година, канадска хуманитарна организација посветена на ставање крај на трговијата со луѓе, рангираше осум индустријализирани нации и и даде на Канада ,,Ф” (F) за своето „лошо” постапување со жртвите. Во извештајот, насловен ,,Недостаток на оцени : Меѓународна студија за постапување со жртвите на трговијата со луѓе” се заклучува дека Канада „претставува меѓународен срам” кога се работи за борба со оваа форма на робување.
Ред 43:
Најчести одредишта за жртвите на трговија со луѓе се Тајланд, Јапонија, Израел, Белгија, Холандија, Германија, Италија, Турција и Соединетите Држави, според извештај на УНОДЦ (Канцеларијата за борба против дрога и криминал на ОН).
 
Главните извори на лица жртви на трговијата со луѓе ги вкучуваат Тајланд, Кина, Нигерија, Албанија, Бугарија, Белорусија, Молдавија и Украина.
 
Во извештај на групацијата Фјучр (Future Group) од 2006 година, канадска хуманитарна организација посветена на борба против трговијата со луѓе и сексуална трговија со деца, рангираше осум индустријализирани нации. Во извештајот, насловен ,,Недостаток на оцени: Меѓународна студија за постапување со жртвите на трговијата со луѓе”, Канада доби оцена Ф (F), Обединетото Кралство доби Д (D), додека Соединетите Држави добија Б+ (B+) и Австралија, Норвешка, Германија и Италија сите добија оцени Б (B) или Б- (B-).
Ред 56:
 
==== Канада ====
Во 2004 година, Канадската кралска коњица процени дека во Канада годишно се тргува со 600-800 лица и дека преку Канада во САД се тргува со дополнителни 1.500-2.200 лица. Во Канада, трговијата со луѓе во странство поради проституција е проценета на вредност од 400 милиони долари годишно.
 
=== Азија ===
Ред 65:
Ефтините проститутки од Ирак придонесоа Сирија да стане популарна дестинација за туристите кои бараат сексуални услуги. Клиентите доаѓаат од побогатите држави од Средниот Исток. За девиците се нудат високи цени.
 
Бројка од 200.000 девојчиња, многумина на возраст помала од 14 години, се продаваат како сексуално робје во Индија. Жени и девојчиња од Непал, особено девици, се омилени во Индија поради нивниот светол тен.
 
=== Африка ===
Во делови на Гана, семејство може да биде казнето за кривично дело со тоа што мора да земе жена девица да служи како сексуален роб во рамките на обвинетото семејство. Во овој случај, жената не добива статус на ,,сопруга”. Во делови на Гана, Того и Бенин, опстојува робување во храмовите, и покрај тоа што ова во Гана е нелегално од 1998 година. Во овој систем на робување како ритуално робје, понекогаш наречен ''трокоси'' (''trokosi'') (во Гана) или ''вудоси'' (''voodoosi'') во Того и Бенин, млади девојки девици ги даваат како робови во традиционалните храмови и кои се сексуално искористувани од страна на свештените лица, а покрај тоа и работат во храмот без да бидат платени.
 
Види истоПоврзано: [[Ритуално робје]]
 
=== Европа ===
Според проценките на Обединетите Нации, во Европската Унија бројката на жртви на трговијата со луѓе достгнува до 270.000. По падот на железната завеса, државите од поранешниот Источен блок како што се: Албанија, Молдавија, Романија, Бугарија, Русија, Белорусија и Украина станаа главни држави-извори за трговија со жени и деца. Често пати девојки и девојчиња се измамени да одат во побогатите држави со ветувања за пари и работа, а потоа се принудени да работат како проститутки.
 
Проценето е дека годишно 2/3 од жените, со кои за проституција се тргува насекаде низ светот, доѓаат од Источна Европа, од кои три четвртини претходно никогаш не работеле како проститутки. Главни дестинации се Западна Европа, (најчести европски дестинации се Белгија, Холандија, Германија, Италија, според УНОДЦ), Блискиот Исток (Турција, Израел, Обединетите Арапски Емирати), Азија, Русија и Соединетите Држави. Само во ЕУ, бројка од 500.000 жени од Централна и Источна Европа работат како проститутки, од кои не се сите жртви на трговијата со луѓе.
Ред 87:
Во Шпанија, во 2007 година, властите открија 1.035 жртви на сексуална трговија и 445 жртви на трудова експлоатација.
 
Во Обединетото Кралство, Министерството за внатрешни работи потврди дека во 1998 година 71 жена била принудена на проституција. Тие исто така упатуват на тоа дека вистинската бројка би можела да достигне 1,420 жени со кои се тргува во Обединетото Кралство за време на истиот период. Меѓутоа, бројките се дискутабилни бидејки според дефиницијата која во Обединетото Кралство се користи за да се идентификуваат случаи на сексуална трговија – произлегува од Актот за сексуални кривични дела од 2003 година –жртвите не мора да биле принудени или измамени. Оттука, секое лице кое се преселува во Обединетото Кралство со цел сексуална работа може да се смета за жртва на трговија со луѓе – дури и ако тоа се случило со негово/нејзино знаење и согласност. Министерството за внатрешни работи изгледа не води евиденција на бројот на луѓе со кои во Обединетото Кралство се тргува за други цели освен сексуална експлоатција.
 
Во Молдавија, која е погодена од сиромаштија, каде стапката на невработеност на жени е високи 68% и една третина од работната сила живее и работи во странство, експертите проценуваат дека по распадот на Советскиот Сојуз помеѓу 200.000 и 400.000 ѓени се продадени за проституција во странство – можеби до 10% од женското население.
Ред 93:
Во Украина, истражување од страна на НВО Ла Страда Украина (NGO La Strada Ukraine), во 2001-2003 година, засновано на пример на 106 жени со кои се тргувало надвор од Украина, откри дека 3% биле под 18 години и Министерствто за надворшни работи на САД во 2004 година објави дека инцидентите со трговија со малолетници се зголемуваат. Се проценува дека од 1991 година во странство се тргувало со пола милион жени од Украина (80% од сите невработени во Украина се жени).
 
Русија е држава-извор, транзитна држава и одредиште за мажи, жени и деца со кои се тргува за различни форми на експлоатација. Со голем број на жени се тргува прекуокеански со цел за сексуална експлоатација. Годишно, илјадници тргувни жени од Русија завршуваат како проститутки во државите од Западна Европа, Америка, Канада, Израел и Азија. ИЛО (ILO) проценува дека во Русија можеби има најмногу еден милион нелегални имигранти кои се жртви на присилна работа, што претставува една форма на трговија со луѓе. Исто така забележано е дека во Русија постои детски секс туризам; меѓутоа, органи надлежни за спроведување на закон известуваат за намалување на бројот на случаи на детски секс туризам и ова им го припишуваат на полициските истраги и соработката на Русија со спроведување на странски закони.
 
=== Океанија ===
 
Проценето е дека бројот на жртви на трговијата со луѓе во Австралија варира помеѓу 300 и 1000 годишно. Во Австралија, студија во 2004 година документираше 300 слуцаи на трговија со луѓе во период од шест месеци. Сите освен 25 жртви беа жени присилени на проституција. Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации (УНОДЦ) ја вбројува Австалија како една од 21 одредишни држави за трговија со луѓе во категоријата на главни одредишта.
 
=== Јужна Америка ===
Лошите економски услови и општествени проблеми создаваат клима која е поволна за трговијата со луѓе.
 
Интерпол проценува дека секој година 35.000 жени се тргувани надвор од границите на Колумбија, со пресметан профит од 500 милиони долари, со што таа е втора веднаш после Доминиканската Република на запад. Во Колумбија, ИОМ (IOM) и домашните невладини организации проценуваат дека меѓународните мрежи на организираниот криминал се одговорни за меѓунароната трговија со луѓе.Во рамките на државите, мрежите на организираниот криминал, некои од нив поврзани со нелегални вооружени групи, исто така се одговорни за трговија со луѓе за сексуална експлоатација или организирано питање, а вооружениот конфликт голем број на жртви на трговијата со луѓе ги направи беспомошни.
Ред 119:
Тенка е линијата помеѓу присилната и доброволната [[проституција]], и проституцијата сама по себе според многумина претставува начин на злоупотреба и форма на наслиство врз жените. Во Шведска, Норвешка и Исланд нелегално е да се плати за секс (клиентот извршува кривично дело, но не и проститутката), бидејки овие држави сите форми на проституција ги сметаат за експлоатирачки или за де факто ропство.
 
Сексуалната трговија вклучува принудување на мигрант да изврши сексуален акт како услов за дозвола или договарање на миграцијата. Сексуалната трговија вклучува физичка принуда, измама и заробување поради присилен долг. На тргуваните жени и деца, на пример, често им се ветува работа во домакинствата или услужната индустрија, но наместо тоа, тие најчесто ги носат во бордели кадешто им се одземаат пасошите и другите документи за идентификација. Тие може да бидат претепани или заклучени и слободата да им биде ветена дури откако ќе ја заработат -со проституција- нивната куповна цена, како и патните трошоци и трошоците за виза.
 
Главната причина на една жена (во некои случаи и малолетно девојче) да прифати понуда од трговец со луѓе е поради подобри финансиски можности за неа и нејзиното семеејство. Во многу случаи трговецот со луѓе првично нуди „легитимна” работа или ветување за можност за студирање. Главниот тип на работни места кои се нудат се во угостителството и хотелиерството, во барови и клубови, договори за работа како модел, или работа како бебиситерка. Трговците со луѓе понекогаш понудуваат брак, користат закани, заплашување и киднапирање како средства за доаѓање до жртви. Во најголем број на случаи, жените завршуваат како проститутки. Исто така некои проститутки (мигранти) стануваат жртви на трговијата со луѓе. Некои жени знаат дека ќе работат како проститутки, но немаат јасна претстава за околностите и условите за работа во нивната одредишна држава.
 
Фундаменталистичката црква на Исус Христос на последните светци, (да не се помеша со Црква на Исус Христос на последните светци) во САД и Канада, исто така беше вмешана во трговијата со малолетни девојчиња преку граничните линии и меѓународните граници (САД/Канада). Во најголем број на случаи, ова претставува продолжување на практиките на полигамија, во форма на полигамен брак.
Ред 128:
 
== Трговија со деца ==
Трговијата со деца претставува врбување, превезување, пренесување, засолнување или примање на деца со цел за експлоатација.
 
Комерцијалната сексуална експлоатација на деца може да е застапена во повеќе форми и опфаќа присилно вклучување на деца во проституција или други форми на сексуална активност или детска порнографија.
Ред 134:
Детската експлоатација исто така може да вклучува присилна работа или услуги, ропство или практика слична на ропство, отстранување на органи, незаконско меѓународно посвојување, трговија со деца за склопување на ран брак, врбување како деца-војници, користење за просење или како спортисти (како деца-јавачи на камили или фудбалски играчи), или врбување за религиозни обреди.
 
Се смета дека Тајланд и Бразил имаат евидентирано најлоши случаи на сексуална трговија со деца.
 
== Напори за намалување на трговијата со луѓе ==
Ред 146:
Во 2003 година ОБСЕ основаше механизам против трговијата со луѓе со цел да се подигне свеста за проблемот и создавање на политичка волја кај земјите учеснички за тој ефективно да се совлада.
 
Акциите на ОБСЕ против трговијата со луѓе се координирани од страна на ????? Канцеларија на специјалното претставништво за борба против трговијата со луѓе. Од 2006 година со оваа канцеларија раководи Ева Биаудет (Eva Biaudet), поранешен член на Парламентот и Министер за здравство и социјални служби во нејзината родна Финска.
 
Активностите на Канцеларијата на специјалното претставништво за борба против трговијата со луѓе вклучуваат од агенции за спроведување на законот за справување со трговијата со луѓе до промотивни политики со цел да се искорене корупцијата и оргнизираниот криминал. Специјалното претставништво исто така посетува држави и може, на нивно барање, да го поддржи спроведувањето на нивните политики против трговијата со луѓе. Во други случаи специјалното претставништво дава совети во однос на спроведвањето на одлуките за трговијата со луѓе, и им помага на владите, министерите и службениците за го постигнат утврдените цели за справување со трговијата со луѓе.
 
=== Владини акции ===
Превземените акции за борба против трговијата со луѓе се разликуваат од влада до влада. Некои влади имаат воведено законодавство со што посебно се цели трговијата со луѓе да биде нелегална. Владите исто така може да развијат систем на соработка помеѓу различните национални агенции за спроведување на законот и невладините организации (NGOs). Многу држави се критикувани за пасивност или неефективнна акција. Критиките вклучуваат неуспех на владите во соодветното евидентирање и заштита на жртвите на трговијата со луѓе, имиграциони политики кои потенцијално повторно ги загрозуваат жртвите на трговијата со луѓе или недоволна акција за помош во спречување на беспомошните луѓе да станат жртви на трговијата со луѓе.
 
Посебна критика се однесува на незаитересираноста на некои држави да се справат со трговијата со луѓе за други цели освен секс.
Ред 157:
Постојат и други акции кои владите може да ги преземат за подигнување на свеста во врска со овој проблем. Ова може да има три форми. Најпрво, подигање на свеста кај потенцијалните жртви, особено во држави каде што трговците со луѓе се активни. Второ, подигање на свеста кај полицијата, социјалните работници и имиграционите службеници и нивно опремување за да можат соодветно да се справат со проблемот. И на крај, во државите каде што проституцијата е легална или полулегална, подигање на свеста кај клиентите на проституцијата да забележуваат знаци на жртви на трговијата со луѓе.
 
Подигањето на свеста може да има различни форми. Еден начин е преку прикажување на филмови за подигање на свеста или преку постери.
 
=== Меѓународно право ===
Ред 163:
 
* Протокол за спречување, потиснување и казнување на трговијата со луѓе, особено жени и деца; и
* Протокол против шверц на мигранти по копно, море и воздух.
 
Сите овие инструменти содржат елементи на актуелниот меѓународен закон за трговија со луѓе.
Ред 172:
=== Обединето Кралство ===
 
Во Обединетото Кралство, по интензивен притисок од страна на оранизациите за човекови права, трговијата со луѓе за трудова експлоатација стана нелегална во 2004 година (трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е криминализирана многу години претходно). Меѓутоа, законот од 2004 година ретко се користи и до средината на 2007 година немаше ниту една пресуда според овие одредби.
 
=== Соединетите Држави ===
 
Законите против трговијата со луѓе во Соединетите Држави постојат на федерално и државно ниво. Повеќе од половина од државите ја криминализираат трговијата со луѓе, иако казните не се толку строги како федералните закони. Заедничките напори на федерално и државно ниво се фокусираат на регулирање на туризмот за да се спречи олеснување на секс туризмот и контрола врз посредниците за меѓународни бракови за да се обезбедат проверки за криминално досие и на потенцијалната невеста да и се дадат информации за тоа како да добие помош. Во 2001 година, Канцеларијата за следење и борба против трговијата со луѓе е основана како дел од Министерството за надворешни работи на САД. Директорот (моментално Луис ЦдеБаца (Luis CdeBaca)) ја води борбата против трговијата со луѓе во рамките на САД, а исто така е во координација со лидерите во движењата против трговијата со луѓе насекаде во светот.
 
=== Невладини организации ===
Организациите за човекови права, вклучително и Амнести Интернешнал (Amnesty International), Анти Слејвери Интернешнал (Anti-Slavery International), и Хјуман Рајтс Воч (Human Rights Watch) направија кампањи против трговијата со луѓе. Неколку невладини организации (NGOs) и организации за човекови права се формирани за борба против трговијата со луѓе, додека пак други невладини организации работат против трговијата со луѓе како еден од нивните главни проблеми. Некои од нив се:
 
Аризона Лиг ти Енд Риџнал Трафикинг (Arizona League to End Regional Trafficking (ALERT)) е коалиција која претставува партнерства со спроведување на законот, религиски заедници, непрофитни организации, социјални служби, адвокати и засегнати граѓани. АЛЕРТ им помага на жртвите на трговијата со луѓе со обезбедување на: храна и засолниште; медицинска нега; советувалиште за ментално здравје; имиграциска помош; правна помош; јазично толкување; раководење со случајот; и други културно соодветни услуги во државата Аризона. Преку образование и различни програми и услуги, АЛЕРТ се стреми кон ставање крај на страдањето и дехуманизацијата на жртвите на трговија со луѓе.
 
Коалишн ту Аболиш Слејвери енд Трафинкинг (Coalition to Abolish Slavery and Trafficking (CAST)) е организација за борба против трговијата со луѓе со седиште во Лос Анџелес. Основана во 1998 година, ЦАСТ помага во рехабилитација на преживеаните жртви на трговијата со луѓе, ја подигнува свеста, и делува на законодавството и јавната политика околу трговијата со луѓе, преку социјални, посреднички и правни служби. ЦАСТ трговијата со луѓе ја дефинира како ,,современа форма на ропство,” во која жртвите се предмет на насилство, измам или принуда со цел за присилна работа или сексуална експоатација. Жртвите на трговијата со луѓе може да работат како куќни помошници, во фабрики, фарми, ресторани, на градежни земјишта, како собари во хотел, покорен брак, присилна проституција, детска проституција и детска порнографија.
 
Чаб Даи (Chab Dai), (,,joining hands” во Кхмер (Khmer)) е основана во Камбоџа во 2005 година, и сега има меѓународни канцеларии во САД, Обединетото Кралство, и Канада. Чаб Даи има за цел да стави крај на трговијата со луѓе и комерцијалната сексуална експлоатација преку правење коалиции, поддршка, истражување и едукација. Во Камбоџа, Чаб Даи олеснува коалицирање на преку 40 невладини организации од кои работат против трговијата со луѓе во доменот на спречување, понатамошна грижа и правно интервенирање. Чаб Даи им помагана членовите на коалициите да соработуваат и да го подобрат капацтетот преку обука, советувалишта и форуми за дискусија; и работи на поврзување помеѓу членовите, агенциите на ОН и владата. Чаб Даи САД, лоциран во Калифорнија, е посветена на поттикнување на соработка помеѓу постојните агенции додека на организациите им помага во подобрување на капацитетот, особено во согласност со најдобрите мегународни модели на пракса.
 
Транзишнс Глобал (Transitions Global), е организација која создава нови животи за преживеаните од секуалната трговија. Организацијата. Основана од Џејмс и Атена Понд (James & Athena Pond), во 2006 година започна на повозрасните тинејџери жртви на сексуалната трговија да им овозможува рехабилитација и реинтеграција. Моментално, организацијата има засолниште и привремено живеалиште во Пном Пен (Phnom Penh), Камбоџа и има започнато нов проект во Мумбаи, Индија. Транзишнс Глобал исто така има помогнато на други невладини организации (NGO’s) за основање на проекти за понатамошна грижа во Грција и Индонезија. Нивниот модел за понатамошна грижа е иновативна форма на ,,привремена грижа” кој се фокусира на реинтеграција со овозможување на девојчињата да добијат различни работни квалификации, животни вештини и вработување.
Ред 191:
Д Солд Проџект (The SOLD Project), основан во 2007 година е иницијативна организација посветена на поттикнување и овластување на лица да се сопре детската проституција уште пред истата да започне. Д Солд Проџект започна како филмски проект за да ја документира реалноста на детската проституција во Тајланд со надеж дека ке се подиге свеста и поддршката. Меѓутоа, СОЛД постан многу повеќе од само филм и сека е непрофитна организација фокусирана на спречувае на детската проституција преку образование и социјална реформа. Програмата за спречување на Д Солд Проџект се состои од 4 дела 1)Стипендии 2)Менторство 3)Послеучилишни програми 4)Програми за свеста за трговијата со луѓе
 
Алајанс Анти Трафик (ААТ) (Alliance Anti Traffic (AAT)), основана во 2007 година е француска невладина организација создадена за борба против трговијата со жени и деца. Организацијата интервенира во заштита на жени и девојчиње од овие форми на злоупотреба. ААТ исто така работи на сузбивање и побарувачката. ААТ им помага на погодените жени и деца преку целосен процес: најпрво ги спречува ризичните групи, ААТ ги штити жртвите кои се наоѓаат на местата за експлоатација и потоа ги враќа назад во нивните заедници. ААТ ги реинтегрира жените и децата врз основа на нивниот избор и потребата од нивните заедници. ААТ на крај им дава право на погодените девојчиња да развијат алтернативи и да ги спречат како и заштитат беспомошните жени и деца. www.Allianceantitrafic.org
 
Еври Чајлд Министрис (Every Child Ministries), основана во 1985, работи на проекти против трговијата со луѓе од 200о година. Најобемниот проект на организацијата е ,, Initiative against Shrine Slavery” наречено религиозно ропство и рехабилитација на поранешни робови во храмови.
Ред 204:
Поларис проџект (Polaris Project), основан во 2002 година, е меѓународна организација за борба против трговијата со луѓе со канцеларии во Вашингтон ДЦ, Њу Џерси, Колорадо и Јапонија. Деталниот пристап на Polaris Project вклучува работење со локални директни телефонски линии за борба против трговијата со луѓе, имање увид и идентификација на жртви, обезбедување на социјални услуги и сместување на жртвите, застапување за појака државно и национално законодавство за борба против трговијата со луѓе и ангажирање на членовите на заедницата во заеднички напори. Поларис проџект исто така работи со директната 24 часовна телефонска линија National Human Trafficking Resource Center (1-888-373-7888).
 
Тајни Старс (Tiny Stars). Со користење на Актот за заштита од 2003 година, Тајни Старс има блиска соработка со Федералните агенции за спроведување на законот за покренување на случаи против американските криминалци со деца. Основана од страна на Џејк Колинс (Jake Collins) во 2001 година, Тајни Старс се фокусира на идентификување и следење на педофили кои ги прогонуваат децата на возраст под 14 години. За да ја подобри својата мисија, организацијата има развиено мрежа на тајни агенти, често тоа се поранешни владини оперативци.
 
Шеард Хоуп Интернешнал (Shared Hope International), основана во 1998 година од страна на поранешна конгресменка Линда Смит (Linda Smith), е непрофитна организација која постои да ги спаси и излечи жените и децата во време на криза. Тие се дел од од глобалниот напор да се спречи и искорене сексуалната трговија и ропството преку образование и јавна свест. Повеќе од една деценија, Шеард Хоуп Интернешнал посветено работи насекаде во светот и во Соединетите Држави, во партнерство со локални групи за помагање на жените и децата да се извлечат од сексуалната трговија со нудење на место за бегство и шанса за нова иднина. Шеард Хоуп користи стратегија од три дела за спречување, спасување и оздравување, која исто така упатува на ставање крај на побарувачката на жени и особено деца во комерцијалната сексуална индустрија, како и вршење на истражување во областа и изготвување на политички препораки на државно и федерално ниво.
 
Нешнал Хјуман Трафикинг Рисоурс Сентр (National Human Trafficking Resource Center (1-888-373-7888)). НХТРЦ е програма финанцирана од страна на Министерството за Здравство и човекови ресурси и раководено од страна на Поларис Проџект (Polaris Project), непрофитна организација. Нешнал хјуман трафикинг рисорс сентр хотлајн е отворена 24 часа на ден, 365 денови во годината. За да пријавите потенцијален случај на трговија со луѓе; да се поврзете со службите за борба против трговијата со луѓе во вашиот реон; или, да побарате обука и техничка помош, општи информации или одредени извори за борба против трговијата со луѓе, јавете се на директната телефонска линија 1-888-373-7888.
 
Мејд Бај Срвајврс Made By Survivors (МБС) е оддел на The Emancipation Network (ТЕН), и е организација којашто користи економско еманципирање, за да им помогне на преживеаните од трговија со луѓе и луѓето во голема опасност поворно да ги нормализираат своите животи. Програмата за рачни изработки на МБС им нуди работа на овие преживеани којашто им овозможува да се издржуваат и да живеат исполнет, независен живот. За оние кои сѐ уште живеат во засолништето, програмите обезбедуваат терапевтски услуги, обука за работа, описменување, социјална интеракција и стипендија за хонорарна работа. МБС, е во партнерсто со 18 организации насекаде во светот за за борба против ропство, меѓу кои Тајланд, Камбоџа, Непал, Индија, Украина, Уганда, Филипини, Танзанија и Соединетитте Држави. МБС исто така организира волонтерски патувања до Индија како нацин да се едуцираат луѓето кои може да го употребат искуството, повеќе да се ангажираат и да ја едуцираат јавноста. Патувањата исто така им помагаат на преживеаните повторно да им се врати добербата во луѓето и да се реинтегрираат во нормалниот начин на живот. Покрај тоа, МБС често на луѓето им нуди можност да ги примат во своите домови преживеаните за да ги продаваат своите изработки и да ги едуцираат пријателите и семејсвото.
Ред 216:
Прерана (Prerana), основана во 1986 година во Мумаи, Прерана помогна во најкритичната област во Индија (областа Каматипура). Организацијата се стреми да ги спаси втората генерација на жртви со нудење на услуги за нега, институвионална програма за вработување и образовна поддржка за децата на проститутките во Каматипура. Обединетите Нации ја признаа Прерана како ,,Најдобра практика на работа со жртви на организиран криминал“ во април 2009 година. Прерана доби исто така и многубројни пофалби.
 
Вимен Агеинст Слејвери (Women Against Slavery), основана во 2009 година од страна на меѓународна група на жени кои работат во Канада и Соединетите Држави, е иницијативна, организација за подигнување на свеста, особено за трговијата со луѓе и слични проблеми. Групата се фокусира на образованието како примарно средство за борба против трговијата со луѓе и вклучуваат феминистичка критика и методологија во нивните проект.
 
ЗОЕ Чилдрен’с Хоумс (ZOE Children's Homes), основа на во САД како непрофитна 501(ц)3 организација во 2002 година од страна на Мајкл и Керол Харт (Michael and Carol Hart). Организацијата е започната како одговор на ужасот на трговијата со деца, современо ропство на нашата генерација. Првите домови се промовирани во јануари 2003 година со 47 загрозени деца во Тајланд. Мисијата на ЗОЕ е да ги спаси децата кои се: во опасност да бидат продадени за проституција, оние кои веќе се продадени, сирачиња, или жртви на други грозоморни злосторства и злоупотреба. Целта е да се интервенира и да се спречи трговијата со деца. Програмата за спас на децата на ЗОЕ активно праќа тимови во села, градови и погранични градови со цел да се запрат овие злосторства прот децата. Овие тимови исто така и ги едуцираат децата и ја подигнуваат свеста на локалите жители кои се искористувани од страна на трговците со луѓе. ЗОЕ обезбедуа храна, облека, грижа, образование, професионална обука и топол дом за секое дете. Во февруари 2009 година, ЗОЕ купи 20 акри и кради нов дом во кој ќе живеат повеќе од 200 деца. Целта е нивниот сегашен модел на работење да се прошири насекаде во светот
 
== Проблеми и полемики ==
Разликувањето на трговијата со луѓе и доброволната миграција е од суштествено значење. Полемиката е најмногу насочена кон трговијата со луѓе со цел за проституција, особено бидејки проституцијата сама по себе многумина ја сметаат за форма на експлоатација. Проценките за бројот на луѓе со кои се тргува за сексуални цели се спорни – проблемите при определувањето може да бидат поврзани со неподготвеноста на жртвите сами да се пријават.
 
Специјалниот репортер за трговија со луѓе на Обединетите Нации извести дека проституцијата во денешно време најмногу е поврзана со трговијата со луѓе: ,,Во најголем дел, проституцијата која всушност денес ја има во светски рамки вобичаено ги содржи сите елементи на трговија со луѓе” Дури и домашната проституција ги содржи елементите на трговија со луѓе како што е дефиниран во Протоклот за трговија со луѓе. Протоклот за трговија со луѓе нелагалната трговија ја дефинира како ,,врбување, превезување, пренесување, засолнување и примање на лице“ доколку е искористена некоја постојна немоќ—како економска немоќ или сексуална немоќ. Поради оваа причина, закана, принуда или употреба насила е неопходна за да се одреди дека се работи за трговија со луѓе.
 
Додека голем број од групите за човекови права ги признаваат сите форми на трговија со луѓе се повеќе се зголемува полемиката за фокусирањето на трговијата со луѓе за сексуална експлоатација за сметка на совладување на другите форми како домашна или земјоделска трговија. Амбасадорката Ненси Ели Рафаел (Nancy Elly Raphael), првата директорка на Канцеларијата за следење и борба против трговијата со луѓе на САД, даде оставка поради тоа што таа ја смета за погрешна претставата за проблемот со цел да се обезбеди поддршка за лобито против проституција. Таа вели: ,,Тоа беше толку идеолошки. Проституција, тоа е она што ја водеше целата програма. Тие постојано велеа, ,,Ако немавте проституција, немаше да имате трговија со луѓе.” Бев среќна што заминувам.
Ред 233:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Трговија со луѓе| ]]
[[Категорија:Кршење на човековите права]]