Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница
clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
Ред 19:
|}
 
'''Охридска архиепископија''' — првата [[Словени|словенска]] [[православие|православна црква]] која дејствувала на голем дел од [[Балканскиот Полуостров]] и таа се смета за историска компонента на [[Македонската Православна Црква]] во [[Македонија]].<ref>''Бидејќи нам ни е потребно Вашето свето благоволение по однос на нашата словенска црква во Македонија, поради тоа Be молиме, макар и да сме измамени од страна на Бугарите, да ни простите, бидејќи сте благ Христов служител и да ни ја обновите нашата црква. Покрај тоа што Бугарите не измамија и излагаа, тие ни го отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и нашите свети обичаи и ја менуваат и сета наша лика и прилика. Ние тоа не може-ме повеќе да трпиме и не сакаме нашите деца да не колнат нас и гробовите на нашите предеди. Сега ние се одделивме од Бугарите и сами сочинуваме словенски општини во Македонија, и сочинуваме самостоен народ. Како такви, ние сакаме да имаме наша црква, наши училишта''.- Писма од охридски граѓански здруженија, ДА ДСИП - Београд - ППО, Ф. 7, д. 6, п.бр. 962, 1890.</ref> <ref>''До Неговата Светост Великиот Патријарх во Цариград, Ние верните поданици на Неговото Величество царот Султан Абдул Хамид I од долго време немаме црковна сло- бода, а од 1872 година станавме уште повеќе заблудено стадо, зашто дојдовме под Бугарска егзархија, заблудени од бугарската пропаганда. Така и ние станавме шизматици.'' Писма од охридски граѓански здруженија, ДА ДСИП - Београд - ППО, Ф. 7, д. 6, п.бр. 962, 1890.</ref> <ref>''Вашиот весник со самото име го зачудува секого во Македонија до таа мера, што секој трча да види што весник е што го носи името на нашата земја... Весникот кај Грците и гркоманите е дочекан со тага и бес, зашто тие секојпат воделе борба за погрчувањето на Македонците, уништувајќи ја и Охридската архиепископија - „Искрата на нашата иднина". Но и колку да се мачеа да не сопрат да одиме напред, не можеа да го скоренат чувството сосема Македонците да не бидат Македонци.'' Писмо од Тодор Кусев до весникот Македонија, Т. Ив. Кусев „Македони-fc" (Цариград), бр. 1 (28 И 1867 година).</ref> <ref>
:3. Другите луѓе од високиот [[клер (свештеници)|клер]] ([[епископ]]ите, свештеномонасите и мирските свештеници) да бидат родум МАКЕДОНЦИ и назначувани од [[архиепископ]]от, а епископите можат само да бидат потврдувани од вашата светост.
:4. Границите на Архиепископијата да се поклопуваат со границите на Македонија, а поделбата на епархиите да се задржи сегашната. ''Два става на скопскиот митрополит [[Теодосиј Гологанов]] за Охридската архиепископија и услови за нејзино возобновување од вкупношест. (Archivio della S. Congregazione de propaganda Fide – Roma: "Indice della Ponenza-Marzo 1892-93", Somm. XV, f. 132-141)''.</ref>
Ред 35:
=== Црковни почетоци ===
{{Христијанство во Макдонија}}
За време на владеењето на царот [[Јустинијан I]] (527-565), кој потекнувал од местото [[Тауресиум]] (денешен [[Таор]]), близу до денешното [[Скопје]], бил изграден нов град наречен [[Јустинијана Прима]], во близината на родното место на царот. Скупскиот [[митрополит]] бил издигнат на ниво на автокефален [[архиепископ]]. [[Кателијан]] бил првиот архиепископ на [[архиепископија]]та Јустинијана Прима. Останати познати архиепископи се [[Бененат]], [[Павле (архиепископ)|Павле]], [[Јован I]], [[Леон (архиепископ)|Леон]] и последниот [[Јован IX]], кој во 680-681 година учествувал на [[Трулски собор|Трулскиот собор]] во [[Цариград]].
 
Црковна традиција наметната од Јустинијана Прима ја наследува [[Свети Климент Охридски|Свети Климент]], како прв [[Словени|словенски]] [[епископ]] воопшто во светот. Според пишаните документи од средновековна [[Македонија]], т.е. [[житие|житија]], средновековните [[Македонци]] како духовни лидери ги спомнуваат [[девол]]ските ([[охрид]]ските) епископи, а цариградскиот или [[преслав]]скиот [[патријарх]] никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека Македонија имала [[црковна автономија]] во тој временски период.
Ред 43:
=== Бугарска управа ===
 
Во [[9 век]], делови на Македонија потпаѓаат под бугарска власт. Тогаш, за да ја признае [[Бугарска православна црква|бугарската црква]], римскиот [[папа]] му наредил во [[866]] на бугарскиот цар Борис секој народ во неговата држава да избира свој епископ, а сите епископи да избираат архиепископ на Бугарија. Целото папско правило гласи: ''”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc.”''<ref>(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018), стр.119-120)</ref>. Бидејќи северна и централна Македонија била под власта на Бугарија, само за тие области од македонската етничка територија, се избирал заеднички епископ од македонско потекло.<ref name="повепа">{{цитирана мрежна страница|url=http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=293&Itemid=84|title=Црквата во Самоиловото царство}}</ref> Но, тоа правило се почитувало дури од последната деценија на 9 век. Инаку, македонските склавинии кои биле под Византија, како на пример [[Драговитија]], си ги задржале своите епископи. Како последица на тоа, Бугарија ја спровела наредбата. Кон крајот на 9 век, бугарскиот [[Цар Борис I|цар Борис I]] ја одвојува Македонија како посебна единица со свои епископи кои не биле бугарски ни цариградски<ref>Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85</ref> и за управник на македонската автономна област го назначува [[Свети Климент Охридски|Св. Климент]].
 
Рускиот славист [[Туницкиј]] според [[Кратко житие на Свети Климент|Краткото житие на Св. Климент]] и [[Џуканжов список|Џуканжовиот список]] тврди дека македонските автономни области тнр. [[Кутмичевица]] ја зафаќале територијата на Македонија до [[Солун]] на југ, на запад до јадранскиот брег, додека северната граница не може авторот да ја определи<ref> (Ср. Воронов, Главнейшие источники, стр. 200. / Н. Туницкий, Св. Климент, стр. 177—182)</ref>. Св. Климент, македонскиот етнички простор го поделил на 12 околии <ref>(Н. Туницкий, пак таму, стр. 189—190)</ref>, каде официјален јазик и писмо бил словенскиот, а црковниот клир бил ослободен од плаќање даноци на Бугарија <ref>(Пространното житие, издание Туницки, гл. XVIII, § 58—59, стр. 170—121)</ref>.
 
Наследниците на Св. Климент, духовни и граѓански управители на македонските автономни области ја носеле титулата „епископ на словенски јазик“ [http://knigite.abv.bg/vz1b/vz1b_279b.jpg], каде што старословенскиот збор „јазик“ означува „народ“ т.е. етнос. По Св. Климент, имало уште 3 генерации словенски епископи, од кои зачувано е името на „епископ Марко на словенскиот народ“[http://knigite.abv.bg/vz1b/vz1b_279b.jpg]. Сето ова доведува до заклучок дека македонското население било одделно од бугарското и останатото околно население.
Ред 51:
=== Охридска патријаршија ===
 
[[Цар Самоил]] ја издигнува светиклиментовата [[црква]] на ниво на [[патријаршија]], најверојатно во [[996]] година. За прв патријарх бил назначен [[Герман (охридски архиепископ)|Герман]], чие патријаршко име е врежано во царската катедрала [[Свети Ахил (црква)|Свети Ахил]] на [[Голем Град]].<ref> name="Standard News 2001">(''Standard News'', Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“)</ref> За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребен било благослов од центрите на [[христијанство]]то , тогаш [[Цариград]] или [[Рим]]. Цариград не ја признал [[Самуилово царство|Самоиловата држава]], па затоа тоа го направил папата [[Папа Григур V|Григур V]] во година која не е точно утврдена (најверојатно 997 или 999 година). Според бугарската историографија, Самоил ја зграбил круната од Рим.<ref>(Извадок од книгата "Rulers of Bulgaria", од професор [[Милчо Лалков]], Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria)</ref> Но, бугарската историографија Рим го преведува со [[Византија]], иако ''Рома'' значи Рим, а Византија се викала ''Ромeја''.
 
Македонската држава добила македонска црква, што довело до создавање на две посебни патријаршии,<ref name="повепа"/> македонска и бугарска. Македонскиот патријарх во 998 е [[Герман (охридски архиепископ)|Герман]] <ref>('' name="Standard News'', Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“)<"/ref>, а на бугарскиот патријаршки преславски престол седи [[г.г. Глигориј]]<ref> (''Църковен Вестник'', Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов: [http://synpress.bglink.net/09-2003/patriarsi.htm “Българските патриарси през Средновековието”] Александра Карамихалева)</ref>. Под јурисдикција на Охридската патријаршија се наоѓаат Тесалија, Епир, Албанија, Дукља, Травунија, [[Захумје]], Рашка, Босна, Срем и подунавска Бугарија.<ref name="повепа" Во сѐ уште непознат временски период, Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија и ја сведува на ниво на митрополија Бугарија<ref>види титула на бугарскиот поглавар</ref>, па патријархот г.г. Глигориј се упокојува во [[1016]] година како „митрополит Бугарски“ [http://bulch.tripod.com/boc/saints.htm Православен календар на БПЦ] и како таков се слави од [[Бугарска Православна Црква|БПЦ]]. По укинувањето на [[Преславска патријаршија|Преславската патријаршија]], Охридската патријаршија својата јурисдикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава, меѓу кои [[Малта]] и [[Сицилија]].
 
По пропаста на средновековната македонска држава, [[Василиј II]] ја инкорпорира Македонија во Византиското Царство, ги срушил световните и духовните обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува [[тема Бугарија]], заедно со [[Србија]], [[Албанија]], [[Црна Гора]], [[Панонија]], па се до [[Срем]]. Охридската патријаршија не ја уништува, туку и го намалува рангот на Автокефална Охридска aрхиепископија и дијацезата и ја намалува само на териториите од византиската тема Бугарија. Така, Охридската aрхиепископија станува главна црковна организација на „цела тема Бугарија“, односно на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Од тогаш, охридскиот архиепископ се титулирал како архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.
Ред 103:
[[Јаков од Софија]] на својот „Псалтир„ кој го испечатил во 16 век, напишал за себе: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом [[Софија]], Крајков син... И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места [[Скопје]], у Кара Трифуна.“
 
Јаков од [[Ќустендил]] (денешна [[Бугарија]]) во 1566 г. во поговорот на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. <ref>(Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88)</ref>
 
== Бугарски ставови ==
Ред 110:
</ref>
 
Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за „цела Бугарија“; но, под „цела Бугарија“ се подразбирало целата воедно-административна област на Византија однисно, темата Бугарија, која не ја опфаќала денешна Бугарија туку Македонија и Србија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простирала во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња [[Торлаци]] и [[Шопи]] до градот [[Видин]], што представува десет отсто од територијата на цела [[Бугарија]]. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на [[Василиј II]], каде зборува за „бугарскиот народ“ и епархиите на „цела Бугарија“ која се простира од [[Срем]], цела [[Србија]], делови од [[БиХ]] и [[Албанија]], [[Црна Гора]], чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од [[Македонија]]. <ref>(Иван Снeгаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1. От основаването до завладяването на Балканския полуостров от турците, стр. 55-62)</ref> Оттаму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а бугарскиот народ е наводно словенскиот народ од Србија, Македонија, Црна Гора и денешен Срем.
 
== Наводи ==
Ред 116:
 
== Поврзано ==
* [[ЛистаСписок на архиепископи на македонската и охридската православна архиепископија]]
* [[Македонска Православна Црква]]
* [[Архиепископ Охридски и Македонски]]
Ред 130:
* [http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=2&pid=5&ppid=97 Создавање на Охридската Архиепископија]
* [http://www.promacedonia.org/is/index.html "Историja на Охридската aрхиепископиja"] {{bg}}
 
[[Категорија:Охридска архиепископија| ]]
 
{{Архиепископи на македонската и охридската архиепископија}}
 
[[Категорија:Охридска архиепископија| ]]
 
[[fr:Archevêché d'Ohrid (Patriarcat de Serbie)]]