Ана (британска кралица): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Светата Римска Империја → Светото Римско Царство using AWB
Ред 6:
Таткото на Ана, Џејмс II и IV, бил соборен за време на „Славната револуција” од 1688 год. Нејзината сестра Мери и нејзиниот маж, зет и роднина на Ана, Вилијам III, станале здружени монархии. По смртта на Мери во 1694 год., Вилијам продолжил сам со монарството сè до неговата смрт и високото место кое Ана го постигнала во 1702 год.
 
Ана ги преферирала конзервативците, кои имале поголема можност од нивните противници, виговците, да ги искажат нивните ставови за англиската религија. Виговците биле посилни за време на Војната за шпанското наследство, сè до 1710 год., кога кралицата Ана отпуштила многу од нивните припадници. Нејзиното блиско пријателство со Сара Черчил, војвотката од Марлборо се влошио поради различните политички гледања.
 
Покрај седумнаесет бремености, Ана починала без да задржи дете и била последната монархиња од Стјуардската династија. Ана била наследена од нејзиниот втор братучед Џорџ I од Хановерската династија, кој бил потомок на Стјуард поради својата баба Елизабета, ќерка на Џејмс VI и I.
Ред 14:
Ана била родена во 11:39 часот на 6 февруари 1665 год., во Св. Џејмс во [[Лондон]], како четврто дете и втора ќерка на Џејмс, Војводата од Јорк (по Џејмс II и VII) и неговата прва жена Ана Хјуд. Брат на нејзиниот татко бил кралот Чарлс II , кој владеел во трите кралства на [[Англија]], [[Шкотска]] и [[Ирска]], а нејзината мајка била ќерка на претседавачот на Горниот дом, Едвард Хјуд, прв гроф на Кларендон. Ана била крстена во кралската капела во Св. Џејмс. Нејзината постара сестра Мери, била една од нејзините кумови, заедно со владиката на Кантербуру, Гилберт Шелдон и Ана Скот, војвотка од Монмаут. Војводата и војвотката од Јорк имаале осум деца, но само Ана и Мери биле единствените деца кои ги преживеале зрелите години.
 
Како дете, Ана патела од очна болест која се манифестирала со прекумерно солзење. Поради одредени медицински третмани, Ана била пратена во [[Франција]] каде што живеела со нејзината баба од страна на мајка ѝ, кралицата Довагер Хенриета Марија во Шато де Колумбија, близу [[Париз]]. По смртта на нејзината баба во 1669 год., Ана живеела со нејзината тетка, Хенриета Ана, војвотката од Орлеанс. По ненадејната смрт на нејзината тетка во 1670 год, Ана се вратила во [[Англија]]. Нејзината мајка починала наредната година. Како што наведува традицијата на кралското семјество, Ана и нејзината сестра пораснале одделени од нивниот татко на нивен сопствен имот во Ричмонд, Лондон. По иницијатива на Џарлс II пораснале како протестанти. За нив се грижеле Колонел Едвард и Лејди Франсис Виљерс, а нивното образование било центрирано кон Англиската црква.
 
Околу 1671год. се случило првото запознавање на Ана со Сара Џенингс која подоцна станала нејзина блиска пријателка и една од највлијателните советодавачки. Во 1678 год. Џенингс се омажила со Џон Черчил (иден војвода на Марлборо). Тој бил брат на жената на војводата од Јорк, Арабела Черчил и еден од најбитните генерали на Ана.
 
Во 1673год., разговорот помеѓу војводата од Јорк и романскиот католицизам испаднал во јавноста. Тој се оженил со католичка принцеза, Мери од Модена, која што била шест и пол години постара од Ана. Чарлс II немал легитимни деца, па затоа Војводата од Јорк бил следниот за наследување, проследен од неговите две ќерки Мери и Ана од првиот брак. Во следните десет години, новите војводи од Јорк имале десет деца, но сите биле родени мртви или починале во раното детство, при што ги оставиле Мери и Ана втора и трета на листата за наследување на нивниот тактко.
Ред 22:
===Брак===
 
Во ноември 1677 год., постарата сестра на Ана се омажила со холандскиот принц [[Вилем Орански]], но Ана не можела да присуствува на свадбата бидејќи имала сипаници. Додека да се опорави, Мери веќе го започнала својот нов живот во Холандија. Лејди Франсис Диљерс ја фатило болест и починала. Вујна ѝ на Ана Лејди Кларендон (жена на Хенри Хајд, вториот гроф на Кларендон) била назначена за нејзина нова гувернантка. По една година, Ана и нејзината маќеа ја посетиле Мери во Холандија.
 
Во март 1679 год., таткото и маќеата на Ана, заминале во [[Брисел]] по примерот на антикатоличката хистерија потикната од Попиш Плот, па така Ана ги посетила на крајот од август. Во октомври тие се вратиле во Британија, војводата и војвотката во Шкотска, а Ана во Англија. Ана била во посета на нејзините родители од јули 1681 до мај 1682 год. Тоа било последното патување на Ана надвор од границите на Англија.
Ред 32:
===Владеењето на Џејмс II и VII===
 
Кога Џарлс II починал во 1685 год., таткото на Ана станал крал на [[Англија]] и [[Ирска]] како крал Џејмс II и во Шкотска како крал Џејмс VII. Џејмс не бил многу добро прифатен од Англичаните кои биле загрижени за неговиот романски католицизам. Ана ја занемарувашела таа загриженост и продолжила да ја посетува англиската служба. Бидејќи нејзината сестра живеела во [[Холандија]], Ана и нејзиното семејство биле единствени членови од кралското семејство кои ја посетувале протестантската религија во Англија. Кога нејзиниот татко сакал да ја крсти неговата најмлада ќерка во католичка вера, Ана се облила целата во солзи. ,,Црквата на Рим е безбожна и опасна” – ѝ напишала таа на нејзината сестра – ,,нивните церемонии, повеќето од нив, планираат крајно идолопоклонство”.
 
Во 1687 год., за неколку години, Ана го пометнала плодот, нејзиниот сопруг прележал сипаници, а нивните две ќерки умреле од истата инфекција. Рејчел Вротесли, Леди Расел напишала дека Џорџ и Ана тешко ја поднеле смртта.. ,,Понекогаш плачеа, понекогаш тагуваа искажувајќи длабоки зборови, потоа седеа во тишина, рака за рака, тој легнат болен во кревет, а таа најгрижливата медицинска сестра што може да постои.” Подоцна истата година, таа родиа уште еден мртов плод.
Јавните критики за католицизмот на Џејмс се зголемиле кога неговата жена Мери од Модена, останала бремена за прв пат во времето на владеењето на Џејмс. Во писмо упатено до нејзината сестра Мери, Ана поттикнала сомнежи дека Кралицата ја лажира својата бременост во обид да претстави лажен наследник. Таа напишала ,,тие се спремни на сè, нема да запазуваат на ништо ако тоа ги поткрепува нивните интереси...тие посакуваат и груба игра.” Во април 1688 год., Ана претрпела уште едно подметнување па го напуштиа [[Лондон]] и замина на опоравување во бања.
 
На 10 јуни 1688 год., кралицата роди син (Џејмс Франсис Едвард) и наследникот бил тука. Ана сèуште била на бања, па таа не присуствувала на пораѓањето, со што ги зголеми верувањата дека бременоста била лажна. Ана можеби намерно не присуствувала или пак само поради тоа што била болна, но исто така можно е и Џејмс да сакал да ги исфрли сите протестанти, вклучувајќи ја неговата ќерка, од државните работи. ,,Јас можеби никогаш нема да бидам задоволна, дали детето е ваше или не. Можеби е моја роднина, но само Бог го знае тоа.. Никој не може да ни помогне покрај стравовите и меланхоличните мисли,но какви било промени да се случат да знаеш дека секогаш ќе бидам верна на својата религија и верно твоја” – Ана ѝ напишала на нејзината сестра Мери.
 
За да ги прекини гласините за сомничавото дете, на состанокот на Личниот Совет, Џејмс имал 40 сведоци, но Ана не можела да присуствува бидејќи била бремена и потоа одбила да ја чита изјавата под заклетва затоа што ,,не било потребно”.
Ред 52:
Наскоро по нивното крунисување, Вилијам и Мери го наградиле Џон Черчил со што го назначиле за гроф на Марлбороу, а принц Џорџ за војвода од Камберленд. Ана побарала дозвола за Палатата на Ричмонд и дозвола за парламент. Најпрво, Вилијам и Мери ја одбиле, но подоцна се спротивставиле, со што се предизвика тензија помеѓу двете сестри. Лутината на Ана се зголемила кога Вилијам го одбил барањето на принц Џорџ да служи во војската и покрај неговата голема способност. Во јануари 1692 год., Вилијам и Мери го отпуштиле Џејмс бидејќи се сомневале дека Малборо тајно се договарал со поддржувачите на Џејмс, Јакубитите. Во јавна поддршка за Малборијаните, Ана ја земаа Сара на еден настан во палатата и го одбиа барањето на нејзината сестра да ја отпушти Сара од нејзиното домаќинство. Леди Малборо веднаш била преместена од кралството домаќинство од страна на Чамберлен, па Ана луто се премести во Сјон Хаус, домот на војводата од Сомерсет. На Ана ѝ била одземена почесната стража, на дворјаните им било забрането да ја посетуваат, а на буржоаските власти им било наредено да ја игнорираат. Во април, Ана родиа син, но за неколку минути починал. Мери ја посети, но наместо да и пружи сочувство, таа ја искористила можноста повторно да ја прекорува за нејзиното пријателство со Сара. Оттогаш сестрите не се виделе повторно.
 
Во 1694 год. кога Мери починала од сипаници, Вилијам продлжил сам да владее. Ана станала неговиот очигледен наследник, бидејќи и да има други деца од подоцнежни бракови ќе им донесат само помали места во кралството, па затоа двајцата јавно се помириле. Тој ѝ ги врати нејзините претходни стражи, ѝ дозволи престој во палатата Св.Џејмс, но ја исклучил од владата и ја контролирал додека тој беше отсутен. Три месеци подоцна, Вилијам го вратил Малборо на должност.
 
Според Џејмс, во 1696 год., Ана му напишала писмо каде му барала дозвола за да го наследи Вилијам и потоа кога ќе има можност да го врати на чело , но тој ја одбил. Ако таа навистина му напишала тогаш се обидувала да го осигура своето наследство со што сакала да се заштити од негова жалба.
 
===Акт на населувањето===
 
Последната бременост на Ана била на 25 јануари 1700 кога таа повторно пометнаа и родила мртво дете. Таа била бремена најмалку седумнаесет пати и пометнаа или родила мртви деца најмалку дванаесет пати. Четири од петте деца кои биле родени живи, умреле на двегодишна возраст. Ана трпела болка во зглобовите, болки во екстремитетите, стомакот и главата, речиси сè до 1698 год. Според нејзините фетални болки и физичките симптоми, еден патолог дијагностицирал проширување на лупус еритематозус. Карличната воспалителна болест може да објасни зошто нападот на нејзините симптоми се случил истовремено со нејзината претпоследна бременост. Други наведени причини за нејзините неуспешни бремености биле листериоза, крвната неповрзаност, дијабетис и материчен пораст на ретардација. Сепак, крвната неповрзаност не била една од причините на неуспешната бременост, па не се вклопува во мотивите на бременостите на Ана, бидејќи нејзиниот единствен син Вилијам, војводата од Глостер, го преживеал раното детство и бил роден по неколку серии на мртви зачетоци. Експертите исто така ги барале причините во суфилис, порфирија и карлична деформација несоодветна за нејзината медицинска историја.
 
Болеста на зглобовите ја направиле Ана саката во нејзиниот подоцнежен живот. Околу кралското двориште ја носеле на носилка или била во инвалидска количка. Околу нејзините имоти таа одела со кочија на еден коњ која ја возела сама ,,лудо како Џеху и како прогонувачот Нимрод”. Нејзиниот седечки животен стил ја здебелил. Како што кажувашела Сара ,,таа претерано беше дебела и крупна. Во нејзиниот поглед имаше нешто величествено, но измешано со некоја мрачност во душата.” Во 1706 год., Сер Џон Клерк, првиот баронет, ја опишала ,,облечена во коски, огромна болка и мачење и во оваа прилика сè што имаше таа на себе беше во таков неред кој изгледаше полошо и од нејзината болка. Нејзиното лице, црвено и со дамки, дава слика на нешто страшно во нејзиниот распашан фустан, а нејзините оболени стапала беа обвиени со топли облози и нечисти завои. Јас многу бев трогнат од оваа глетка...”
 
Единственото преживеано дете на Ана, војводата од Глостер, умре на единаесетгодишна возраст, на 30 јули 1700 год. Ана им наредила на членовите од нејзиното семејство оваа дата, секоја година, да биде ден на жалост поради смртта на нејзиниот син. Со Вилијам без свој наследник и смртта на синот на Ана, Ана била единствената останата наследничка според Повелбата на правата од 1689 год. За да ја објави кризата околу наследството и спречувањето на католичкото воведуање, Парламентот на Англија донел Акт на населувањето во 1701 год.,кој овозможувал, во случај на потомок од брак помеѓу Ана и Вилијам III, кралството на Англија и Ирска да биде во рацете на Софија, избраничката од Хановер, и нејзините протестантски потомци. Софија била внука на Џејмс VI и I, од неговата сестра Елизабет, која била сестра на Чарлс I, дедото на Ана. Дузина генеолошки католички молители биле запоставени. Таткото на Ана починал во септември 1701 год. Неговата вдовица, маќеата на Ана, поранешната кралица, ѝ напишала на Ана дека татко и ѝ простува и да ја потсети на нејзиното ветување за барање на негова рестоврација. Сепак, Ана се помирила со новиот наследник предводен од Актот на населувањето.
 
===Владеењето===
Ред 68:
Ана станала кралица по смртта на Вилијам III на 8 март 1702 год. и веднаш станала популарна. Во еден нејзин говор во англискиот парламент се оддалечила од нејзиниот холандски зет и изјавила: Како што знам моето срце целосно е англиско, јас искрено ве убедувам дека нема нешто што не би можела да го направам за среќата и развојот на [[Англија]].
Набрзо по нејзиното доаѓање на местото кралица, Ана го назначила нејзиниот сопруг за главен адмирал, со што формално го назначила за контролор на Кралската морнарица. Армиската контрола му била доделена на Лорд Марлборо, со што Ана го назначила за главен капетан. Марлборо добил многу почести од кралицата, бил назначен за витез и стигна до војвода. Војвотката од Марлборо била назначена за Жена за подготвување, Госпоѓа на церемонијални одежди и Чувар на државните средства за лична потрошувача на Кралицата.
Ана ја крунисале за Кралица на денот на Св. Џорџ, 23 април 1702 год. Измачувана од нејзините коски, до [[Вестимстерската опатија]] ја носеле на отворена носилка, со спуштена навалувачка за подобра циркулација. На 4 мај, Англија се вмешала во Војната за шпанското наследство, во која Англија, Австрија и Холандија се бореле против Франција и Шпанија. Чарлис II од Шпанија починал во 1700 год., не оставајќи свој наследник, па се водел спор помеѓу двајца побарувачи: Хабсбуршкиот војвода на [[Австрија]], Чарлс и бурбонскиот војвода Филип од Анжу.
 
Актот на Унијата
Ред 80:
Владеењето на Ана било обележано со дво-партиски систем. Во главно, конзервативците ја поддржувале англиската црква и биле на страната на интересите на благородништвото, додека виговците се приклучувале кон интересите на трговците и протестантските опозиционери. Како посветена Англичанка, Ана се стремела кон конзервативците. Нејзиниот прв министер бил конзервативец и назначувал главно конзервативци како Даниел Финч, втор Гроф на Нотингам и нејзниниот чичко Лоренс Хајд, прв Гроф на Рочестер.
Ана ја поддржала Повелбата за привремена согласност од 1702 год., претставена од конзервативците, а спротивна на виговците. Постоечкиот закон им давал канцеларии на дисидентите доколку еднаш годишно посетуваат англиско причестување. Сопругот на Ана бил ставен во не толку добра позиција,кога Ана го натерала да гласа за Повелбата, иако бил лутеран, тој привремено бил конформист.
Виговците успешно ја блокирале Повелбата за време на парламентарна седница. Ана повторно ја воведила традиционалната црковна пракса со што го допрела злото на кралот одбегнато од Вилијам како суеверен римокатолик. По Големата бура од 1703 год., Ана најавила општ пост за да се моли на Бога ,,да им ги прости сите гревови на оваа нација кои доведоа до ова осудување“. Повелбата за привремена согласност била вратена преку трагањето на бурата , но Ана не сакала да ја поддржи, плашејќи се дека нејзиното повторно воведување ќе предизвика политичка расправија. Уште еднаш не успеала.
 
Виговците ја поддржале Војната за шпанското наследство и станале уште повлијателни откако Војводата од Марлборо доби голема победа на Битката на Бленхем во 1704 год. Многу од главните конзервативци кои се спротивставувале на британското вмешување во војната против Франција, биле отстранети од функциите. Годолфин, Марлоборо и Харли, кои го замениле Нотингам со Министерство во Нотингам, основале владејачки триумвират. Тие биле присилени да се ослонат на сè повеќе виговци, а особено лордовите Сомерс, Халифакс, Орфорд, Вартон и Сандерленд, кои Ана не ги сакала. Сара постојано ја советувала Кралицата да назначи повеќе виговци и да ги намали конзервативците, за кои таа ги сметала за подобри од Јакубите, па со ова Кралицата станала незадоволна од советите на Сара.
Во 1706 год., Годолфин и Марлборо ја присилувале Ана да го прифати Лорд Сандерленд, виговец и зет на Марлборо, како колега на Харли во Министерството во јужниот оддел. Иако ова ја зајакнало позицијата на министерството во Парламентот, ја ослабела позицијата на министерството кај Кралицата, бидејќи Ана почнала да ја нервира Годолфин и нејзината поранешна миленичка, Војвотката од Марлборо, која што го поддржувала Сандерленд. Поради тоа Кралицата почнала да се советува со Харли, кој бил против Марлборо и Годолфин. Таа исто така се спријателиа со Абигаил Хил, една од жените на кои им било дозволен пристап во нејзината спална соба, која станала покорлива на Ана откако нејзината врска со Сара се разниша. Абигаил се поврзала и со Харли и до Војвотката, но политички гледано, повеќе била на страната на Харли.
 
На 8 февруари 1708 год., дошло до поделба во министерството, кога Годолфин и Марлборо инсистирале Кралицата или да го отпушти Харли или тие нема да работат повеќе за неа. Поради тоа што Кралицата се двоумела, Годолфин и Марлборо одбиле да присуствуваат на состанокот. Харли се обидувал да го води бизнисот без неговите бивши колеги, но неколку од оние кои уште биле присутни, вклучувајќи го Војводата од Сомерсет, одбиле да работат се додека тие не се вратат. Таа била присилена, па затоа го отпуштила Харли.
Ред 95:
Ана беше трогната од смртта на нејзиниот сопруг во октомври 1708 год., па овој настан предизвика пресврт во нејзината врска со Војвотката од Марлборо. Војвотката пристигна во палатата Кенсингтон набрзо откако почина Џорџ, а по неговата смрт инсистираше Ана да го напушти Кенсингтон против нејзина желба. Ана беше навредена од овие инструкции на Војвотката, кои вклучуваа и вадење на портретот на Џорџ од спалната соба на Кралицата и потоа одби да го врати со оправдување дека било природно да ,,се избегнуваат документи или било што прупаѓало на оние кои ги сакаме, кога тие само што починале”.
 
Виговците ја искористиле смртта на Џорџ во нивна корист. Министерот на воената морнарица не бил познат помеѓу лидерите на виговата партија, кои го обвинувале Принц Џорџ и неговиот заменик Џорџ Черчил (брат на Марлборо) за лошо управување на воената морнарица. Со доминантноста на виговците во Парламентот, и со зашеметеноста на Ана поради загубата, ја натерале да ги прифати Лорд Сомер и Лорд Вартон во нејзиниот кабинет. Сепак, Ана инсистирала таа самата да ги извршува тие должности, без да назначува други личности кои би го замениле местото на Џорџ во воената морнарица. На 29 ноември 1708 год., Ана го назначила Томас Херберт за осми Гроф на Пемброук. Притисокот растел во Пемброук, Годолфин и кај Кралицата поради незадоволството изразено од страна на виговците, па Пемброук се откажал по помалку од една година. Следувало уште еден месец на недоразбирања се додека Кралицата не се помирила да го постави Грофот од Орфорд за главен во ноември 1709 год.
 
Сара продолжила да се кара со Ана за нејзиното пријателство со Абигаил и во октомври 1709 год. Ана му напишала на Војводата од Марлбороу, неговата жена ,,да престане со подбуцнувања и тормозења и да се однесува пристојно кон неа и кон нејзината пријателка”. На 6 април 1710 год., Ана и Сара се виделе за последен пат. Според Сара, Кралицата се однесувала воздржано и формално, постојано повторувајќи ги истите фрази - ,,Сè што сакате да кажете , можете да го напишете и вие самите кажавте дека не сакате да Ви одговорам, па затоа не ви давам ниеден одговор.”
Ред 101:
===Војна за шпанското наследство===
 
Како што непопуларно се развивала војната за шпанското наследство, такво било и управувањето од страна на виговците. Обвинувањето на Хенри Сачеверел, англиски свештеник од конзервативците кој проповедал против виговците, предизвика уште поголемо незадоволство кај јавноста. Ана мислела дека Сачеверел треба да се казни затоа што се распрашувал за ,,Славната револуција”, но неговата казна требало да биде лесна за да не предизвика јавна вознемиреност. Сачевереч бил осуден, но неговата казна, суспендирање од пробоведништвото три години, била сфатена како потсмев. Во [[Лондон]], се појавиле немири со цел да го поддржат Сачеверел, но единствени чети кои имале можност да го совладат безредието биле четите на Кралицата, па министерството ги земал во нивна одбрана и со тоа ја оставил Кралицата без заштита. Ана изјавила дека Бог ќе ја чува и нареди да се премести четата во Сандерленд.
 
Кралицата, конечно го отпуштила Сандерленд во јуни 1710 год. После него, во август следувал Годолфин. Виговците биле отстранети од кабинетот, иако Малрборо останал малку подолго командир на војската. На нивно место, таа назначила ново министерство, на чело со Харли, кој почнал да преговара за помирување со Франција. За разлика од виговците, Харли и неговото министерство биле спремни да преговараат за да ја дадат [[Шпанија]] на бурбонскиот побарувач, Филип од Анжу, а за возврат да бидат ослободени од трговските права. На парламентарните избори Харли го обезбедил место на конзервативците. Во јануари 1711 год., Ана ја присилила Сара да се повлече од функцијата чувар на државните средства за лична потрошувачка на Кралицата и на нејзино место ја поставила Абигаил. Во месец март, Харли бил прободен со нож од францускиот судија Маркис де Гискард, па Ана мислела дека тој може да подлегне на повредата. Тој полека заздравувал. Природната смрт на Годолфин во септември 1712 год., ја растажила Ана па таа ги обвинувала Марлбореанците.
 
Војната се решила со надворешни настани. Постариот брат на надвојводата Чарлс, Император Џозеф I, починал во 1711 год., и Чарлс го наследил во [[Австрија]], [[Унгарија]] и СветатаСветото РимскаРимско ИмперијаЦарство. Шпанскиот престол не бил повеќе во интерес на Британија, но сега се залагал за мирот од Утерихт предложен од парламентот за ратификација, кој не поминал толку добро колку што би сакале виговците. Во Долниот Дом, мнозинството на конзервативците било несоборливо, но истата ситуација не можела да се види и во Горниот Дом. Виговците се осигурале со поддршката од Грофот од Нотингам кој бил против договорот за повелбата за привремена согласност. Ана назначила дванаесет нови благородници. Сопругот на Абигаил, Самуел Машам, го назначила за барон. Таков состав на благородници до тогаш се немало видено. На истиот ден, Марлборо бил отпуштен од армијата. Мировниот договор бил ратификуван и вмешаноста на британската војска во Војната за шпанското наследство завршила.
 
Со потпишувањето на Договорот од Утерихт, Кралот Луи XIV од [[Франција]] го признал хановерското наследство во Британија. Како и да е, озборувањата дека Ана и нејзината пријателка дадоа предност на наследството од нејзиниот полу-брат повеќе отколу на хановерското наследство продолжиле и покрај порекувањата од страна на Ана. Гласините биле поттикнати од нејзините постојани одбивања при посети или преселувања во [[Англија]] на кој било хановерианец и од недоразбирањата помеѓу Харли и министерството предводено од конзервативците, кои биле одделени и тајните разговори со нејзиниот полу-брат за можното стјуардско реставрирање во 1714 год.
Ред 118:
 
Војвотката од Марлборо претерано ја омаловажувала Ана во нејзините мемоари и нејзините тенденциозни сеќавања ги наведувале биографите дека Ана била слаба, колеблива жена опседната со расправиите во спалната соба и одлуките за политиката основана на личните особини. Војвотката напишала:
Со сигурност таа имала добри мисли и не била будала, но никој не може да каже дека таа била итра или пак забавна во разговорите. Таа не беше упатена во сè, освен во она што ја учеле нејзините свештеници уште кога била дете...Да бидеш неук, да се плашиш, со ептен мало осудување, лесно е да се каже дека имала добри мисли, со тоа што била опколена со толку многу лукави луѓе, кои на крајот имаа само непочит кон неа.
 
Од мислите на историчарот Морин Валер за традиционалните испитувања за дебелината на Ана, нејзините постојани бремености, под влијание на нејзините фаворити и недостатокот на политичка снаодливост или интерес, можело да произлезат предрасуди против жените. Авторот Дејвид Грин забележал: ,,Нејзината влада не и била под здолниште, како што се претпоставувало. Таа имала видна моќ, иако од време на време се предавала. ” Професорот Едвард Грег заклучил дека Ана често се потпирала на нејзината волја, иако, владеењето на една жена во години, со машка доминантност и преокупирана со нејзиното здравје, било обележано со зголемување на влијанието на министерите и намалување на влијанието на Кралицата. Таа најмногу присуствувала на состаноците на кабинетот од кои било претходници или наследници, и претседавала во време на уметнички, литературен, економски и политички напредок кој само со нејзиното владеење беше можно да се постигне. Во архитектурата, [[Џон Ванбру]] ја изградил Бленхеин Палатата и замокот Ховарт. Писателите како што се Даниел Дефо, Александар Поуп и Џонатан Свифт напредуваале. Унијата од [[Англија]] и [[Шкотска]], создадена од Ана ја основале најголемата слободна европска трговска зона. Валер заклучил дека политичките и дипломатските постигнувања во владата на Ана, и отсуството на расправии помеѓу монархијата и парламентот за време на нејзиното владеење, покажувале дека таа многу мудро ги избрала своите министри и закони.
 
===Титули, почести и мотиви на грб===
Ред 139:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Британски кралици]]