Црн Дрим: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
clean up, replaced: листа на → список на using AWB
Ред 17:
Црн Дрим извира во [[Свети Наум (манастир)|Свети Наум]], минува низ [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] и излегува од него кај градот [[Струга]] на [[надморска височина]] од 695 метри. Црн Дрим ја напушта Македонија во близина на градот [[Дебар]] на 476 метри надморска височина. На македонска територија Црн Дрим е долг 56 [[км|километри]]. Но реката има вообичаен тек само нешто помалку од една половина од таа должина и тоа од Струга па сè до селото [[Ташмаруништа]]. Напуштајќи го селото на север реката влегува во клисура и веднаш по неа формира езеро благодарение на брана висока 82 метри лоцирана 10 км на север на другата страна на езерото. Браната ја формира акумулацијата „[[ХЕЦ Глобочица|Глобочица]]“ создадена од водите на Црн Дрим.
[[Податотека:Springs St. Naum 4.JPG|лево|мини|240px|Изворите на Црн Дрим кај [[Свети Наум (манастир)|Св. Наум]]]]
Веднаш после хидроелектричната централа Глобочица, водите на Црн Дрим создаваат уште едно езеро со помош на брана висока 102 м во близина на градот Дебар. Ова езеро е најбогато со вода вештачко езеро во Македонија. Езерото акумулира 520 милиони кубни метри вода. Од езерото со помош на тунели водата се спроведува во хидроелектричната централа [[Шпиље]].
 
Во северниот дел на [[Албанија]] во близина на градот [[Кукс]], Црн Дрим повторно заезерува заедно со реката [[Бел Дрим]]. По утоката на Бел Дрим во Црн Дрим, реката тече се до вливот во [[Јадранско Море|Јадранското Море]] под едно име — [[Дрим]].
 
==Хидропотенцијал==
Ред 25:
 
==Фауна==
Во водите на Црн Дрим живеат најразлични видови на риби, како на пример [[Крап|крапоткрап]]от, [[Клен|кленотклен]]от, [[Јагула|јагулатајагула]]та, [[Мрена|мренатамрена]]та и други.
 
Охридската јагула со милениуми мигрирала од Охридското Езеро до [[Саргасово Море|Саргасовото Море]] заради размножување. Во втората половина на XX век со изградбата на двете брани на македонскиот дел од реката Црн Дрим, и четири на албанскиот дел комплетно бил блокиран патот на јагулата. Браните се проблем и за други видови риби кои од [[Јадранско Море|Јадранското Море]] некогаш патувале до Охридското Езеро. Според светската црвена листасписок на IUCN, европската јагула се смета за критично загрозен вид. Од 1970 година бројот на јагулите е намален за околу 90 %. Фактори што влијаат на намалувањето на популацијата на овој вид се: риболов, одредени видови на паразити (како Anguillicola crassus), изградба на хидроелектични централи кои се бариери за нивната слободна миграција и др. Затоа, при изградбата на брани и акумулации мора да се обезбедат алтернативни патишта преку кои рибите и другите животни ќе може слободно да мигрираат, а заштитата на јадровите подрачја на јагулата (и други видови миграторни риби) мора да биде ефикасна<ref>[http://www.mes.org.mk/PDFs/MAK%20NEN/EN%20&%20Water%20management.pdf Управување со води и еколошките мрежи]</ref>.
 
[[Податотека:Struga most na Drim8.JPG|десно|мини|200px|Црн Дрим на истекот од [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]]]]
Ред 47:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Реки во Македонија]]
[[Категорија:Реки во Албанија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Црн_Дрим